wedding-1836315_960_720

Јавен повик за доделување на финансиска поддршка за регистрирани и категоризирани ресторани за свадби

Институција која огласува: 

Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување:
30.05.2021

Врз основа на Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година и 6 сет економски КОВИД-19 антикризни мерки во 2021 , а Согласно Програма П – Мерки за справување со КОВИД-19 кризата, потпрограма П1 – Мерки за справување со КОВИД 19 кризата,  Влада на Република Северна Македонија – Генерален Секретаријат објавува:

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА РЕГИСТРИРАНИ И КАТЕГОРИЗИРАНИ РЕСТОРАНИ ЗА СВАДБИ

Владата на Република Северна Македонија објавува повик за финансиска поддршка регистрирани и категоризирани ресторани за свадби во рамки на шестиот пакет економски мерки за закрепнување на македонската економија за излез од КОВИД-19 економската криза.

Повикот има цел да обезбеди финансиска поддршка за регистрирани и категоризирани ресторани за свадби кои беа затворени со одлука на Владата за целосна забрана за посетители – гости.

1.    Предмет на поддршка: Финансиска поддршка на регистрирани и категоризирани ресторани за свадби кои беа затворени со Одлука на Владата.

2.    Право на учество имаат сите регистрирани и категоризирани ресторани за свадби.

3.    Износ на поддршка 

Основа за пресметка на поддршката се земаат просечните месечни приходи остварени во 2019 година. Висината на поддршката се пресметува како износ од 30% од просечниот месечен приход. За субјектите кои ќе поднесат пријава на овој повик, а кои се регистрирани во текот на 2019 година основ за пресметка се просечните месечни приходи од денот на основање до крај на 2019 година. Дополнително, секој регистриран активен субјект ќе добие финансиска поддршка во износ од 15.200 денари по вработен, според бројот на ефективни работни часови, со пресек на 31.12.2020.

4.    Посебни услови за користење на финансиската помош

Секој правен субјект кој ќе аплицира и на кој ќе му бидат исплатени средства од овој повик, доколку на 31.12.2021 има намален број на вработени споредено со 31.12.2020 тогаш има обврска да врати 50% од примената финансиска поддршка во Буџетот на РСМ.

Секој правен субјект кој ќе аплицира и добие средства од овој повик, доколку на 31.12.2021 го задржал истиот број на вработени како на 31.12.2020 има обврска да врати 20% од вкупниот износ на финансиска поддршка во Буџетот на РСМ.

Секој правен субјект кој ќе аплицира и ќе му бидат исплатени средства од овој повик, ако на 31.12.2021 има зголемен број на вработени споредено со 31.12.2020 нема обврски за враќање средства во Буџетот на РСМ.

5.    Образец за аплицирање 

Субјектите до Владата на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат доставуваат ПРИЈАВА на образец кој е составен дел на овој повик.

6.    Оценување на пристигнатите пријави:

Комисија формирана од Генерален Секретаријат и Министерството за Економија ќе ги разгледува поднесените барања и ќе изготви извештај од евалуација, и пресметка за исплата на усвојување до Владата на Република Северна Македонија. Барањата кои нема да ги содржат потребните податоци согласно овој јавен повик, ќе се сметаат за некомплетни и нема да се разгледуваат.

7.    Начин и рок за аплицирање 

Пријавата се доставува во еден оригинален примерок заверен и потпишан од страна на одговорното лице на субјектот, како и изјава со која подносителот на пријавата прифаќа целосна морална, материјална и кривична одговорност за точноста на податоците наведени во пријавата.

Во прилог на пријавата треба да се достави:

  • Решение за категоризација (документ издаден од Министерство за економија),
  • Копија од тековна состојба од уписот  во регистарот на други правни лица за регистрација на правното лице не постара од шест месеци; (може да се аплицира електронски или директно во Централен регистар);
  • Копија од завршната сметка (биланс  на состојба и биланс на успех) за 2020 година и копија од завршна сметка (биланс на состојба и биланс на успех) за 2019 година;
  • Потврда од Управата за јавни приходи за платени јавни давачки за 2020 година согласно закон (може да се преземе електронски или директно во Управата за јавни приходи);
  • Листинг на вработени – преглед на пријави/одјави во задолжително социјално осигурување за деловен субјект (барањето може да се преземе во Агенцијата за вработување или електронски преку порталот на АВРСМ);

Пријавата се доставува во затворен плик преку пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат, бул. „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје или преку предавање во архивата на Владата секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

На предната страна на пликот во горниот лев агол да пишува „НЕ ОТВОРАЈ”, а под тоа „ ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА РЕГИСТРИРАНИ И КАТЕГОРИЗИРАНИ РЕСТОРАНИ ЗА СВАДБИ.”

Барањата кои нема да ги содржат бараните податоци на овој јавен повик или доколку не пристигнат во рамките на рокот за поднесување, ќе се сметаат за некомплетни и/ненавремени и нема да се разгледуваат.

Рокот за поднесување на пријавите е најдоцна до 30 мај 2021 година. 

Пропратни документи:
sliki- merki-11.05.2021

ПРЕДЛОЖЕНИ СЕ НОВИ МЕРКИ ЗА КОИ ВЛАДАТА ЌЕ ОДЛУЧУВА УТРЕ, А КОИ ТРЕБА ДА СЕ ПРИМЕНУВААТ ОД 12 МАЈ 2021 ГОДИНА

Главниот координативен кризен штаб го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести и врз основа на епидемиолошките текови и состојби во државата, намалување на бројот на хоспитализирани лица и бројот на заразени лица, за утрешната седница (11.05.2021) на Владата се препорачуваат нови мерки за усвојување.

Почнувајќи од 12 мај 2021 година:

забраната и посебниот режим на движење на населението и возилата од јавен превоз да почнува од 24:00 часот до 05:00 часот,

– дозволено време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) е до 23:30 часот,

– сите настани и ивенти може да се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30% од капацитетот на затворениот простор,

– наменскиот протокол за згрижени деца во детските градинки да се измени, односно се дозволува зголемување на бројот на деца од 15 на 20 во една група,

– вежбалните, фитнес центрите и теретаните може да отпочнат со вршење на својата дејност во објектите.
Овие мерки се предлага да важат до 18 мај 2021 година.

Исто така, предложено е да се дозволи да се дозволи користење на годишните одмори за здравствените работници.

ЛИНК ОД ИЗВЕСТУВАЊЕТО https://vlada.mk/node/25162

birds-nest-2121590_960_720

НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ-30 април, Велики Петок и 3 мај, Велигден, вториот ден на Велигден

Согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 30 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија, Додека 03 мај (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

images

Поставена е новата верзија на клиентскиот софтвер МПИН (21.04.2021)

Поставена е новата верзија на клиентскиот софтвер МПИН прилагоден за изготвување пресметка на платите за месец февруари и март 2021 доколку користите финансиска поддршка за исплата на плати.

 

Новата верзија на клиентскиот софтвер МПИН може да ја преземете тука

images

ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА “ДБ”, “ДБ-ВП”, “ДБ-НП/ВП”, “ДЛД-ДБ” И “Б” ОБРАЗЕЦ ДО 25 МАРТ 2021 ГОДИНА

Известување од Управата за јавни приходи за продолжување на рокот на даночните биласни за 2020 година:

“Се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека се продолжува рокот за поднесување на обрасците Даночен биланс за оданочување на добивка (образец “ДБ”), Даночен биланс на вкупен приход (образец “ДБ-ВП”), Даночен биланс на непрофитни организации (образец “ДБ-НП/ВП”), Годишeн даночен биланс за утврдување на данокот на доход од вршење на самостојна дејност (образец “ДЛД-ДБ”) и Биланс на приходи и расходи (образец “Б”) за 2020 година.

Согласно препораките на Владата на Република Северна Македонија за преземање мерки и активности за превенција од ширење на COVID-19 (корона вирус), како и барањата на сметководителите за пролонгирање на рокот за поднесување на пријавите и одлуката на Централниот регистар за продолжување на рокот за поднесување годишна сметка, Управата за јавни приходи информира дека рокот за поднесување на обрасците “ДБ”, “ДБ-ВП”, “ДБ-НП/ВП”, “ДЛД-ДБ” и “Б, се продолжува заклучно со 25 март 2021 година (четврток).

Овој рок се однесува и на другите обрасците за кои што рокот за поднесување е заклучно со рокот за поднесување на годишна сметка односно даночниот биланс.

Воедно се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека рокот за поднесување на исправки на образецот ДДВ-04 за даночните периоди од 2020 се продолжува до 25 март 2021 година.

Корисни информации:

time-2980690_960_720

Централен регистар ќе го продолжи рокот за поднесување годишна сметка

Централен регистар денес, 12.03.2021 година соопшти дека ќе го продолжи рокот за поднесување годишна сметка:

“Почитувани,

Согласно барањата пристигнати до Централниот регистар, со кои се бара одложување на рокот за доставување на годишна сметка Ве известуваме дека Централниот регистар одлучи да излезе во пресрет на обврзниците за поднесување на годишна сметка и на сметководителите и да го продолжи рокот за електронско поднесување заклучно со 25.03.2021 година до 24 часот. Ваквата одлука за пролонгирање на рокот се носи согласно ситуацијата и мерките од Владата за заштита и превенција од вирусот covid-19, како и поради тоа што голем број од сметководителите се заболени од вирусот и не се во можност да ги запазат законските рокови. Одлуката за пролонгирање на рокот е во согласност со член 477 од Законот за Трговски друштва.
Иако заклучно со вчерашниот ден 11.03.2021 година над 90% од обврзниците веќе ја поднеле годишната сметка, сепак Централен регистар како сервисно ориентирана институција,  секогаш е спремна да одговори на барањата на своите корисници, во рамките на законските можности.

Доколку Ви е потребна помош, информации поврзани со поднесувањето на годишната сметка може да добиете овде.

Со Почит,
Централен регистар на Република Северна Македонија”

138893526_236051081366342_3712447915391605747_n

ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД РАЗВОЈНА БАНКА ЗА КОРИСНИЦИТЕ НА БЕСКАМАТНИОТ КРЕДИТ ОД ПФК “КОВИД 1”

Развојна банка на Северна Македонија ги известува корисниците на бескаматен кредит од Посебниот кредитен фонд (ПКФ), ,,Ковид 1″ дека инструкциите за плаќање се достапни на веб страницата на банката на следниот линк: https://www.mbdp.com.mk/…/instrukcii-za-plakanje-kovid1…
Banka për zhvillim e Maqedonisë së Veriut i informon shfrytëzuesit e kredisë pa interes nga Fondi special i kredisë (FSK), “Kovid 1” që udhëzimet e pagesës janë në faqen e internetit të bankës në linkun vijues: https://www.mbdp.com.mk/…/instrukcii-za-plakanje-kovid1…
photo-1468779036391-52341f60b55d

ОНЛАЈН СОВЕТУВАЊЕ – МОДУЛ 1/2021

Почитувани,

ПРОФЕСИОНАЛ АКАУНТ Ве поканува на
еднодневно онлајн советување (МОДУЛ 
1-2021)

на тема:

ИЗГОТВУВАЊЕ НА ГОДИШНАТА СМЕТКА И ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ ЗА 2020 ГОДИНА

 

Советувањето ќе се одржи преку платформата ZOOM, од 10 до 16 часот на:

– 29 јануари (петок) 2021 година 

– 30 јануари (сабота) 2021 година

Надоместокот за советувањето изнесува 2.360 денари (со вклучен ДДВ од 18%).

Обуката носи 8 КПУ часови за 2021 година.

На 8 февруари (понеделник) 2021 година ќе се одржи БЕСПЛАТНО СОВЕТУВАЊЕ ЗА ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ ВО ВРСКА СО ИЗГОТВУВАЊЕТО НА ГОДИШНАТА СМЕТКА И ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ ЗА 2020 ГОДИНА ЗА СИТЕ УЧЕСНИЦИ КОИ ЌЕ СЕ ПРИЈАВАТ НА 29 ИЛИ 30 ЈАНУАРИ 2021 ГОДИНА).

Сите присутни на советувањето ќе добијат ПРИРАЧНИК ЗА ИЗГОТВУВАЊЕ НА ГОДИШНАТА СМЕТКА И ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ ЗА 2020 ГОДИНА.

ВИДИ ПРОГРАМА

Ве молиме најдоцна 5 дена пред почетокот на обуките, да ја пополните апликацијата и да извршите уплата на:

НЛБ Банка АД Скопје
Трансакциска с-ка: 210-0642103202-82
Цел на дознака: КПУ Модул 1-2021

Сите дополнителни информации може да ги добиете на следните телефонски броеви:

 +389 2 3213 663

+389 2 3126 066

+389 70 20 55 73

+389 76 20 55 7

Slika-finance

ОБРАЗЕЦОТ ДЛД-ОМА/1 ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ПЛАЌАЊЕ НА МЕСЕЧНИТЕ АКОНТАЦИИ НА ДЛД Е ПОСТАВЕН ВО Е-ПДД И РОКОТ ЗА НЕГОВО ПОДНЕСУВАЊЕ Е ПРОДОЛЖЕН ЗАКЛУЧНО СО 14 ДЕКЕМВРИ 2020 ГОДИНА

Известување од Управата за јавни приходи:

ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ПЛАЌАЊЕ НА МЕСЕЧНИТЕ АКОНТАЦИИ НА ДЛД ОСТВАРЕН ОД ВРШЕЊЕ НА САМОСТОЈНА ДЕЈНОСТ

Пристапот до Барањето за потполнување и поднесување можете да го пронајдете во главното мени во Доход од вршење самостојна дејност/ДЛД-ОМА/1*

Управата за јавни приходи ги известува даночните обврзници кои остваруваат доход од вршење на самостојна дејност, дека на системот ,,е- Персонален данок,, е поставено Барањето за ослободување од плаќање на месечните аконтации на данокот на личен доход.

Користењето на правото се однесува на даночните обврзници кои остваруваат доход од самостојна дејнoст, а кои имаат претрпено штети во своето работење поради спроведување на мерките за спречување на внесување и ширење на COVID-19 на Владата на Република Северна Македонија доколку ги исполнуваат следните услови

  • даночниот обврзник – работодавач да не го намали бројот на вработени за времетраење на користењето на ослободувањето од плаќање на месечните аконтации на данокот на личен доход остварен од вршење на самостојна дејност во однос на бројот на вработени заклучно со 30 ноември 2020 година, освен во случаите на смрт, пензионирање или отказ од страна на вработените;
  • вкупните приходи од редовното работење на даночниот обврзник да се намалени за најмалку 30% во периодот април – септември 2020 година во однос на приходите од редовно работење во периодот април – септември 2019 година, и/или даночниот обврзник да затворил најмалку 50% од продажните места преку кои го остварува прометот (подружници, продажни објекти).

За остварување на правото, даночните обврзници поднесуваат Барање за ослободување од плаќање на месечните аконтации на данокот на личен доход остварен од вршење на самостојна дејност(образецот ДЛД-ОМА/1) до Управата за јавни приходи, најдоцна до 5-ти наредниот месец за месецот за кој што обврзникот бара ослободување од плаќање на месечните аконтации на данокот на личен доход остварен од вршење на самостојна дејност за месеците ноември и декември 2020 година, како и за јануари и февруари 2021 година.

Поднесувањето на барањето се врши преку системот е-Персонален данок https://e-pdd.ujp.gov.mk, а комплетното барање го потврдува Управата за јавни приходи, во рок од 10 дена од денот на доставувањето на барањето. Поднесувањето на барањето за месец ноември ќе биде дозволено заклучно со 14.12.2020 година.

Линк од известувањето: http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/830 .

tax

ПОСТАВЕН Е ОБРАЗЕЦОТ ДД-ОМА/1 ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ПЛАЌАЊЕ НА АКОНТАЦИИ ЗА ДАНОК НА ДОБИВКА И ПРОЛОНГИРАН Е РОКОТ ЗА НЕГОВО ПОДНЕСУВАЊЕ ДО 14 ДЕКЕМВРИ

Управата за јавни приходи известува дека на Е-ДАНОЦИ е поставен образецот ДД-ОМА/1. Согласно измените во Законот за данок на добивка објавен во Службен Весник на РСМ, бр. 290 од 07.12.2020 година обврзниците на данокот на добивка кои имаат претрпено штети во своето работење поради ширење на корона-вирусот COVID-19, имаат право на ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на добивка за месеците ноември и декември 2020 година, како и за јануари и февруари 2021 година.

Користењето на ова право се однесува на даночните обврзници кои ги исполнуваат следниве услови:

  • даночниот обврзник-работодавач да не го намали бројот на вработени за времетраење на користењето на ослободувањето од плаќање на аконтациите во однос на бројот на вработени заклучно со 30 ноември 2020 година, освен во случаите на смрт, пензионирање или отказ од страна на вработените,
  • вкупните приходи од редовното работење на даночниот обврзник да се намалени за најмалку 30% во периодот април – септември 2020 година во однос на приходите од редовно работење во периодот април – септември 2019 година или – даночниот обврзник да затворил најмалку 50% од продажните места преку кои го остварува прометот (подружници, продажни објекти).

За остварување на ова право даночните обврзници поднесуваат барање за ослободување од плаќање на месечните аконтации на данокот на добивка образец ДД-ОМА/1 до Управата за јавни приходи најдоцна до петти наредниот месец за месецот за којшто обврзникот бара ослободување од плаќање на аконтации на данокот на добивка за временскиот период за кој побаруваат ослободување. Со цел да овозможи даночните обврзници да поднесат барања за ослободување од плаќање на месечни аконтации и за месец ноември 2020 година, рокот за поднесување на образецот ДД-ОМА/1 се продолжува до 14 декември 2020.
Поднесувањето на барањето образец ДД-ОМА/1 се врши преку системот „е-Даноци“ на Управата за јавни приходи, а Управата за јавни приходи ја потврдува комплетноста во рок од десет дена од денот на доставување на барањето.

Даночниот обврзник кој го искористил правото на ослободување од плаќање на аконтации за данок на добивка а не ги исполнил условите за тоа согласно Законот за данок на добивка, има обврска да ги плати месечните аконтации на данокот на добивка што не ги платил, и камата согласно со Законот за даночна постапка.

Линк до соопштението http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/829.