sliki- merki-11.05.2021

ПРЕДЛОЖЕНИ СЕ НОВИ МЕРКИ ЗА КОИ ВЛАДАТА ЌЕ ОДЛУЧУВА УТРЕ, А КОИ ТРЕБА ДА СЕ ПРИМЕНУВААТ ОД 12 МАЈ 2021 ГОДИНА

Главниот координативен кризен штаб го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести и врз основа на епидемиолошките текови и состојби во државата, намалување на бројот на хоспитализирани лица и бројот на заразени лица, за утрешната седница (11.05.2021) на Владата се препорачуваат нови мерки за усвојување.

Почнувајќи од 12 мај 2021 година:

забраната и посебниот режим на движење на населението и возилата од јавен превоз да почнува од 24:00 часот до 05:00 часот,

– дозволено време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) е до 23:30 часот,

– сите настани и ивенти може да се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30% од капацитетот на затворениот простор,

– наменскиот протокол за згрижени деца во детските градинки да се измени, односно се дозволува зголемување на бројот на деца од 15 на 20 во една група,

– вежбалните, фитнес центрите и теретаните може да отпочнат со вршење на својата дејност во објектите.
Овие мерки се предлага да важат до 18 мај 2021 година.

Исто така, предложено е да се дозволи да се дозволи користење на годишните одмори за здравствените работници.

ЛИНК ОД ИЗВЕСТУВАЊЕТО https://vlada.mk/node/25162