discount-1010906_960_720

ПРОЦЕНТ НА ПОРАСТ НА ЦЕНИТЕ НА МАЛО ЗА ФЕВРУАРИ 2024 (МДБ)

Процентот на кумулативниот пораст на цените на мало за зголемување на аконтацијата на данокот на добивка за месец ФЕВРУАРИ 2024 година е ПОЗИТИВЕН и изнесува 0,8%, што значи дека даночната основа за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец ФЕВРУАРИ 2024 година изнесува една дванаестина од утврдениот данок во даночниот биланс за 2023 (АОП 56 од ДБ за 2023 ПОДЕЛЕНО СО 12) зголемена за 0,8%.

Рoкот за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец ФЕВРУАРИ 2024 година е најдоцна до 15 МАРТ 2024 година.

Напомена: Во однос на аконтациите за данокот на личен доход на вршителите на самостојна дејност рокот за плаќање за месец ФЕВРУАРИ 2024 е исто така до 15 МАРТ 2024 година, но налозите за плаќање се генерираат од УЈП и може да се најдат во системот на е-ПДД во делот аконтативна пресметка – преглед.

 

webinar-2636738_1280

КПУ 1/2024 за ИЗГОТВУВАЊЕ НА ГОДИШНАТА СМЕТКА И ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ ЗА 2023 ГОДИНА

Почитувани,

ПРОФЕСИОНАЛ АКАУНТ Ве поканува на еднодневна онлајн обука КПУ Модул 1/2024 за ИЗГОТВУВАЊЕ НА ГОДИШНАТА СМЕТКА И ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ ЗА 2023 ГОДИНА.

Обуката ќе се одржи преку платформата ZOOM, со почеток во 10 часот на:
– 30 ЈАНУАРИ (ВТОРНИК) 2024 ГОДИНА,
– 6 ФЕВРУАРИ (ВТОРНИК) 2024 ГОДИНА.

Може да се пријавите за еден од двата термини и со посета на оваа обука се стекнувате со 8 КПУ часови за сметководители и овластени сметководители согласно Законот за вршење сметководствени работи.

Надоместокот изнесува 2.360 денари (со вклучен ДДВ од 18%).

Сите присутни ќе добијат материјали во електронска форма.

ЗА ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ ВЕ МОЛИМЕ ПОПОЛНЕТЕ ЈА ФОРМАТА ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА СЛЕДНИОТ ЛИНК

КПУ Модул 1 – 2024 (google.com)

ПРОГРАМА

ПРОФАКТУРА

Линкот за приклучување ќе Ви биде доставен еден ден пред почетокот на предавањето, на меjловите кои ќе ги оставите при регистрација.

Ве молиме најдоцна 3 дена пред почетокот на обуката, да ја пополните апликацијата и да извршите уплата на:
НЛБ Банка АД Скопје
Трансакциска с-ка:210-0642103202-82
Цел на дознака: Модул 1-2024
Сите дополнителни информации може да ги добиете на следните телефонски броеви:
+389 2 3213 663
+389 2 3126 066
+389 70 20 55 73
+389 75 20 55 73
+389 76 20 55 73

 

МДБ

ПРОЦЕНТ НА ПОРАСТ НА ЦЕНИТЕ НА МАЛО ЗА АПРИЛ 2023 (МДБ)

Процентот на кумулативниот пораст на цените на мало за зголемување на аконтацијата на данокот на добивка за месец АПРИЛ 2023 година е ПОЗИТИВЕН и изнесува 5,3%, што значи дека даночната основа за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец АПРИЛ 2023 година изнесува една дванаестина од утврдениот данок во даночниот биланс за 2022 (АОП 56 од ДБ за 2022 ПОДЕЛЕНО СО 12) зголемена за 5,3%.

Рокот за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец АПРИЛ 2023 година е најдоцна до 15 МАЈ 2023 година.

graph-163509_960_720

ПРОЦЕНТ НА ПОРАСТ НА ЦЕНИТЕ НА МАЛО ЗА МАРТ 2023 (МДБ)

Процентот на кумулативниот пораст на цените на мало за зголемување на аконтацијата на данокот на добивка за месец МАРТ 2023 година е ПОЗИТИВЕН и изнесува 5%, што значи дека даночната основа за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец МАРТ 2023 година изнесува една дванаестина од утврдениот данок во даночниот биланс за 2022 (АОП 56 од ДБ за 2022 ПОДЕЛЕНО СО 12) зголемена за 5%.

Рокот за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец МАРТ 2023 година е најдоцна до 15 АПРИЛ 2023 година.

discount-1010906_960_720

ПРОЦЕНТ НА ПОРАСТ НА ЦЕНИТЕ НА МАЛО ЗА ФЕВРУАРИ 2023 (МДБ)

Процентот на кумулативниот пораст на цените на мало за зголемување на аконтацијата на данокот на добивка за месец ФЕВРУАРИ 2023 година е ПОЗИТИВЕН и изнесува 4,9%, што значи дека даночната основа за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец ФЕВРУАРИ 2023 година изнесува една дванаестина од утврдениот данок во даночниот биланс за 2022 (АОП 56 од ДБ за 2022 ПОДЕЛЕНО СО 12) зголемена за 4,9%.

Рокот за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец ФЕВРУАРИ 2023 година е најдоцна до 15 МАРТ 2023 година

balloon-395598_960_720

ПРОЦЕНТ НА ПОРАСТ НА ЦЕНИТЕ НА МАЛО ЗА НОЕМВРИ 2022

Процентот на кумулативниот пораст на цените на мало за зголемување на аконтацијата на данокот на добивка за месец НОЕМВРИ 2022 година е ПОЗИТИВЕН и изнесува 12,1%, што значи дека даночната основа за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец НОЕМВРИ 2022 година изнесува една дванаестина од утврдениот данок во даночниот биланс за претходната година (АОП 56 од ДБ за 2021 ПОДЕЛЕНО СО 12) зголемена за 12,1%.

Рокот за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец НОЕМВРИ 2022 година е најдоцна до 15 ДЕКЕМВРИ 2022 година.

news-1028791_960_720

Најава за нов пакет мерки за финансиска поддршка на ранливи категории граѓани, пензионери и компании

Владата на Република Северна Македонија, на вчерашната (9 октомври 2022 година), 88-ма седница, донесе повеќе предлог мерки за поддршка на граѓаните и компаниите.

Новиот пакет антикризни мерки, содржи таргетирани мерки насочени кон:
– најранливите категории граѓани;
– таргетирана поддршка за јавни и здравствени установи;
– поддршка на ликвидноста на компаниите;
– инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.

На седницата, Владата ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за финансии за економските мерки за справување со енергетската и ценовната криза во државава – Октомври 2022 година.

Предвидени се:

А. Мерки за поддршка на социјални ранливи категории на граѓаните и за поддршка на ранливата категорија – корисници на пензија

1. Финансиска поддршка од државата ќе добијат:
– ранливи категории на граѓани кои користат право на социјална сигурност;
– лицата кои го користат правото за попреченост;
– родителите на децата со попреченост до 26 годишна возраст, кои користат право на посебен додаток;
– лицата со попреченост кои користат право за помош и нега од друго лице, а не користат право заради попреченост;
– лицата со потешки трајни промени во здравствената состојба, а не користат право заради попреченост;
– самохрани родители корисници на гарантиран минимален приход и
– невработени лица  – корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок (стечајни работници), согласно Законот за материјално обезбедување.

Тие ќе добијат вкупна поддршка од 12.000 денари, односно ќе добиваат по 3.000 денари месечно, во период од 4 месеци.

2. Финансиска поддршка од државата се предвидува да добијат и корисници на пензија, и тоа:

– приматели на пензија до 11.500 денари, е предвидено да добијат финансиска поддршка во вкупен износ од 6.000 денари, односно по 1.500 денари месечно, во период од 4 месеци и
– приматели на пензија од 11.500 денари до 14.000 денари, кои е предвидено да добијат финансиска поддршка во вкупен износ од 3.000 денари, односно по 750 денари месечно, во период од 4 месеци.

Б. Мерки за поддршка на јавни, образовни и здравствени установи

Мерките предвидуваат:

– Одлука за вклучување на основните и средните училишта на регулиран пазар за снабдување со електрична енергија;
– Снабдување на јавните здравствени установи со електрична енергија, преку продажба од ЕСМ по поволна цена од пазарната цена;
– Снабдување со електрична енергија на мерни станици за водни пумпи, преку продажба од ЕСМ по поволна цена од берзанската цена, односно субвенционирање на разлика во цена на електрична енергија.

В. Мерки за поддршка на приватниот сектор, коишто ги таргетираат микро, малите и средни компании

Овие мерки имаат за цел:

– Проширување на опсегот на компании коишто се корисници на кредитно – гарантната шема, од Гарантниот фонд на Развојната банка, преку олеснување на критериумите за аплицирање;
– Директна кредитна линија за поддршка на ликвидноста на микро, мали и средни трговски друштва (согласно тековната состојба) како и трговци поединци: занаетчии (кои плаќаат давачки на реален приход);
– Забрзан и зголемен поврат на ДДВ;
– Обезбедување поволна консултантска поддршка за изработка на проекти / студии за инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, со цел полесен пристап до капитал;
– Продолжување на Mерката 25 преку Развојната банка на Северна Македонија и комерцијалните банки, односно овозможување кредити за инвестирање во проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.

Г. Мерки за субвенционирање на цената на електрична и топлинска енергија за домаќинства и мали потрошувачи

Целта на овие мерки е:

– директно субвенционирање на енергетските компании, планирано до крајот на годината (средства обезбедени со Предлог-Одлуката за прераспределба);
– поддршка на ликвидноста на ЕСМ со кредит од ЕБРД.

На седницата е констатирано и дека се во тек и мерки, предвидени со претходниот пакет мерки, коишто, според наведеното во Информацијата од Министерството за финансии, продолжуваат да важат до крајот на 2022 година, што е овозможено со Ребалансот на Буџетот за 2022 година.

Станува збор за:

– продолжување на примената на повластена даночната стапка од 5% за прометот со електричната енергија кон домаќинствата, што се однесува на сите домаќинства, корисници на електрична енергија;
– директна финансиска поддршка за ранливи потрошувачи на електрична енергија;
– финансирање на проектите за енергетска ефикасност за општините, преку користење поволен кредит од Светска банка, спроведен од Министерството за финансии;
– пролонгирање на воведувањето на зелените давачки за деривати, односно еколошката такса за енергенти, што се однесува на сите домаќинства и компании, кои се корисници на енергенти;
– ослободување од плаќање ДДВ, при увоз на природен гас и електрична енергија, топлинска енергија или енергија за разладување – на увозниците на природен гас и електрична енергија, топлинска енергија или енергија за разладување
– кредитната линија за зелена транзиција од ЕИБ, со поволни услови на кредитирање на компаниите за инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, со цел стимулирање на инвестиции на компаниите во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија и долгорочна заштеда на средства преку намалена потрошувачка на електрична енергија;
– продолжување на мерката за субвенционирање на цената на електричната енергија за регулираниот пазар (домаќинствата и малите потрошувачи).

Исто така, со Ребалансот на Буџетот за 2022 година се предвидени и програми и средства како одговор на кризата, за раст на пензиите, ранливите категории на граѓани, раст на платите во одделни дејности во јавниот сектор, средства за фирмите за поддршка на растот на платите во приватниот сектор, дополнителни средства за земјоделците за повисоки приноси и стабилизирање на цените на храната.

Станува збор за:

– зголемување на гарантирана минимална помош за права од социјална заштита, за социјално загрозени лица;
– зголемување на пензиите согласно новата методологија на пресметка на пензиите;
– субвенционирање на придонеси за поддршка на плати на вработените во приватниот сектор;
– субвенции и трансфери за директна финансиска поддршка во земјоделскиот сектор: субвенционирање за говеда за сточарство, за овци, кози, за продадени градинарски и овошни производи, производство на семенски и саден материјал, за млекопроизводство, живинарство, пчеларство, авансна исплата на овоштарство, помош за вршење земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности за производство и дополнителна поддршка за регистрирани земјоделски стопанства, осигурување посеви; средства предвидени со Интервентниот фонд, за: произведено и продадено млеко, интервентна мерка за вино, интервентна мерка за производство за саден материјал, интервентна мерка за есенска сеидба; средства предвидени со нова Програма за поттикнување на потрошувачката на свежо овошје и зеленчук и млеко и млечни производи;
– поврат на средства преку мерката Мој ДДВ, за што се обезбедени дополнителни 1.100.000.000 денари за поврат на ДДВ.

———————————————————————————————————

ПОЛИТИКИ, ПРЕПОРАКИ, МЕРКИ И ИНДИКАТОРИ ЗА ЈАВНИОТ СЕКТОР
Владата на Република Северна Македонија, на седницата, го разгледа и усвои и Предлог планот за фискална одржливост и поддршка на економскиот раст: политики, препораки, мерки и индикатори.

Се задолжуваат буџетските корисници да ги спроведуваат и почитуваат мерките и препораките предвидени со овој План.

При тоа, се задолжуваат сите буџетски корисници, а им се препорачува на единиците на локалната самоуправа и јавните претпријатија и трговските друштва во државна сопственост, во рок од две недели, да достават пополнет акциски план за консолидација на расходите согласно Планот за фискална одржливост.

Предвидени се, како што е образложено од страна на Министерството за финансии, политики, мерки и препораки за намалување на расходите, за зголемување на приходите, за единиците на локалната самоуправа и за јавните претпријатија и трговски друштва во државна сопственост.

Политиката за намалување на расходите, опфаќа:

А. Консолидација на расходите за плати и надоместоци, преку намалување за 10% во однос на планираните средства за 2023-та година. Очекуван е фискален ефект (заштеда) околу 3 милијарди денари, во однос на фискалните проекции во среднорочната рамка на расходи;

Б. Консолидација на расходите за стоки и услуги и нивно намалување за 20% во однос на фискалната рамка за 2023 година, при што очекуваниот фискален ефект е околу 3 милијарди денари во однос на фискалните проекции во среднорочната рамка на расходи;

В. Консолидација на расходите за субвенции, трансфери, дотации и социјални надоместоци и нивно намалување за 20% во однос на фискалната рамка за 2023 година, при што очекуван фискален ефект е околу 3 милијарди денари, во однос на фискалните проекции во среднорочната рамка на расходи и

Г. Политика за подобрена структура на капиталните расходи, со цел меѓу другото, квалитетно и навремено реализирање на капиталните проекти.

Во делот на политиките за зголемување на приходите предвидено е, меѓу другото, оптимизација на даночниот систем, преку консолидирање и проширување на даночната основа кај директните и индиректните даноци и акцизите, намалување на даночната евазија и даночната арбитража и зголемување на даночната транспарентност.

И во делот на политиките за единиците на локалната самоуправа се препорачува намалување на тековните расходи. А, во услови на нарушено снабдување на пазарот на електрична енергија, општините да ја разгледаат можноста за спроведување на централизирана набавка на електрична енергија за институциите под нејзина надлежност, со цел постигнување пониска цена во снабдувањето со електрична енергија, како и буџетските единки основани од општината, да пристапат кон заеднички набавки за електрична енергија.

На седницата, задолжено е Министерството за економија да ги разгледа можностите околу евентуално продолжување на примената на летното сметање на времето, со цел дополнителни заштеди во општата потрошувачка на електрична енергија.

balloon-395598_960_720

ПРОЦЕНТ НА ПОРАСТ НА ЦЕНИТЕ НА МАЛО ЗА АВГУСТ 2022

Процентот на кумулативниот пораст на цените на мало за зголемување на аконтацијата на данокот на добивка за месец АВГУСТ 2022 година е ПОЗИТИВЕН и изнесува 10,2%, што значи дека даночната основа за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец АВГУСТ 2022 година изнесува една дванаестина од утврдениот данок во даночниот биланс за претходната година (АОП 56 од ДБ за 2021 ПОДЕЛЕНО СО 12) зголемена за 10,2%.

Рокот за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец АВГУСТ 2022 година е најдоцна до 15 СЕПТЕМВРИ 2022 година.

balloon-395598_960_720

ПРОЦЕНТ НА ПОРАСТ НА ЦЕНИТЕ НА МАЛО ЗА ЈУНИ 2022 

Процентот на кумулативниот пораст на цените на мало за зголемување на аконтацијата на данокот на добивка за месец ЈУНИ 2022 година е ПОЗИТИВЕН и изнесува 8,2%, што значи дека даночната основа за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец ЈУНИ 2022 година изнесува една дванаестина од утврдениот данок во даночниот биланс за претходната година (АОП 56 од ДБ за 2021 ПОДЕЛЕНО СО 12) зголемена за 8,2%.

Рокот за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец ЈУНИ 2022 година е најдоцна до 15 ЈУЛИ 2022 година.