mask-4898571_960_720

Oлабавување на превентивните мерки за заштита од коронавирусот

Во “Службен весник на РСМ” бр. 78/22 објавена е:
– Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредни мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARSCOV-2, случаите и временскиот период на нивна примена.

Одлуката влезе во сила од 29 март 2022.

Со измените и дополнувањата измените и дополнувањата:

започнува наставата со физичко присуство на факултетите во земјата со почитување на препорачаните превентивни мерки за превенција од коронавирус КОВИД-19, задолжително носење заштитни маски во затворен простор, одржување на физичко растојание 1-2 метри, зачестена хигиена на рацете со задолжителна дезинфекција пред влезовите во предавалните, амфитеатрите, вежбалните, односно негрупирање и често проветрување на затворените простории, со препорака за вакцинација на студентите и наставниот кадар на факултетите во државата,

посетувањето на наставата во основните училишта ќе се одвива без маски за учениците, освен ако учениците по сопствена волја не бараат да носат заштитна маска. За наставниците и останатите вработени во училиштата останува обврската за носење маски,

–  се зголемува максималната исполнетост на капацитетот на отворен и затворен простор од досегашниот најмногу до 50%, на најмногу до 75%, со задолжително носење на заштитни маски за културни настани, театри, кина, филхармонија, како и семинари, обуки, состаноци, конференции и слично,

– се укинува обврската за обезбедување редарски служби во економските оператори,

– се укинува мерката за задолжително поседување сертификат/потврда (за извршена имунизација (вакцинација), односно примени две дози на вакцина против КОВИД-19  или сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 180 дена, сметајќи од денот на оздравувањето) за посета на угостителски објекти на отвореноЗа затворените делови останува обврската за задолжително поседување на сертификатите за вакцинација или за прележаност.

Полицијата и армијата ќе продолжат со обезбедувањето на КОВИД центрите и вакциналните пунктови, а ќе престане надворешното физичко обезбедување на одделни КОВИД капацитети во Скопје и другите градови на државата.

Во рамки на Одлуката објавени се и протоколи за организирање настани во затврено, организирање настани на отворено и протоколи за постапување во училиштата.

ПРЕЗЕМИ СЛУЖБЕН ВЕСНИК

МДБ

Процент на пораст на цените на мало за февруари 2022 – МДБ

Процентот на кумулативниот пораст на цените на мало за зголемување на аконтацијата на данокот на добивка за месец ФЕВРУАРИ 2022 година е ПОЗИТИВЕН и изнесува 4,7%, што значи дека даночната основа за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец ФЕВРУАРИ 2022 година изнесува една дванаестина од утврдениот данок во даночниот биланс за претходната година (АОП 56 од ДБ за 2021 ПОДЕЛЕНО СО 12) зголемена за 4,7%.

Рокот за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец ФЕВРУАРИ 2022 година е најдоцна до 15 МАРТ 2022 година.

information-1481584_960_720

ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ОБРАСЦИТЕ ,,ДБ”, “ДБ-ВП”, “ДБ-НП/ВП”, “ДЛД-ДБ” И ОБРАЗЕЦ “Б”

Се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека се продолжува рокот за поднесување на обрасците

до 10 март 2022 година за поднесоци во хартиена форма, односно до 25 март 2022 година за поднесоци во електронска форма.

Согласно одлуката на Централен регистар на РСМ за продолжување на рокот за поднесување годишна сметка за 2021 година, Управата за јавни приходи информира дека се продолжува рокот за поднесување на обрасците ,,ДБ”, ,,ДБ-ВП”, ,,ДБ-НП/ВП”, ,,ДЛД-ДБ” и ,,Б” чиј рок на поднесување е усогласен со рокот на поднесување на завршна сметка.

Воедно се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека рокот за поднесување на исправки на образецот ДДВ-04 за даночните периоди од 2021 се продолжува до 25 март 2022 година.

Корисни информации:

Линк до соопштението до УЈП 

news-1028793_960_720

Централен регистар го продолжи рокот за поднесување на годишна сметка

Во продолжение е известувањето од ЦРМ:

“Почитувани,
Согласно барањата пристигнати до Централниот регистар, кои се однесуваат за продолжување на рокот за поднесување на годишна сметка за 2021 година, поради заштита и превенција од вирусот covid-19, Ве известуваме дека Централниот регистар одлучи да излезе во пресрет на барањето на обврзниците за поднесување на годишна сметка и на сметководителите со продолжување на рокот за 10 дена, како за хартиено така и за електронско поднесување на годишни сметки.

Крајниот рок за поднесување на годишна сметка во хартиена форма ќе биде до 10.03 2022 година, со работно време на сите канцеларии на Централниот регистар од 08:00 до 16:00 часот, додека крајниот рок за поднесување на годишната сметка во електронска форма ќе биде до 25.03.2022 година до 24 часот.

Централниот регистар како сервисно ориентирана институција која секогаш ги зема во предвид барањата и потребите на странките и нашите корисници, во рамките на законските можности трета година по ред го продолжува рокот за поднесување на годишните сметки поради зголемениот број на позитивни случаи од Корона вирус. Сакаме да напоменеме дека минатата година приемот на годишните сметки го следеше трендот како и изминатите години, па во законски предвидениот рок во Централен регистар беа поднесени 95% годишни сметки.

Одлуката за пролонгирање на рокот е во согласност со член 477 став 1 од Законот за трговски друштва.

Повеќе информации за поднесување на годишна сметка

Со Почит,
Централен регистар на Република Северна Македонија”.

Линк до соопштението

 

balloon-395598_960_720

ПРОЦЕНТОТ НА ПОРАСТ НА ЦЕНИТЕ НА МАЛО ЗА МЕСЕЦ ЈАНУАРИ 2022 ГОДИНА ИЗНЕСУВА 4,6% – МДБ

Согласно денешната (14.02.2022 година) информација од Државниот завод за статистика процентот на кумулативниот пораст на цените на мало за зголемување на аконтацијата на данокот на добивка за месец ЈАНУАРИ 2022 година е ПОЗИТИВЕН и изнесува 4,6%.

Рокот за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец ЈАНУАРИ 2022 година е најдоцна до 15 ФЕВРУАРИ 2022 година.

balloon-395598_960_720

Процент на кумулативниот пораст на цените на мало за декември 2021

Процентот на кумулативниот пораст на цените на мало за зголемување на аконтацијата на данокот на добивка за месец декември 2021 година е ПОЗИТИВЕН и изнесува 4,3%, што значи дека даночната основа за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец ДЕКЕМВРИ 2021 година изнесува една дванаестина од утврдениот данок во даночниот биланс за претходната година (АОП 56 од ДБ за 2020 ПОДЕЛЕНО СО 12) зголемена за 4,3%.

Рокот за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец ДЕКЕМВРИ 2021 година е најдоцна до 15 ЈАНУАРИ 2022 година.

news-1644696_960_720

Поднесување на барање за претворање на финансиска поддршка за исплата на плати во грант

Управата за јавни приходи објави соопштение во врска со претворањето на финансиката поддршка во грант.

Соопштението е во прилог:

“Барање за претворање на финансиската поддршка во грант се поднесува најдоцна до 15.01.2022 година преку системот е-Даноци

  1. Работодавачите (правни лица и самовработени лица за своите вработени) кои го искористиле правото на финансиска поддршка за исплата на плати за вработените, согласно Законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот COVID-19, заради исплата на платите за месеците февруари и март 2021 година („Службен весник на Република Северна Македонија’’, број 85/21), а ги исполниле условите од членот 9 став 3, можат да поднесат Барање за претворање на финансиската поддршка за исплата на плати во грант „образец Б-ПФПГ“.
    – Работодавачите, образецот Б-ПФПГ, задолжително го поднесуваат преку системот е-Даноци.
    – Барањата се поднесуваат најдоцна до 15.01.2022 година
    – Прилозите кон Барањето, фактури за извршените набавки и изводи од носител на платен промет како доказ за извршеното плаќање на фактурите задолжително се доставуваат до надлежната Регионална дирекција на УЈП каде се администрира обврзникот во хартиена форма.
  2. Физички лица кои вршат самостојна дејност кои го искористиле правото на финансиска поддршка (за самите носители на дејноста) , согласно Законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност, погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот COVID-19, за месеците февруари и март 2021 година („Службен весник на Република Северна Македонија’’, број 85/21), а ги исполниле условите од членот 8 став 3, треба да поднесат Барање за претворање на финансиската поддршка за исплата на плати во грант „образец Б-ПФПГ/СВД“.
    – Физички лица кои вршат самостојна дејност, образецот Б-ПФПГ/СВД задолжително го поднесуваат преку системот е-Даноци.
    – Барањата се поднесуваат најдоцна до 15.01.2022 година.
    – Прилозите кон Барањето, фактури за извршените набавки и изводи од носител на платен промет како доказ за извршеното плаќање на фактурите задолжително се доставуваат до надлежната Регионална дирекција на УЈП каде се администрира обврзникот во хартиена форма.

Напомена:
На даночниот обврзник регистриран за целите на ДДВ во грант му се претвора износот на набавеното добро без пресметаниот данок на додадена вредност, додека пак во случаите кога набавуваат добра за кои даночниот обврзник нема право на одбивка на претходен данок во грант му се претвора износот на набавеното добро со пресметаниот данок на додадена вредност.
На даночниот обврзник нерегистриран за целите на ДДВ за набавените добра во грант му се претвора износот на набавеното добро со пресметаниот данок на додадена вредност

Корисни информации:

  • Закон за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено -економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, за исплата на плати за месеците февруари и март 2021 година (види линк: http://www.ujp.gov.mk/mk/regulativa/opis/415)
  • Закон за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот covid-19, за месеците февруари и март 2021 година (види линк: http://www.ujp.gov.mk/mk/regulativa/opis/416″.

Линк од соопштението http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/888

news-1644696_960_720

Даночно намалување на данок на личен доход за 2022 година

Во “Службен весник на РСМ” бр. 303/21, врз основа на член 10 став (4) од Законот за данокот на личен доход („Службен весник на Република Македонија“ бр. 241/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 275/19, 290/20 и 85/21), објавено е даночното намалување за 2022 година, и тоа:

1. Даночното намалување утврдено во член 10 став (2) од Законот за данокот на личен доход, за 2022 година на годишно ниво, изнесува 105.456,00 денари.


 2. Даночното намалување по основ на доход од работа од плата, надоместоци на плата и пензија, месечно се утврдува во износ од 8.788,00 денари, согласно со член 17 став (2) од Законот за данокот на личен доход.

МДБ

Процент на кумулативниот пораст на цените на мало за ноември 2021

Процентот на кумулативниот пораст на цените на мало за зголемување на аконтацијата на данокот на добивка за месец НОЕМВРИ 2021 година е ПОЗИТИВЕН и изнесува 4%, што значи дека даночната основа за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец НОЕМВРИ 2021 година изнесува една дванаестина од утврдениот данок во даночниот биланс за претходната година (АОП 56 од ДБ за 2020 ПОДЕЛЕНО СО 12) зголемена за 4%.

Рокот за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец НОЕМВРИ 2021 година е најдоцна до 15 ДЕКЕМВРИ 2021 година.

balloon-395598_960_720

Процент на пораст на цените на мало за октомври 2021 година

Процентот на кумулативниот пораст на цените на мало за зголемување на аконтацијата на данокот на добивка за месец ОКТОМВРИ 2021 година е ПОЗИТИВЕН и изнесува 3,8%, што значи дека даночната основа за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец ОКТОМВРИ 2021 година изнесува една дванаестина од утврдениот данок во даночниот биланс за претходната година (АОП 56 од ДБ за 2020 ПОДЕЛЕНО СО 12) зголемена за 3,8%.

Рокот за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец ОКТОМВРИ 2021 година е најдоцна до 15 НОЕМВРИ 2021 година.