news-1028793_960_720

Централен регистар го продолжи рокот за поднесување на годишна сметка

Во продолжение е известувањето од ЦРМ:

“Почитувани,
Согласно барањата пристигнати до Централниот регистар, кои се однесуваат за продолжување на рокот за поднесување на годишна сметка за 2021 година, поради заштита и превенција од вирусот covid-19, Ве известуваме дека Централниот регистар одлучи да излезе во пресрет на барањето на обврзниците за поднесување на годишна сметка и на сметководителите со продолжување на рокот за 10 дена, како за хартиено така и за електронско поднесување на годишни сметки.

Крајниот рок за поднесување на годишна сметка во хартиена форма ќе биде до 10.03 2022 година, со работно време на сите канцеларии на Централниот регистар од 08:00 до 16:00 часот, додека крајниот рок за поднесување на годишната сметка во електронска форма ќе биде до 25.03.2022 година до 24 часот.

Централниот регистар како сервисно ориентирана институција која секогаш ги зема во предвид барањата и потребите на странките и нашите корисници, во рамките на законските можности трета година по ред го продолжува рокот за поднесување на годишните сметки поради зголемениот број на позитивни случаи од Корона вирус. Сакаме да напоменеме дека минатата година приемот на годишните сметки го следеше трендот како и изминатите години, па во законски предвидениот рок во Централен регистар беа поднесени 95% годишни сметки.

Одлуката за пролонгирање на рокот е во согласност со член 477 став 1 од Законот за трговски друштва.

Повеќе информации за поднесување на годишна сметка

Со Почит,
Централен регистар на Република Северна Македонија”.

Линк до соопштението

 

balloon-395598_960_720

ПРОЦЕНТОТ НА ПОРАСТ НА ЦЕНИТЕ НА МАЛО ЗА МЕСЕЦ ЈАНУАРИ 2022 ГОДИНА ИЗНЕСУВА 4,6% – МДБ

Согласно денешната (14.02.2022 година) информација од Државниот завод за статистика процентот на кумулативниот пораст на цените на мало за зголемување на аконтацијата на данокот на добивка за месец ЈАНУАРИ 2022 година е ПОЗИТИВЕН и изнесува 4,6%.

Рокот за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец ЈАНУАРИ 2022 година е најдоцна до 15 ФЕВРУАРИ 2022 година.

balloon-395598_960_720

Процент на кумулативниот пораст на цените на мало за декември 2021

Процентот на кумулативниот пораст на цените на мало за зголемување на аконтацијата на данокот на добивка за месец декември 2021 година е ПОЗИТИВЕН и изнесува 4,3%, што значи дека даночната основа за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец ДЕКЕМВРИ 2021 година изнесува една дванаестина од утврдениот данок во даночниот биланс за претходната година (АОП 56 од ДБ за 2020 ПОДЕЛЕНО СО 12) зголемена за 4,3%.

Рокот за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец ДЕКЕМВРИ 2021 година е најдоцна до 15 ЈАНУАРИ 2022 година.

news-1644696_960_720

Поднесување на барање за претворање на финансиска поддршка за исплата на плати во грант

Управата за јавни приходи објави соопштение во врска со претворањето на финансиката поддршка во грант.

Соопштението е во прилог:

“Барање за претворање на финансиската поддршка во грант се поднесува најдоцна до 15.01.2022 година преку системот е-Даноци

  1. Работодавачите (правни лица и самовработени лица за своите вработени) кои го искористиле правото на финансиска поддршка за исплата на плати за вработените, согласно Законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот COVID-19, заради исплата на платите за месеците февруари и март 2021 година („Службен весник на Република Северна Македонија’’, број 85/21), а ги исполниле условите од членот 9 став 3, можат да поднесат Барање за претворање на финансиската поддршка за исплата на плати во грант „образец Б-ПФПГ“.
    – Работодавачите, образецот Б-ПФПГ, задолжително го поднесуваат преку системот е-Даноци.
    – Барањата се поднесуваат најдоцна до 15.01.2022 година
    – Прилозите кон Барањето, фактури за извршените набавки и изводи од носител на платен промет како доказ за извршеното плаќање на фактурите задолжително се доставуваат до надлежната Регионална дирекција на УЈП каде се администрира обврзникот во хартиена форма.
  2. Физички лица кои вршат самостојна дејност кои го искористиле правото на финансиска поддршка (за самите носители на дејноста) , согласно Законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност, погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот COVID-19, за месеците февруари и март 2021 година („Службен весник на Република Северна Македонија’’, број 85/21), а ги исполниле условите од членот 8 став 3, треба да поднесат Барање за претворање на финансиската поддршка за исплата на плати во грант „образец Б-ПФПГ/СВД“.
    – Физички лица кои вршат самостојна дејност, образецот Б-ПФПГ/СВД задолжително го поднесуваат преку системот е-Даноци.
    – Барањата се поднесуваат најдоцна до 15.01.2022 година.
    – Прилозите кон Барањето, фактури за извршените набавки и изводи од носител на платен промет како доказ за извршеното плаќање на фактурите задолжително се доставуваат до надлежната Регионална дирекција на УЈП каде се администрира обврзникот во хартиена форма.

Напомена:
На даночниот обврзник регистриран за целите на ДДВ во грант му се претвора износот на набавеното добро без пресметаниот данок на додадена вредност, додека пак во случаите кога набавуваат добра за кои даночниот обврзник нема право на одбивка на претходен данок во грант му се претвора износот на набавеното добро со пресметаниот данок на додадена вредност.
На даночниот обврзник нерегистриран за целите на ДДВ за набавените добра во грант му се претвора износот на набавеното добро со пресметаниот данок на додадена вредност

Корисни информации:

  • Закон за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено -економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, за исплата на плати за месеците февруари и март 2021 година (види линк: http://www.ujp.gov.mk/mk/regulativa/opis/415)
  • Закон за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот covid-19, за месеците февруари и март 2021 година (види линк: http://www.ujp.gov.mk/mk/regulativa/opis/416″.

Линк од соопштението http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/888

news-1644696_960_720

Даночно намалување на данок на личен доход за 2022 година

Во “Службен весник на РСМ” бр. 303/21, врз основа на член 10 став (4) од Законот за данокот на личен доход („Службен весник на Република Македонија“ бр. 241/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 275/19, 290/20 и 85/21), објавено е даночното намалување за 2022 година, и тоа:

1. Даночното намалување утврдено во член 10 став (2) од Законот за данокот на личен доход, за 2022 година на годишно ниво, изнесува 105.456,00 денари.


 2. Даночното намалување по основ на доход од работа од плата, надоместоци на плата и пензија, месечно се утврдува во износ од 8.788,00 денари, согласно со член 17 став (2) од Законот за данокот на личен доход.

МДБ

Процент на кумулативниот пораст на цените на мало за ноември 2021

Процентот на кумулативниот пораст на цените на мало за зголемување на аконтацијата на данокот на добивка за месец НОЕМВРИ 2021 година е ПОЗИТИВЕН и изнесува 4%, што значи дека даночната основа за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец НОЕМВРИ 2021 година изнесува една дванаестина од утврдениот данок во даночниот биланс за претходната година (АОП 56 од ДБ за 2020 ПОДЕЛЕНО СО 12) зголемена за 4%.

Рокот за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец НОЕМВРИ 2021 година е најдоцна до 15 ДЕКЕМВРИ 2021 година.

balloon-395598_960_720

Процент на пораст на цените на мало за октомври 2021 година

Процентот на кумулативниот пораст на цените на мало за зголемување на аконтацијата на данокот на добивка за месец ОКТОМВРИ 2021 година е ПОЗИТИВЕН и изнесува 3,8%, што значи дека даночната основа за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец ОКТОМВРИ 2021 година изнесува една дванаестина од утврдениот данок во даночниот биланс за претходната година (АОП 56 од ДБ за 2020 ПОДЕЛЕНО СО 12) зголемена за 3,8%.

Рокот за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец ОКТОМВРИ 2021 година е најдоцна до 15 НОЕМВРИ 2021 година.

Nafta

Највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт

Согласно Одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт објавена во “Службен весник на РСМ” бр.235/21, највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт за следната недела почнувајќи од 19 октомври 2021 година, изнесуваат:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 = 76,50 (денари/литар)

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98= 78,50 (денари/литар)

– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)= 68,50 (денари/литар)

– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) = 68,00 (денари/литар)

– Мазут М-1 НС =43,010 (денари/килограм).

Цените на нафтените деривати и горивата за транспорт може да ги следите во Делот за преплатници- Нафтени деривати.

за онлајн

Почитувани,

ПРОФЕСИОНАЛ АКАУНТ Ве поканува на
еднодневно онлајн советување  

на тема

НАСОКИ И ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ ЗА ИЗРАБОТКА НА ТЕХНИЧКАТА И ОРГАНИЗАЦИСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА КАКО ОБВРСКА ПРОИЗЛЕЗЕНА ОД ПРОПИСИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

 

Советувањето ќе се одржи на 15 септември (среда) 2021 година, со почеток од 11 часот.

Цена на советувањето 2.200 денари со вклучен ДДВ од 18%.

Секој учесник ќе добие материјал во електронска форма со примери на акти како патоказ за изготвување на техничката и организацската документација.

Ве молиме најдоцна 3 дена пред почетокот на обуката, да ја пополните апликацијата на следниот линк и да извршите уплата на:

 

ВИДИ ПРОГРАМА

Ве молиме најдоцна 3 дена пред почетокот на советувањето, да ја пополните апликацијата на следниот линк https://docs.google.com/forms/d/1XLumjlTH2BwmV_ELGhLF_7xsWRzggvlJcVz6AyalUHc/edit и да извршите уплата на:

НЛБ Банка АД Скопје
Трансакциска с-ка: 210-0642103202-82
Цел на дознака: советување- септември 2021

Сите дополнителни информации може да ги добиете на следните телефонски броеви:

 +389 2 3213 663

+389 2 3126 066

+389 70 20 55 73

+389 76 20 55 73 

Обврските кои контролорите и обработувачите на лични податоци треба да ги исполнат согласно прописите од областа на заштитата на личните податоци треба да бидат документирани, но не постои точно пропишана форма и содржина, односно унифицирана содржина на акти.

Со оглед на тоа што документирањето на техничките и организациските мерки кои ги преземаат контролирите и обработувачите зависи од видот и обемот на личните податоци кои тие ги обработуваат, предавањето ќе биде конципирано така што ќе посветиме повеќе внимание на различни примери и насоки за изработка на актите за документирање на мерките.

Цели на советувањето:

  • Да се разберат поимите и нивното значење
  • Да се разберат обврските што ги имате како контролор и/или обработувач согласно Законот и подзаконските акти
  • Начин на заштита и проценка на влијанието на личните податоци кои се обработуваат
  • Полесно изготвување на документацијата за техничките и организациските мерки кои имате законска обврска да ги изработите.

 

МДБ

ПОРАСТ НА ПРОЦЕНТОТ НА ЦЕНИ НА МАЛО ЗА ЈУНИ 2021 ГОДИНА

Процентот на кумулативниот пораст на цените на мало за зголемување на аконтацијата на данокот на добивка за месец ЈУНИ 2021 година е ПОЗИТИВЕН и изнесува 2,2%, што значи дека даночната основа за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец ЈУНИ 2021 година изнесува една дванаестина од утврдениот данок во даночниот биланс за претходната година (АОП 56 од ДБ за 2020 ПОДЕЛЕНО СО 12) зголемена за 2,2%.

Рокот за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец ЈУНИ 2021 година е најдоцна до 15 ЈУЛИ 2021 година.