ЗА НАС

Друштвото за економско правен консалтинг „ПРОФЕСИОНАЛ АКАУНТ“ ДООЕЛ Скопје има долгогодишно искуство во обезбедувањето даночни, сметководствени, консалтинг и финансиски услуги на мали, средни, големи субјекти, буџетски корисници, единиците на локална самоуправа, јавни претпријатија, непрофитни организации и на физички лица.

Компанијата секогаш има навремени и релевантни информации што ќе Ви овозможат да постапувате решително, со пресметан ризик и да донесувате добри и мудри одлуки за Вашиот бизнис. Обезбедува услуги и гарантира врвен квалитет на услугите со почитување на правилата што се дефинирани со позитивните законски прописи.

Услугите секогаш се дизајнираат според конкретните потреби на клиентот и опфаќаат различни пакети.

Големото познавање на даночната регулатива, значителното искуство и практичните знаења за правилно толкување и примена на законските прописи од областа на финансиите и правото се предуслов за ефикасен даночен консалтинг. Нашиот тим е составен од десет професионални и искусни сметководители и консултанти.

Нашите консултанти и сметководители, следејќи ги измените во законската регулатива, меѓународните сметководствени стандарди (МСС) и меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ)  што се применуваат во РСМ, се насочени да ги упатат клиентите кон нивна правилна примена, навремено да ги запознаваат со најновите измени, да вршат контрола и да укажат на законската усогласеност на целокупните финансиски процеси.

Со професионалниот пристап во работењето и со практичните решенија што ги нудиме преку нашите консултанти, но и во соработка со адвокати, проценители и други експерти во своите области, на своите клиенти им обезбедуваме високо квалитетни и брзи услуги,особено при: посредување за обезбедување финансирање на клиентите преку кредити, изработка на кредитна апликација, бизнис-план, апликации за фондови, обуки на компании и јавни институции за финансиски менаџмент и сметководство и обуки за континуирано професионално усовршување ( КПУ ).

„ПРОФЕСИОНАЛ АКАУНТ“ е вашиот бизнис-партнер што ви обезбедува целосна поддршка во текот на деловното работење, преку професионална услуга, дискреција и доверба.

 

НАШИОТ ТИМ

Ксенија Чаминска

Консултант

Мимоза Богатинова-Кузмановски

Консултант

Александар Чамински

Консултант

Гордана Стојановиќ-Пунтевска

Сметководител

Кристина Стојановска

Сметководител

Виолета Групчева

Сметководител