restaurant-690569_960_720

Јавен повик за доделување на финансиска поддршка за лиценцирани вршители на угостителска дејност кабаре, ноќен бар, дискоклуб и дискоклуб на отворен простор

Институција која огласува:
Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување:
25.05.2021

Врз основа на Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година и 6 сет економски КОВИД-19 антикризни мерки во 2021 , а Согласно Програма П – Мерки за справување со КОВИД-19 кризата, потпрограма П1 – Мерки за справување со КОВИД-19 кризата,  Влада на Република Северна Македонија – Генерален Секретаријат објавува:

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ЛИЦЕНЦИРАНИ ВРШИТЕЛИ НА УГОСТИТЕЛСКА ДЕЈНОСТ КАБАРЕ, НОЌЕН БАР, ДИСКОКЛУБ И ДИСКОКЛУБ НА ОТВОРЕН ПРОСТОР

Владата на Република Северна Македонија објавува повик за финансиска поддршка за лиценцирани вршители на угостителска дејност кабаре, ноќен бар, дискоклуб и дискоклуб на отворено во рамки на шестиот пакет економски мерки за закрепнување на македонската економија и за излез од КОВИД-19 економската криза.
Повикот има цел да обезбеди финансиска поддршка за лиценцирани вршители на угостителска дејност кабаре, ноќен бар, дискоклуб и дискоклуб на отворен простор кои беа затворени со одлука на Владата за целосна забрана за посетители – гости.

  1. Предмет на поддршка: Финансиска поддршка на Угостители кои беа затворени со Одлука на Владата.
  2. Право на учество имаат сите лиценцирани вршители на угостителска дејност кабаре, ноќен бар, дискоклуб и дискоклуб на отворен простор кои заклучно со 13.03.2020 има важечка Лиценца за работа.
  3. Износ на поддршка
    Основа за пресметка на поддршката се земаат просечните месечни приходи остварени во 2019 година. Висината на поддршката се пресметува како износ од 30% од просечниот месечен приход. За субјектите кои ќе поднесат пријава на овој повик, а кои се регистрирани во текот на 2019 година основ за пресметка се просечните месечни приходи од денот на основање до крај на 2019 година. Дополнително, секој регистриран активен субјект ќе добие финансиска поддршка во износ од 15.200 денари по вработен, според бројот на ефективни работни часови, со пресек на 31.12.2020.
  4. Посебни услови за користење на финансиската помош
    Секој правен субјект кој ќе аплицира и на кој ќе му бидат исплатени средства од овој повик, доколку на 31.12.2021 има намален број на вработени споредено со 31.12.2020 тогаш има обврска да врати 50% од примената финансиска поддршка во Буџетот на Република Северна Македонија.Секој правен субјект кој ќе аплицира и добие средства од овој повик, доколку на 31.12.2021 го задржал истиот број на вработени како на 31.12.2020 има обврска да врати 20% од вкупниот износ на финансиска поддршка во Буџетот на Република Северна Македонија.Секој правен субјект кој ќе аплицира и ќе му бидат исплатени средства од овој повик, ако на 31.12.2021 има зголемен број на вработени споредено со 31.12.2020 нема обврски за враќање средства во Буџетот на Република Северна Македонија.
  5. Образец за аплицирање
    Субјектите до Владата на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат доставуваат ПРИЈАВА на образец кој е составен дел на овој повик.
  6. Оценување на пристигнатите пријави:
    Комисија формирана од Генерален Секретаријат и Министерството за Економија ќе ги разгледува поднесените барања и ќе изготви извештај од евалуација, и пресметка за исплата на усвојување до Владата на Република Северна Македонија. Барањата кои нема да ги содржат потребните податоци согласно овој јавен повик, ќе се сметаат за некомплетни и нема да се разгледуваат.
  7. Начин и рок за аплицирање 
    Пријавата се доставува во еден оригинален примерок заверен и потпишан од страна на одговорното лице на субјектот, како и изјава со која подносителот на пријавата прифаќа целосна морална, материјална и кривична одговорност за точноста на податоците наведени во пријавата.Во прилог на пријавата треба да се достави

    • Копија од Лиценцата за вршење угостителска дејност (Документ издаден од Министерство за економија);
    • Копија  од  тековна  состојба  од  уписот  во регистарот   на   други   правни   лица   за регистрација на правното лице не  постара  од шест месеци;  (може да се аплицира електронски или директно во Централен регистар);
    • Копија  од  завршната  сметка  (биланс  на состојба   и   биланс   на   успех)   за   2020 година и копија од завршна сметка (биланс на состојба и биланс на успех) за 2019 година.
    • Потврда од Управата за јавни приходи за платени јавни давачки за 2020 година согласно закон (може да се преземе електронски или директно во Управата за јавни приходи);
    • Листинг на вработени – преглед на пријави/одјави во задолжително социјално осигурување за деловен субјект (барањето може да се преземе во Агенцијата за вработување или електронски преку порталот на АВРСМ);

Пријавата се доставува во затворен плик преку пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат, бул. „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје или преку предавање во архивата на Владата секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

На предната страна на пликот во горниот лев агол да пишува „НЕ ОТВОРАЈ”, а под тоа „ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ЛИЦЕНЦИРАНИ ВРШИТЕЛИ НА УГОСТИТЕЛСКА ДЕЈНОСТ КАБАРЕ, НОЌЕН БАР, ДИСКОКЛУБ И ДИСКОКЛУБ НА ОТВОРЕН ПРОСТОР.”

Барањата кои нема да ги содржат бараните податоци на овој јавен повик или доколку не пристигнат во рамките на рокот за поднесување, ќе се сметаат за некомплетни и/ненавремени и нема да се разгледуваат.

Рокот за поднесување на пријавите е најдоцна до 25 мај 2021 година.

Пропратни документи:
Линк од повикот https://vlada.mk/node/25200