Ве молиме плицирајте на info.professionalaccount@gmail.com.
ИСПРАВКА ОД СТРАНА НА МТСП НА ОБЈАВАТА ЗА ВИСИНАТА НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ВО БРУТО ИЗНОС ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 ГОДИНА
Почитувани,
Во “Службен весник на РСМ” бр. 65/23, објавена е:
– ИСПРАВКА НА ОБЈАВАТА ЗА ВИСИНАТА НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ВО БРУТО ИЗНОС ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 ГОДИНА.
Со оваа исправка Министерството за труд и социјална политика се коригираше односно ја разјасни Објавата за висината на минималната плата во која БЕШЕ НАВЕДЕНО дека почнувајќи од април 2023 висината на новата бруто плата изнесува 29.739 денари.
Ние на денот на Објавата на минималната плата во “Службен весник на РСМ” бр. 58/23, Ве известивме со наш став и формална подлога од Законот за минималната плата на РСМ дека новиот износ на минималната плата (20.175 нето и 29.739 бруто) ќе започне да се применува со исплата на платата за месец март 2023 година.
ПРОЦЕНТ НА ПОРАСТ НА ЦЕНИТЕ НА МАЛО ЗА ЈАНУАРИ 2023 (МДБ)
Процентот на кумулативниот пораст на цените на мало за зголемување на аконтацијата на данокот на добивка за месец ЈАНУАРИ 2023 година е ПОЗИТИВЕН и изнесува 13%, што значи дека даночната основа за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец ЈАНУАРИ 2023 година изнесува една дванаестина од утврдениот данок во даночниот биланс за 2021 (АОП 56 од ДБ за 2021 ПОДЕЛЕНО СО 12) зголемена за 13%.
Рокот за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец ЈАНУАРИ 2023 година е најдоцна до 15 ФЕВРУАРИ 2023 година.
ОБЈАВЕНИ СЕ ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА РЕГИСТРИТЕ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ВРШЕЊЕ СМЕТКОВОДСТВЕНИ РАБОТИ
Во “Службен весник на РСМ” бр.14/23, објавени се формата и содржината на регистрите согласно Законот за вршење сметководствени работи и тоа:
– РЕГИСТАРОТ НА СМЕТКОВОДСТВЕНИ ПРИПРАВНИЦИ,
– РЕГИСТАРОТ НА СМЕТКОВОДИТЕЛИ,
– РЕГИСТАРОТ НА ОВЛАСТЕНИ СМЕТКОВОДИТЕЛИ,
– РЕГИСТАРОТ НА ТРГОВЦИ ПОЕДИНЦИ – СМЕТКОВОДИТЕЛИ,
– РЕГИСТАРОТ НА ТРГОВЦИ ПОЕДИНЦИ-ОВЛАСТЕНИ СМЕТКОВОДИТЕЛИ,
– РЕГИСТАРОТ НА ДРУШТВА ЗА ВРШЕЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНИ РАБОТИ И
– РЕГИСТАРОТ НА ПРАВНИ ЛИЦА КОИ СПРОВЕДУВААТ ОБУКИ ЗА КОНТИНУИРАНО ПРОФЕСИОНАЛНО УСОВРШУВАЊЕ.
ПРОЦЕНТ НА ПОРАСТ НА ЦЕНИТЕ НА МАЛО ЗА ДЕКЕМВРИ 2022
Процентот на кумулативниот пораст на цените на мало за зголемување на аконтацијата на данокот на добивка за месец ДЕКЕМВРИ 2022 година е ПОЗИТИВЕН и изнесува 12,6%, што значи дека даночната основа за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец ДЕКЕМВРИ 2022 година изнесува една дванаестина од утврдениот данок во даночниот биланс за претходната година (АОП 56 од ДБ за 2021 ПОДЕЛЕНО СО 12) зголемена за 12,6%.
Рокот за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец ДЕКЕМВРИ 2022 година е најдоцна до 15 ЈАНУАРИ 2023 година.
СРЕЌНА НОВА 2023 ГОДИНА
Драги наши,
Ви ја честитаме Новата 2023 година и празниците кои следат! Да сме заедно уште долго и заедно да создаваме вредности.
Искрено,
Тимот на ПРОФЕСИОНАЛ АКАУНТ
Референтна каматна стапка за пресметуввање на стапката за казнена камата (1 јануари-30 јуни 2023)
Врз основа на член 266-a став 6 од Законот за облигационите односи („Службен весник на Република Македонија” бр.18/01, 4/02, 5/03, 84/08, 81/09, 161/09 и 123/13 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.215/21) и точка 3 од Одлуката за референтната стапка за пресметување на стапката на казнена камата („Службен весник на Република Македонија” бр. 42/11 и 49/12), Народната банка на Република Северна Македонија донесе
О Б Ј А В А
Референтната стапка за пресметување на стапката на казнена камата, за периодот од 1 јануари 2023 година до 30 јуни 2023 година, изнесува 4,75%.
ДАНОЧНО НАМАЛУВАЊЕ ЗА 2023 ВРЗ ОСНОВА НА ДАНОКОТ НА ЛИЧЕН ДОХОД
Во “Службен весник на РСМ” бр. 283/22 министерството за финансии го објави податокот за ослободувањео врз основа на данокот на доход.
Врз основа на член 10 став (4) од Законот за данокот на личен доход („Службен весник на Република Македонија“ бр. 241/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 275/19, 290/20, 85/21 и 274/22), министерот за финансии:
О Б Ј А В У В А
- Даночното намалување утврдено во член 10 став (2) од Законот за данокот на личен доход, за 2023 година на годишно ниво, изнесува 108.456,00 денари.
2. Даночното намалување по основ на доход од работа од плата, надоместоци на плата и пензија, месечно се утврдува во износ од 9.038,00 денари, согласно со член 17 став (2) од Законот за данокот на личен доход.
******ова е ослободувањето што се признава при аконтативното пресметување на данокот на доход од работа по основ на плата, надоместок на плата и пензија.
ПОТСЕТУВАЊЕ ЗА РОКОТ (ДО 29.12.2022) – ПОВИК ЗА АЖУРИРАЊЕ ПОДАТОЦИ ВО РЕГИСТРИТЕ НА ИСОС
На 22.12.2022 година, ИСОС објави повик за ажурирање на податоците во регистрите на сметководители и овластени сметководители.
Во повикот е одреден рок од 7 дена од објавувањето (до 29.12.2022) кога треба да се направи ова ажурирање кое е за цели на доставување податоци до ЦРМ и УЈП од страна на ИСОС за потпишување на годишни сметки и финансиски извештаи и даночни пријави.
Линк до повикот https://isos.com.mk/index.php/item/1602-povik-za-azhuriranje-na-podatoci
Ажурирањето се прави по влегување на профилот (https://smetkovoditel.isos.com.mk/login) на податоците од десната страна .
На сајтот на профилот има податоци и за часовите за КПУ. Ќе ги видите долу лево откако ќе влезете на Вашиот профил (за влез се внесува бројот на уверението и последните 6 цифри од Вашиот ЕМБГ).
Доколку забележите некое несогласување во евиденцијата на КПУ часовите кои сте ги посетиле кај нас со тие кои Ви се покажуваат на профилот, а досега не сте нè контатирале, Ве молиме тоа да го направите најдоцна до утре (29.12.2022 годна) на info.professionalaccount@gmail.com.
Процент на пораст на цени на мало за октомври 2022
Процентот на кумулативниот пораст на цените на мало за зголемување на аконтацијата на данокот на добивка за месец ОКТОМВРИ 2022 година е ПОЗИТИВЕН и изнесува 11,6%, што значи дека даночната основа за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец ОКТОМВРИ 2022 година изнесува една дванаестина од утврдениот данок во даночниот биланс за претходната година (АОП 56 од ДБ за 2021 ПОДЕЛЕНО СО 12) зголемена за 11,6%.
Рокот за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец ОКТОМВРИ 2022 година е најдоцна до 15 НОЕМВРИ 2022 година.