discount-1010906_960_720

ПРОЦЕНТ НА ПОРАСТ НА ЦЕНИТЕ НА МАЛО ЗА ЈАНУАРИ 2023 (МДБ)

Процентот на кумулативниот пораст на цените на мало за зголемување на аконтацијата на данокот на добивка за месец ЈАНУАРИ 2023 година е ПОЗИТИВЕН и изнесува 13%, што значи дека даночната основа за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец ЈАНУАРИ 2023 година изнесува една дванаестина од утврдениот данок во даночниот биланс за 2021 (АОП 56 од ДБ за 2021 ПОДЕЛЕНО СО 12) зголемена за 13%.

Рокот за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец ЈАНУАРИ 2023 година е најдоцна до 15 ФЕВРУАРИ 2023 година.

info-146075_960_720

ОБЈАВЕНИ СЕ ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА РЕГИСТРИТЕ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ВРШЕЊЕ СМЕТКОВОДСТВЕНИ РАБОТИ

Во “Службен весник на РСМ” бр.14/23, објавени се формата и содржината на регистрите согласно Законот за вршење сметководствени работи и тоа:
– РЕГИСТАРОТ НА СМЕТКОВОДСТВЕНИ ПРИПРАВНИЦИ,
– РЕГИСТАРОТ НА СМЕТКОВОДИТЕЛИ,
– РЕГИСТАРОТ НА ОВЛАСТЕНИ СМЕТКОВОДИТЕЛИ,
– РЕГИСТАРОТ НА ТРГОВЦИ ПОЕДИНЦИ – СМЕТКОВОДИТЕЛИ,
– РЕГИСТАРОТ НА ТРГОВЦИ ПОЕДИНЦИ-ОВЛАСТЕНИ СМЕТКОВОДИТЕЛИ,
– РЕГИСТАРОТ НА ДРУШТВА ЗА ВРШЕЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНИ РАБОТИ И
– РЕГИСТАРОТ НА ПРАВНИ ЛИЦА КОИ СПРОВЕДУВААТ ОБУКИ ЗА КОНТИНУИРАНО ПРОФЕСИОНАЛНО УСОВРШУВАЊЕ.

ПРЕЗЕМИ СЛУЖБЕН ВЕСНИК

 

balloon-395598_960_720

ПРОЦЕНТ НА ПОРАСТ НА ЦЕНИТЕ НА МАЛО ЗА ДЕКЕМВРИ 2022

Процентот на кумулативниот пораст на цените на мало за зголемување на аконтацијата на данокот на добивка за месец ДЕКЕМВРИ 2022 година е ПОЗИТИВЕН и изнесува 12,6%, што значи дека даночната основа за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец ДЕКЕМВРИ 2022 година изнесува една дванаестина од утврдениот данок во даночниот биланс за претходната година (АОП 56 од ДБ за 2021 ПОДЕЛЕНО СО 12) зголемена за 12,6%.

Рокот за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец ДЕКЕМВРИ 2022 година е најдоцна до 15 ЈАНУАРИ 2023 година.

balloon-395598_960_720

Референтна каматна стапка за пресметуввање на стапката за казнена камата (1 јануари-30 јуни 2023)

Врз основа на член 266-a став 6 од Законот за облигационите односи („Службен весник на Република Македонија” бр.18/01, 4/02, 5/03, 84/08, 81/09, 161/09 и 123/13 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.215/21) и точка 3 од Одлуката за референтната стапка за пресметување на стапката на казнена камата („Службен весник на Република Македонија” бр. 42/11 и 49/12), Народната банка на Република Северна Македонија донесе

О Б Ј А В А

Референтната стапка за пресметување на стапката на казнена камата, за периодот од 1 јануари 2023 година до 30 јуни 2023 година, изнесува 4,75%.

 

Линк до објавата

info-146075_960_720

ДАНОЧНО НАМАЛУВАЊЕ ЗА 2023 ВРЗ ОСНОВА НА ДАНОКОТ НА ЛИЧЕН ДОХОД

Во “Службен весник на РСМ” бр. 283/22 министерството за финансии го објави податокот за ослободувањео врз основа на данокот на доход.

Врз основа на член 10 став (4) од Законот за данокот на личен доход („Службен весник на Република Македонија“ бр. 241/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 275/19, 290/20, 85/21 и 274/22), министерот за финансии:
О Б Ј А В У В А

 

  1. Даночното намалување утврдено во член 10 став (2) од Законот за данокот на личен доход, за 2023 година на годишно ниво, изнесува 108.456,00 денари.

    2. Даночното намалување по основ на доход од работа од плата, надоместоци на плата и пензија, месечно се утврдува во износ од 9.038,00 денари, согласно со член 17 став (2) од Законот за данокот на личен доход.

******ова е ослободувањето што се  признава при аконтативното пресметување на данокот на доход од работа по основ на плата, надоместок на плата и пензија.

info-1459077_960_720

ПОТСЕТУВАЊЕ ЗА РОКОТ (ДО 29.12.2022) – ПОВИК ЗА АЖУРИРАЊЕ ПОДАТОЦИ ВО РЕГИСТРИТЕ НА ИСОС

На 22.12.2022 година, ИСОС објави повик за ажурирање на податоците во регистрите на сметководители и овластени сметководители.

Во повикот е одреден рок од 7 дена од објавувањето (до 29.12.2022) кога треба да се направи ова ажурирање кое е за цели на доставување податоци до ЦРМ и УЈП од страна на ИСОС за потпишување на годишни сметки и финансиски извештаи и даночни пријави.

Линк до повикот https://isos.com.mk/index.php/item/1602-povik-za-azhuriranje-na-podatoci

Ажурирањето се прави по влегување на профилот (https://smetkovoditel.isos.com.mk/login) на податоците од десната страна .
На сајтот на профилот има податоци и за часовите за КПУ. Ќе ги видите долу лево откако ќе влезете на Вашиот профил (за влез се внесува бројот на уверението и последните 6 цифри од Вашиот ЕМБГ).
Доколку забележите некое несогласување во евиденцијата на КПУ часовите кои сте ги посетиле кај нас со тие кои Ви се покажуваат на профилот, а досега не сте
нè контатирале, Ве молиме тоа да го направите најдоцна до утре (29.12.2022 годна) на info.professionalaccount@gmail.com.

balloon-395598_960_720

Процент на пораст на цени на мало за октомври 2022

Процентот на кумулативниот пораст на цените на мало за зголемување на аконтацијата на данокот на добивка за месец ОКТОМВРИ 2022 година е ПОЗИТИВЕН и изнесува 11,6%, што значи дека даночната основа за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец ОКТОМВРИ 2022 година изнесува една дванаестина од утврдениот данок во даночниот биланс за претходната година (АОП 56 од ДБ за 2021 ПОДЕЛЕНО СО 12) зголемена за 11,6%.

Рокот за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец ОКТОМВРИ 2022 година е најдоцна до 15 НОЕМВРИ 2022 година.

ОНЛАЈН ОБУКА (МОДУЛ 3/2022)

Почитувани,

ПРОФЕСИОНАЛ АКАУНТ Ве поканува на еднодневна онлајн обука модул 3/2022.

Обуката ќе се одржи преку платформата ZOOM, со почеток во 10 часот на:

– 9 НОЕМВРИ (СРЕДА) 2022 ГОДИНА

Надоместокот изнесува 2.360 денари (со вклучен ДДВ од 18%).

Сите присутни ќе добијат потврда за присуство и материјали во електронска форма.

ЗА ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ ВЕ МОЛИМЕ ПОПОЛНЕТЕ ЈА ФОРМАТА ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА СЛЕДНИОТ ЛИНК Обука модул 3 – 2022 (google.com)

ПРОГРАМА

ПРОФАКТУРА

Линкот за приклучување ќе Ви биде доставен еден ден пред почетокот на предавањето, на меил адресите кои ќе ги оставите при регистрација.

Ве молиме најдоцна 5 дена пред почетокот на обуката, да ја пополните апликацијата и да извршите уплата на:

НЛБ Банка АД Скопје
Трансакциска с-ка: 210-0642103202-82
Цел на дознака:  Модул 3-2021

Сите дополнителни информации може да ги добиете на следните телефонски броеви:

 +389 2 3213 663

+389 2 3126 066

+389 70 20 55 73

+389 76 20 55 73

МДБ

ПРОЦЕНТ НА ПОРАСТ НА ЦЕНИТЕ НА МАЛО ЗА СЕПТЕМВРИ 2022

Процентот на кумулативниот пораст на цените на мало за зголемување на аконтацијата на данокот на добивка за месец СЕПТЕМВРИ 2022 година е ПОЗИТИВЕН и изнесува 10,9%, што значи дека даночната основа за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец СЕПТЕМВРИ 2022 година изнесува една дванаестина од утврдениот данок во даночниот биланс за претходната година (АОП 56 од ДБ за 2021 ПОДЕЛЕНО СО 12) зголемена за 10,9%.

Рокот за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец СЕПТЕМВРИ 2022 година е најдоцна до 15 ОКТОМВРИ 2022 година.