graph-163509_960_720

ПРОЦЕНТ НА ПОРАСТ НА ЦЕНИТЕ НА МАЛО ЗА МАРТ 2023 (МДБ)

Процентот на кумулативниот пораст на цените на мало за зголемување на аконтацијата на данокот на добивка за месец МАРТ 2023 година е ПОЗИТИВЕН и изнесува 5%, што значи дека даночната основа за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец МАРТ 2023 година изнесува една дванаестина од утврдениот данок во даночниот биланс за 2022 (АОП 56 од ДБ за 2022 ПОДЕЛЕНО СО 12) зголемена за 5%.

Рокот за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец МАРТ 2023 година е најдоцна до 15 АПРИЛ 2023 година.

info-146075_960_720

ИСПРАВКА ОД СТРАНА НА МТСП НА ОБЈАВАТА ЗА ВИСИНАТА НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ВО БРУТО ИЗНОС ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 ГОДИНА

Почитувани,

Во “Службен весник на РСМ” бр. 65/23, објавена е:

– ИСПРАВКА  НА ОБЈАВАТА ЗА ВИСИНАТА НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ВО БРУТО ИЗНОС ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 ГОДИНА.

Со оваа исправка Министерството за труд и социјална политика се коригираше односно ја разјасни Објавата за висината на минималната плата во која БЕШЕ НАВЕДЕНО дека почнувајќи од април 2023 висината на новата бруто плата изнесува 29.739 денари.

Ние на денот на Објавата на минималната плата во “Службен весник на РСМ” бр. 58/23,  Ве известивме со наш став и формална подлога од Законот за минималната плата на РСМ дека новиот износ на минималната плата (20.175 нето и 29.739 бруто) ќе започне да се применува со исплата на платата за месец март 2023 година.

ТУКА МОЖЕ ДА СЕ ПОТСЕТИТЕ НА НАШЕТО ИЗВЕСТУВАЊЕ

ПРЕЗЕМИ СЛУЖБЕН ВЕСНИК СО  ИСПРАВКА