corona-4970836_960_720

Oд 4 мај 2022 година укинување на рестирктивните мерки, со некои исклучоци

Во “Службен весник на РСМ” бр. 106/22, објавена е:
– ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ПРЕВЕНТИВНИ ПРЕПОРАКИ, ВРЕМЕНИ МЕРКИ, НАРЕДЕНИ МЕРКИ, НАМЕНСКИ ПРОТОКОЛИ, ПЛАНОВИ И АЛГОРИТМИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЗДРАВЈЕТО НА НАСЕЛЕНИЕТО ОД ЗАРАЗНАТА БОЛЕСТ COVID-19 ПРЕДИЗВИКАНА ОД ВИРУСОТ SARS-CoV-2, СЛУЧАИТЕ И ВРЕМЕНСКИОТ ПЕРИОД НА НИВНА ПРИМЕНА.
Одлуката влезе во сила од 4 мај 2022 година.
Со измените на Одлуката, престануваат да важат сите рестриктивни мерки освен задолжителното носење заштитни маски во здравствените установи, аптеките и во установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.

Владата ги реафирмира препораките за почитување и практикување на основните превентивни мерки за заштита како што се:
– негрупирање и одржување физичка дистанца,
– носење заштитни маски на јавни места, посебно во затворен простор кога нема можност за физичка дистанца,
– редовна лична хигиена,
– проветрување на затворените простории и
– самоизолација во домашни услови при услови на симптоми на заболувања на респираторниот систем.

ПРЕЗЕМИ СЛУЖБЕН ВЕСНИК

corona-4970836_960_720

Oлабавување на мерките за спречување ширење на Kоронавирусот (со важност од 13.04.2022)

Во “Службен весник на РСМ” бр. 92/22 објавена е:
– ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ПРЕВЕНТИВНИ ПРЕПОРАКИ, ВРЕМЕНИ МЕРКИ, НАРЕДНИ МЕРКИ, НАМЕНСКИ ПРОТОКОЛИ, ПЛАНОВИ И АЛГОРИТМИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЗДРАВЈЕТО НА НАСЕЛЕНИЕТО ОД ЗАРАЗНАТА БОЛЕСТ COVID -19 ПРЕДИЗВИКАНА ОД ВИРУСОТ SARS CoV-2, СЛУЧАИТЕ И ВРЕМЕНСКИОТ ПЕРИОД НА НИВНА ПРИМЕНА.

Одлуката влезе во сила од 13 април 2022.

Согласно Одлуката:

1. Се укинува задолжителното носење на заштитни маски во затворен простор, со исклучок на здравствените установи, јавниот превоз, аптеките и домовите за возрасни лица и за лица со попреченост.

Во врска со оваа точка, иако се укинува носењето маски во затворен простор, Владата силно ја афирмира препораката на КЗБ маски во затворен простор да носат лицата над 65 годишна возраст, хронично болните и лицата со намален имунитет.

2. Се укинува обврската за задолжителното носење на маски за време на физичката настава во средните училишта, како и забраната за организирање екскурзии и настава во природа.

3. Се укинува мерката за задолжителна изолација на лица што имале блиски контакти со случаи позитивни на КОВИД-19, за кои останува мерката за носење заштитна маска (трослојна хируршка маска или KN95) во затворен простор во период од 7 дена од последниот контакт со лица со потврден КОВИД-19.

Како прилог на Одлуката за изменување и дополнување објавени се и повеќе протоколи, како и Протоколот за превентивни мерки на сите работни места.

Службен весник со Одлуката за изменување и дополнување 

mask-4898571_960_720

Oлабавување на превентивните мерки за заштита од коронавирусот

Во “Службен весник на РСМ” бр. 78/22 објавена е:
– Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредни мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARSCOV-2, случаите и временскиот период на нивна примена.

Одлуката влезе во сила од 29 март 2022.

Со измените и дополнувањата измените и дополнувањата:

започнува наставата со физичко присуство на факултетите во земјата со почитување на препорачаните превентивни мерки за превенција од коронавирус КОВИД-19, задолжително носење заштитни маски во затворен простор, одржување на физичко растојание 1-2 метри, зачестена хигиена на рацете со задолжителна дезинфекција пред влезовите во предавалните, амфитеатрите, вежбалните, односно негрупирање и често проветрување на затворените простории, со препорака за вакцинација на студентите и наставниот кадар на факултетите во државата,

посетувањето на наставата во основните училишта ќе се одвива без маски за учениците, освен ако учениците по сопствена волја не бараат да носат заштитна маска. За наставниците и останатите вработени во училиштата останува обврската за носење маски,

–  се зголемува максималната исполнетост на капацитетот на отворен и затворен простор од досегашниот најмногу до 50%, на најмногу до 75%, со задолжително носење на заштитни маски за културни настани, театри, кина, филхармонија, како и семинари, обуки, состаноци, конференции и слично,

– се укинува обврската за обезбедување редарски служби во економските оператори,

– се укинува мерката за задолжително поседување сертификат/потврда (за извршена имунизација (вакцинација), односно примени две дози на вакцина против КОВИД-19  или сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 180 дена, сметајќи од денот на оздравувањето) за посета на угостителски објекти на отвореноЗа затворените делови останува обврската за задолжително поседување на сертификатите за вакцинација или за прележаност.

Полицијата и армијата ќе продолжат со обезбедувањето на КОВИД центрите и вакциналните пунктови, а ќе престане надворешното физичко обезбедување на одделни КОВИД капацитети во Скопје и другите градови на државата.

Во рамки на Одлуката објавени се и протоколи за организирање настани во затврено, организирање настани на отворено и протоколи за постапување во училиштата.

ПРЕЗЕМИ СЛУЖБЕН ВЕСНИК

physiotherapy-595529_960_720

Јавен повик за доделување на финансиска поддршка за регистрирани фотографски студија и фитнес центри

Институција која огласува: 

Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување:
01.06.2021

Врз основа на Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година и 6 сет економски КОВИД-19 антикризни мерки во 2021, а Согласно Програма П – Мерки за справување со КОВИД-19 кризата, потпрограма П1 – Мерки за справување со КОВИД-19 кризата,  Владата на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат објавува:

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на финансиска поддршка за регистрирани фотографски студија и фитнес центри

Владата на Република Северна Македонија објавува повик за финансиска поддршка за регистрирани фотографски студија и фитнес центри во рамки на шестиот пакет економски мерки за закрепнување на македонската економија и за излез од КОВИД-19 економската криза.
Повикот има цел да обезбеди финансиска поддршка за регистрирани фотографски студија и фитнес центри кои беа затворени со одлука на Владата за целосна забрана за посетители – гости.

  1. Предмет на поддршка: Финансиска поддршка на фотографски студија и фитнес центри кои беа затворени со Одлука на Владата.
  2. Право на учество имаат сите регистрирани фотографски студија и фитнес центри кои се регистрирани и приоритетна дејност им е:
    • 74.20 Фотографски дејности;
    • 93.13 Објекти за фитнес.
  3. Износ на поддршка 
    Основа за пресметка на поддршката се земаат просечните месечни приходи остварени во 2019 година. Висината на поддршката се пресметува како износ од 30% од просечниот месечен приход. За субјектите кои ќе поднесат пријава на овој повик, а кои се регистрирани во текот на 2019 година основ за пресметка се просечните месечни приходи од денот на основање до крај на 2019 година. Дополнително, секој регистриран активен субјект ќе добие финансиска поддршка во износ од 15.200 денари по вработен, според бројот на ефективни работни часови, со пресек на 31.12.2020.
  4. Посебни услови за користење на финансиската помошСекој правен субјект кој ќе аплицира и на кој ќе му бидат исплатени средства од овој повик, доколку на 31.12.2021 има намален број на вработени споредено со 31.12.2020 тогаш има обврска да врати 50% од примената финансиска поддршка во Буџетот на Република Северна Македонија.

    Секој правен субјект кој ќе аплицира и добие средства од овој повик, доколку на 31.12.2021 го задржал истиот број на вработени како на 31.12.2020 има обврска да врати 20% од вкупниот износ на финансиска поддршка во Буџетот на Република Северна Македонија.

    Секој правен субјект кој ќе аплицира и ќе му бидат исплатени средства од овој повик, ако на 31.12.2021 има зголемен број на вработени споредено со 31.12.2020 нема обврски за враќање средства во Буџетот на Република Северна Македонија.

  5. Образец за аплицирање 
    Субјектите до Владата на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат доставуваат ПРИЈАВА на образец кој е составен дел на овој повик.
  6. Оценување на пристигнатите пријави:
    Комисија формирана од Генерален секретаријат и Министерство за економија ќе ги разгледува поднесените барања и ќе изготви извештај од евалуација, и пресметка за исплата на усвојување до Владата на Република Северна Македонија. Барањата кои нема да ги содржат потребните податоци согласно овој јавен повик, ќе се сметаат за некомплетни и нема да се разгледуваат.
  7. Начин и рок за аплицирање 
    Пријавата се доставува во еден оригинален примерок заверен и потпишан од страна на одговорното лице на субјектот, како и изјава со која подносителот на пријавата прифаќа целосна морална, материјална и кривична одговорност за точноста на податоците наведени во пријавата.Во прилог на пријавата треба да се достави:

    • Копија  од  тековна  состојба  од  уписот  во регистарот   на   други   правни   лица   за регистрација на правното лице не  постара  од шест месеци  (може да се аплицира електронски или директно во Централен регистар);
    • Копија  од  завршната  сметка  (биланс  на состојба   и   биланс   на   успех)   за   2020 година и копија од завршна сметка (биланс на состојба и биланс на успех) за 2019 година;
    • Потврда од Управата за јавни приходи за платени јавни давачки за 2020 година согласно закон (може да се преземе електронски или директно во Управата за јавни приходи);
    • Листинг на вработени – преглед на пријави/одјави во задолжително социјално осигурување за деловен субјект (барањето може да се преземе во Агенцијата за вработување или електронски преку порталот на АВРСМ).

Пријавата се доставува во затворен плик преку пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат, бул. „Илинден“ бр. 2, 1000 Скопје, или преку предавање во архивата на Владата секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

На предната страна на пликот во горниот лев агол да пишува „НЕ ОТВОРАЈ”, а под тоа „Финансиска поддршка за фотографски студија” или „Финансиска поддршка за фитнес центри”.

Барањата кои нема да ги содржат бараните податоци на овој јавен повик или доколку не пристигнат во рамките на рокот за поднесување, ќе се сметаат за некомплетни и/ненавремени и нема да се разгледуваат.

Јавниот повик и обрасците за Јавниот повик се достапни на www.vlada.mk/oglasi.

Рокот за поднесување на пријавите е најдоцна до 1 јуни 2021 година. 
Линк од повикот https://vlada.mk/node/25295

sliki- merki-11.05.2021

ПРЕДЛОЖЕНИ СЕ НОВИ МЕРКИ ЗА КОИ ВЛАДАТА ЌЕ ОДЛУЧУВА УТРЕ, А КОИ ТРЕБА ДА СЕ ПРИМЕНУВААТ ОД 12 МАЈ 2021 ГОДИНА

Главниот координативен кризен штаб го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести и врз основа на епидемиолошките текови и состојби во државата, намалување на бројот на хоспитализирани лица и бројот на заразени лица, за утрешната седница (11.05.2021) на Владата се препорачуваат нови мерки за усвојување.

Почнувајќи од 12 мај 2021 година:

забраната и посебниот режим на движење на населението и возилата од јавен превоз да почнува од 24:00 часот до 05:00 часот,

– дозволено време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) е до 23:30 часот,

– сите настани и ивенти може да се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30% од капацитетот на затворениот простор,

– наменскиот протокол за згрижени деца во детските градинки да се измени, односно се дозволува зголемување на бројот на деца од 15 на 20 во една група,

– вежбалните, фитнес центрите и теретаните може да отпочнат со вршење на својата дејност во објектите.
Овие мерки се предлага да важат до 18 мај 2021 година.

Исто така, предложено е да се дозволи да се дозволи користење на годишните одмори за здравствените работници.

ЛИНК ОД ИЗВЕСТУВАЊЕТО https://vlada.mk/node/25162