info-1459077_960_720

ИНФОРМАЦИИ ОД ЦРМ- СПРОВЕДУВАЊЕ КОНТРОЛА НА РЕГИСТРАЦИОНИТЕ АГЕНТИ И ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПЛАТФОРМА ЗА АНАЛИТИКА НА ДЕЛОВНИ И ФИНАНСИСКИ ПОДАТОЦИ ЗА ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА ОД РЕГИОНОТ

1. ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ КОНТРОЛА НА РЕГИСТРАЦИОНИТЕ АГЕНТИ

ЦРМ објави известување за спроведување контрола на регистрационите агенти.

Имено, согласно член 34-ѓ од Закон за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица, во текот на втората половина на месец септември, како и месец октомври 2022 година ќе се изврши контрола на регистрационите агенти (адвокати и сметководители) во Скопје и во сите РРК канцеларии.
Контролата ќе започне на 15 септември и истата ќе се спроведе во канцелариите на регистрационите агенти, со претходен договор со агентот, за датумот и часот на контролата.

Доколку имате дополнителни прашања, Ве молиме контактирајте го одделението за техничка помош на TehnichkaPomosh@crm.org.mk или на 02-3288-601.

ЛИНК ДО СООПШТЕНИЕТО
2. ПЛАТФОРМА ЗА АНАЛИТИКА НА ДЕЛОВНИ И ФИНАНСИСКИ ПОДАТОЦИ ЗА ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА ОД РЕГИОНОТ
Платформата BIFIDEX.com е регионална платформа за аналитика на деловни и финансиски податоци за трговските друштва во регионот на Западен Балкан и овозможува пристап до сите статусни и финансиски податоци за 1.5 милион правни и физички лица од официјалните регистри во Северна Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина (Република Српска).

Преку платформата www.BIFIDEX.com корисниците можат да го анализираат целиот регионален пазар според дејности и нивните финансиски показатели, како и да ги споредуваат финансиските перформанси на различни компании.
Овозможена е и интегрална информација за поврзаноста на физичките и правните лица во регионот.

Податоците се добиваат во реално време од официјалните бази на податоци на регистрите, и достапни се на сите официјални јазици и на англиски, а финансиската аналитика е овозможена во сите национални валути и во евра.


BIFIDEX овозможува и известување на заинтересираните корисници кога во официјалните регистри ќе настане било која промена кај компанијата или нејзините овластени лица.

Пребарувањата на основните податоци за правните и физички лица се бесплатни, а секој нов регистриран корисник на BIFIDEX добива и бесплатна годишна промотивна претплата за користење на определен дел од услугите. По истекот на промотивната претплата на корисниците им се достапни и комерцијални претплати кои почнуваат веќе од 60 евра.

Оваа иницијатива е поддржана од владите на сите регистри учеснички, а развиена и финансирана е со поддршка на Европската Банка за Обнова и развој (EBRD) и Фондот за Добро управување на Обединетото Кралство (UK GGF).

battery-6099116_960_720

ПРЕПОРАКИ И ЗАДОЛЖЕНИЈА ЗА ЗАШТЕДА НА ТОПЛИНСКА И ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

Министерот за економија вчера, 16.08.2022 година, на прес-конференција соопшти дека се донесени препораки и задолженија за заштеда на електрична и топлинска енергија за домаќинствата, бизнис секторот и јавните институции и раководителите на јавните институции и државните претпријатија.

Во продожение се задолженијата за јавниот сектор, а на линкот на крајот од текстот може да ги видите и препораките за домаќинствата и бизнис секторот.

Задолженија за јавните институции (министерства, агенции, органи на државна управа) и државни претпријатија

  1. Задолженија за раководните лица во јавните институции и државните претпријатија

Заради настанатите состојби поврзани со енормниот пораст на цената на електричната енергија на регионалните пазари и недостатокот на сопствено производство на електрична енергија потребно е во периодот од 1 септември 2022 година до 31 март 2023 година, сите раководни лица на јавните институции на централно ниво да преземат соодветни мерки за да се намали потрошувачката на електрична и топлинска енергија за 15% споредено со истиот период од 2021/2022 година.
За да може да се спроведе штедењето потребно е сите раководни лица во јавните институции да ги преземат сите неопходни мерки за организирање на процесот на работа во соодветни услови со примена на задолжителните мерки и тоа:

–          Да се исклучи декоративното осветлување на фасадите на сите јавни објекти и културни споменици.

–          Да не се користи осветлување во внатрешните простории и канцелариите во јавните објекти во период кога има доволно дневна светлина.

–          Во јавните објекти, во сезона на ладење температурата на климатизерите да се местат не пониско од 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени.

–         Јавните институции, во рамките на буџетите, да инсталираат колекторски системи за загревање на вода, доколку тоа е разумно и исплатливо.

–         Јавните институции целосно да го исклучат осветлувањето во излозите во период после работно време.

–        Да се заменат старите сијалици со вжарено влакно со компактни флуоресцентни сијалици.

–        Редовно да се менуваат филтрите на грејните тела, односно клима уредите во  работните простории.

–        Да се заменат старите прозорци во работните простории со нови ПВЦ прозорци за да се намали провевот.

–        Да се инсталираат интелигентни системи за управување со потрошувачката на енергија.

–       Доколку има финансиски средства на располагање да се размисли да се инвестираат во подобрување на енергетската ефикасност во смисла промена на енергетски ефикасни прозори, подобрување на изолацијата, подобрување на енергетската ефикасност на системите за греење и ладење, инвестирање во фотоволтаични системи.

–      Се задолжуваат сите институции на централно ниво од редот на своите вработени да определат лица кои ќе се грижат за намалување на потрошувачката на енергија, согласно наведените препораки, применувајќи чести контроли во текот на работното време, а особено после завршување на работното време, со цел намалување на потрошувачката за 15 % споредено со истиот месец од минатата година.

–          Се задолжуваат јавните институции, Министерствата, Агенциите,државните претпријатија и сите други органи на државна управа на централно ниво, кои повеќе од 90 дена се снабдуваат со електрична енергија од снабдувачот со електрична енергија во краен случај, во најкус можен рок  да извршат избор на снабдувач со електрична енергија на отворениот пазар.

  1. Однесување на вработените во јавните институции и државните претпријатија

–          Користење на скали наместо лифт, доколку е соодветно, за да се намали потрошувачката на енергија,

–          Кратко и интензивно проветрување на просториите – во зима проветрување пред да се напушти канцеларијата, а во лето рано наутро кога воздухот надвор е свеж.

–          Исклучување на светилките кога се напушта просторијата или може да се користи дневна светлина.

–          Печатење само на оние документи кои се потребни и онолку копии колку што е неопходно.

–          Да се исклучуваат сите компјутери по завршувањето на работата.

Препораки за општините и градот Скопје

  1. Препораки за раководните лица во општините и градот Скопје и јавните претпријатија на општинско ниво

–          Да се исклучи декоративното осветлување на фасадите на сите јавни објекти и културни споменици.

–          Да не се користи осветлување во внатрешните простории и канцелариите во јавните објекти во период кога има доволно дневна светлина.

–          Во јавните објекти, во сезона на ладење температурата на климатизерите да се местат не пониско од 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени.

–          Општините и градот Скопје, во рамките на буџетите, да инсталираат колекторски системи за загревање на вода, доколку тоа е разумно и исплатливо.

–        Општините и градот Скопје целосно да го исклучат осветлувањето во излозите во период после работно време.

–         Да се заменат старите сијалици со вжарено влакно со компактни флуоресцентни сијалици.

–         Редовно да се менуваат филтрите на грејните тела, односно клима уредите во работните простории.

–        Да се заменат старите прозорци во работните простории со нови ПВЦ прозорци за да се намали провевот.

–        Да се инсталираат интелигентни системи за управување со потрошувачката на енергија.

–       Доколку има финансиски средства на располагање да се размисли да се инвестираат во подобрување на енергетската ефикасност во смисла промена на енергетски ефикасни прозори, подобрување на изолацијата, подобрување на енергетската ефикасност на системите за греење и ладење, инвестирање во фотоволтаични системи.

–     Од редот на своите вработени да определат лица кои ќе се грижат за намалување на потрошувачката на енергија, согласно наведените препораки, применувајќи чести контроли во текот на работното време, а особено после завршување на работното време, со цел намалување на потрошувачката за 15 % споредено со истиот месец од минатата година.

  1. Препораки за однесување на вработените во општините и градот Скопје и јавните претпријатија на општинско ниво

–           Користење на скали наместо лифт, доколку е соодветно, за да се намали потрошувачката на енергија.

–           Кратко и интензивно проветрување на просториите – во зима проветрување пред да се напушти канцеларијата, а во лето рано наутро кога воздухот надвор е свеж.

–          Исклучување на светилките кога се напушта просторијата или може да се користи дневна светлина.

–          Печатење само на оние документи кои се потребни и онолку копии колку што е неопходно.

–          Да се исклучуваат сите компјутери по завршувањето на работата.

  1. Препораки за јавното осветлување во општините и градот Скопје

Општините и градот Скопје да направат распоред, така што на половина од улиците и булеварите го исклучуваат јавното осветлување, наизменично, преку еден ден.

Препорака за ЈП Патишта

Се препорачува на ЈП Патишта веднаш да отпочне со намалување на осветлувањето поставено на државните патишта до минимален сигурносен обем на осветлување на улици, плоштади и други објекти во земјава која ги опфаќа државните патишта.

ЛИНК ДО СООПШТЕНИЕТО

balloon-395598_960_720

ПРОЦЕНТ НА ПОРАСТ НА ЦЕНИТЕ НА МАЛО ЗА ЈУЛИ 2022

Процентот на кумулативниот пораст на цените на мало за зголемување на аконтацијата на данокот на добивка за месец ЈУЛИ 2022 година е ПОЗИТИВЕН и изнесува 9,3%, што значи дека даночната основа за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец ЈУЛИ 2022 година изнесува една дванаестина од утврдениот данок во даночниот биланс за претходната година (АОП 56 од ДБ за 2021 ПОДЕЛЕНО СО 12) зголемена за 9,3%.

Рокот за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец ЈУЛИ 2022 година е најдоцна до 15 АВГУСТ 2022 година.

white-6192614_960_720

Препораките за ослободување од работа на ранливите категории продолжуваат до 27 јули 2022 година

Портокаловата фаза на целата територија на државата продолжува до 27 јули 2022 година. Согласно Одлуката на Владата на РСМ донесена на седницата одржана на 22 јули 2022 година и препораките за граѓаните за време на топлиот бран продолжуваат.

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите, негователите и воспитувачите во градинките, вработените во Центрите за социјална работа, во Црвениот крст да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство, за заштита на здравјето и превенирање на последиците од топлотните бранови кои следуваат, согласно Акцискиот план на Министерство за здравство за превенирање на последиците од топлотни бранови врз здравјето на населението.

Општите мерки кои треба да се почитуваат се следниве:

Ослободување од работни обврски на најранливите групи население, како што се – бремените жени и лицата постари од 60 години.

Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници.

Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика апелира на зголемени контроли од страна на надлежниот Државен инспекторат за труд.

Линк до Соопштението од Влада https://vlada.mk/node/29672

Линк до препораки:  Топлотен бран.

celsius-2125_960_720

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО СО ПРЕПОРАКИ ЗА ЗАШТИТА ОД ВИСОКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ

Согласно добиените информации од метеоалармот на Управата за хидрометеоролошки работи, во следните четири дена – од четврток до недела (21-24.07.2022), територијата на целата држава ќе биде зафатена од високи температури од портокалова фаза и во овој период ќе важат препораките за намалување на ризиците од високи температури, согласно Акцискиот план на Министерство за здравство за превенирање на последиците од топлотни бранови врз здравјето на населението.

Во овој период, почнувајќи од четврток (21.07), сите региони во државата – скопскиот, осоговско-малешевскиот, пелагонискиот и охридско-преспанскиот ќе влезат во портокалова фаза, при што состојбата на топлотен бран почнува да важи на целата територија на Републиката и со цел заштита на здравјето на населението, Министерството за здравство ги дава следните препораки:

  1. Ослободување од работните обврски на најранливите групи население, како што се – бремените жени и хронично болни лица.
  2. Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот.
  3. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да укажат помош на постари, изнемоштени лица и бездомници.
  4. Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

Потсетуваме дека населението во летниот период потребно е да ги почитува следните општи мерки за заштита на здравјето како што се:

– Во текот на екстремно топли денови да се остане повеќе во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори  под сенка.

– Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце носете заштитни очила и капа, а при сончање да се користи крем со висок заштитен фактор.

– Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку мрсна храна.

– Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење,  а да се избегнуваат алкохолните пијалаци.

– При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри.

– Хронично болните лица редовно да ја земаат пропишаната терапија, во консултација со матичните лекари.

Поради високите температури и зголемената можност за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува:задолжително миење на свеж зеленчук и овошје пред нивната употреба; термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу краток рок по подготовката, како и избегнување термички необработени производи.
ЛИНК ДО ИЗВЕСТУВАЊЕТО ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

ПРЕПОРАКИ ДО РАБОТОДАВАЧИТЕ И ВРАБОТЕНИТЕ

hire-4740315_960_720

Оглас за вработување на административен работник

Доколку сакате да бидете дел од успешен тим и  подготвени сте да вложувате во својата иднина, знаење и вештини, пријавете се!

Професионал Акаунт е компанија за вршење на сметководствени и консалтинг услуги  и  акредитирана за вршење КПУ обуки на сметководители и овластени сметководители. Нашето портфолио вклучува голем број на домашни и странски компании и работи на пазарот повеќе од 10 години.

Нудиме можност за вработување на едно лице кое ги исполнуваа следните услови:

  1. Високо образование – Eкономски факултет
  2. Солидно познавање на англискиот јазик
  3. 3.     Солидно познавање на Microsoft Office (word, excel, power point)
  4. Способност за работа во тим
  5. Посветеност кон работата и високо ниво на професионалност и креативност.

 

Работни задачи:

  • водење евиденции, архива и слична документација
  • иготвување фактури и други документи
  • соработка со надлежни институции и поднесување соодветна документација за потребите на клиентите
  • комуникација со клиенти во странство.

Доколку ги исполнувате наведените услови, пријавете се најдоцна до 04.06.2021 година. Испратете ваша кратка биографија и мотивациско писмо на  info.professionalaccount@gmail.com / info@professionalaccount.mk

 

МДБ

Процент на пораст на цените на мало за април 2022

Процентот на кумулативниот пораст на цените на мало за зголемување на аконтацијата на данокот на добивка за месец АПРИЛ 2022 година е ПОЗИТИВЕН и изнесува 6,3%, што значи дека даночната основа за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец АПРИЛ 2022 година изнесува една дванаестина од утврдениот данок во даночниот биланс за претходната година (АОП 56 од ДБ за 2021 ПОДЕЛЕНО СО 12) зголемена за 6,3%.

Рокот за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец АПРИЛ 2022 година е најдоцна до 15 МАЈ 2022 година.

unnamed

ПОКАНА ЗА СОВЕТУВАЊЕ МОДУЛ 2 – 2022 ГОДИНА ЗА СМЕТКОВОДИТЕЛИ И ОВЛАСТЕНИ СМЕТКОВОДИТЕЛИ ОРГАНИЗИРАНО ОД ПРОФЕСИОНАЛ АКАУНТ ДООЕЛ

Почитувани,

Професионал Акаунт Ве поканува на еднодневно советување, како дел од втората тематска единица за 2022 година – МОДУЛ 2,
со кое ќе бидат реализирани 8 часа.

Советувањето ќе биде организирано во следните градови:

 

 

  • Секој модул носи 8 КПУ часови .
  • Сите заинтересирани за следење на втората тематска единица за модул 2, потребно е да пополнат апликација која се наоѓа тука .

ПРОГРАМА ЗА СОВЕТУВАЊЕТО

Надоместокот за советувањето од 8 часа (1 работен ден) изнесува 2.360 денари (со вклучен ДДВ)Ве молиме најдоцна 3 дена пред почетокот на советувањето,  да ја пополните апликацијата и извршите уплата на:

НЛБ Банка АД Скопје
Трансакциска с-ка: 210-0642103202-82
Цел на дознака: Модул 2/2022

Преземете ПРОФАКТУРА тука

Доколку Ви се потребни дополнителни информации, може да добиете на следните телефонски броеви: 075-205-573, 076-205-573, 02/3126-066, 02/3213-663.

 

oil-2759777_960_720

Ограничена продажбата на масло за јадење кај трговците на мало

Министерството за економија објави известување за ограничување на продажбата на маслото за јадење кај трговијата на мало со важност од 13.04.2022 година.

Известување гласи:

Од 13.04.2022 година на секој поединечен купувач кој ќе купува масло од сончоглед за јадење во трговските објекти, во текот на денот ќе биде ограничена продажбата на мала количина во единечно пакување. Се препорачува да не се дозволува продажба на масло од сончоглед за јадење во големи количини односно количини пакувани во пакети, објави министерот за економија Крешник Бектеши.
Министерството за економија во текот на вчерашниот ден достави известување до сите трговци со кое ги известува дека поради поради значајниот пораст на купување на масло од сончоглед за јадење од страна на домашни купувачи во однос на редовната потрошувачка на маслото од сончоглед за јадење во домаќинството, како и странски купувачи, со што се нарушува редовното снабдување на домашниот пазар.

За да се одржува тековната состојба на домашниот пазар со масло од сончоглед за јадење во продавниците и да се избегне пореметувања од непотребна појава на недостаток на масло од сончоглед за кај трговците на мало, ограничувањето по купувач ќе важи до 31 мај 2022 година.

Се замолуваат трговците на мало во случај кога купувач бара да купи поголеми количини на масло од сончоглед за јадење во текот на денот, веднаш да го известат Државниот пазарен инспекторат.”

 

Линк до соопштението https://economy.gov.mk/mk-MK/news/bektesi-ogranicena-prodazbata-na-maslo-za-jadene-kaj-trgovcite-vo-paketi.nspx

corona-4970836_960_720

Oлабавување на мерките за спречување ширење на Kоронавирусот (со важност од 13.04.2022)

Во “Службен весник на РСМ” бр. 92/22 објавена е:
– ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ПРЕВЕНТИВНИ ПРЕПОРАКИ, ВРЕМЕНИ МЕРКИ, НАРЕДНИ МЕРКИ, НАМЕНСКИ ПРОТОКОЛИ, ПЛАНОВИ И АЛГОРИТМИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЗДРАВЈЕТО НА НАСЕЛЕНИЕТО ОД ЗАРАЗНАТА БОЛЕСТ COVID -19 ПРЕДИЗВИКАНА ОД ВИРУСОТ SARS CoV-2, СЛУЧАИТЕ И ВРЕМЕНСКИОТ ПЕРИОД НА НИВНА ПРИМЕНА.

Одлуката влезе во сила од 13 април 2022.

Согласно Одлуката:

1. Се укинува задолжителното носење на заштитни маски во затворен простор, со исклучок на здравствените установи, јавниот превоз, аптеките и домовите за возрасни лица и за лица со попреченост.

Во врска со оваа точка, иако се укинува носењето маски во затворен простор, Владата силно ја афирмира препораката на КЗБ маски во затворен простор да носат лицата над 65 годишна возраст, хронично болните и лицата со намален имунитет.

2. Се укинува обврската за задолжителното носење на маски за време на физичката настава во средните училишта, како и забраната за организирање екскурзии и настава во природа.

3. Се укинува мерката за задолжителна изолација на лица што имале блиски контакти со случаи позитивни на КОВИД-19, за кои останува мерката за носење заштитна маска (трослојна хируршка маска или KN95) во затворен простор во период од 7 дена од последниот контакт со лица со потврден КОВИД-19.

Како прилог на Одлуката за изменување и дополнување објавени се и повеќе протоколи, како и Протоколот за превентивни мерки на сите работни места.

Службен весник со Одлуката за изменување и дополнување