МДБ

Процент на пораст на цените на мало за април 2022

Процентот на кумулативниот пораст на цените на мало за зголемување на аконтацијата на данокот на добивка за месец АПРИЛ 2022 година е ПОЗИТИВЕН и изнесува 6,3%, што значи дека даночната основа за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец АПРИЛ 2022 година изнесува една дванаестина од утврдениот данок во даночниот биланс за претходната година (АОП 56 од ДБ за 2021 ПОДЕЛЕНО СО 12) зголемена за 6,3%.

Рокот за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец АПРИЛ 2022 година е најдоцна до 15 МАЈ 2022 година.

corona-4970836_960_720

Oд 4 мај 2022 година укинување на рестирктивните мерки, со некои исклучоци

Во “Службен весник на РСМ” бр. 106/22, објавена е:
– ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ПРЕВЕНТИВНИ ПРЕПОРАКИ, ВРЕМЕНИ МЕРКИ, НАРЕДЕНИ МЕРКИ, НАМЕНСКИ ПРОТОКОЛИ, ПЛАНОВИ И АЛГОРИТМИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЗДРАВЈЕТО НА НАСЕЛЕНИЕТО ОД ЗАРАЗНАТА БОЛЕСТ COVID-19 ПРЕДИЗВИКАНА ОД ВИРУСОТ SARS-CoV-2, СЛУЧАИТЕ И ВРЕМЕНСКИОТ ПЕРИОД НА НИВНА ПРИМЕНА.
Одлуката влезе во сила од 4 мај 2022 година.
Со измените на Одлуката, престануваат да важат сите рестриктивни мерки освен задолжителното носење заштитни маски во здравствените установи, аптеките и во установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.

Владата ги реафирмира препораките за почитување и практикување на основните превентивни мерки за заштита како што се:
– негрупирање и одржување физичка дистанца,
– носење заштитни маски на јавни места, посебно во затворен простор кога нема можност за физичка дистанца,
– редовна лична хигиена,
– проветрување на затворените простории и
– самоизолација во домашни услови при услови на симптоми на заболувања на респираторниот систем.

ПРЕЗЕМИ СЛУЖБЕН ВЕСНИК

unnamed

ПОКАНА ЗА СОВЕТУВАЊЕ МОДУЛ 2 – 2022 ГОДИНА ЗА СМЕТКОВОДИТЕЛИ И ОВЛАСТЕНИ СМЕТКОВОДИТЕЛИ ОРГАНИЗИРАНО ОД ПРОФЕСИОНАЛ АКАУНТ ДООЕЛ

Почитувани,

Професионал Акаунт Ве поканува на еднодневно советување, како дел од втората тематска единица за 2022 година – МОДУЛ 2,
со кое ќе бидат реализирани 8 часа.

Советувањето ќе биде организирано во следните градови:

 

 

  • Секој модул носи 8 КПУ часови .
  • Сите заинтересирани за следење на втората тематска единица за модул 2, потребно е да пополнат апликација која се наоѓа тука .

ПРОГРАМА ЗА СОВЕТУВАЊЕТО

Надоместокот за советувањето од 8 часа (1 работен ден) изнесува 2.360 денари (со вклучен ДДВ)Ве молиме најдоцна 3 дена пред почетокот на советувањето,  да ја пополните апликацијата и извршите уплата на:

НЛБ Банка АД Скопје
Трансакциска с-ка: 210-0642103202-82
Цел на дознака: Модул 2/2022

Преземете ПРОФАКТУРА тука

Доколку Ви се потребни дополнителни информации, може да добиете на следните телефонски броеви: 075-205-573, 076-205-573, 02/3126-066, 02/3213-663.

 

oil-2759777_960_720

Ограничена продажбата на масло за јадење кај трговците на мало

Министерството за економија објави известување за ограничување на продажбата на маслото за јадење кај трговијата на мало со важност од 13.04.2022 година.

Известување гласи:

Од 13.04.2022 година на секој поединечен купувач кој ќе купува масло од сончоглед за јадење во трговските објекти, во текот на денот ќе биде ограничена продажбата на мала количина во единечно пакување. Се препорачува да не се дозволува продажба на масло од сончоглед за јадење во големи количини односно количини пакувани во пакети, објави министерот за економија Крешник Бектеши.
Министерството за економија во текот на вчерашниот ден достави известување до сите трговци со кое ги известува дека поради поради значајниот пораст на купување на масло од сончоглед за јадење од страна на домашни купувачи во однос на редовната потрошувачка на маслото од сончоглед за јадење во домаќинството, како и странски купувачи, со што се нарушува редовното снабдување на домашниот пазар.

За да се одржува тековната состојба на домашниот пазар со масло од сончоглед за јадење во продавниците и да се избегне пореметувања од непотребна појава на недостаток на масло од сончоглед за кај трговците на мало, ограничувањето по купувач ќе важи до 31 мај 2022 година.

Се замолуваат трговците на мало во случај кога купувач бара да купи поголеми количини на масло од сончоглед за јадење во текот на денот, веднаш да го известат Државниот пазарен инспекторат.”

 

Линк до соопштението https://economy.gov.mk/mk-MK/news/bektesi-ogranicena-prodazbata-na-maslo-za-jadene-kaj-trgovcite-vo-paketi.nspx

corona-4970836_960_720

Oлабавување на мерките за спречување ширење на Kоронавирусот (со важност од 13.04.2022)

Во “Службен весник на РСМ” бр. 92/22 објавена е:
– ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ПРЕВЕНТИВНИ ПРЕПОРАКИ, ВРЕМЕНИ МЕРКИ, НАРЕДНИ МЕРКИ, НАМЕНСКИ ПРОТОКОЛИ, ПЛАНОВИ И АЛГОРИТМИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЗДРАВЈЕТО НА НАСЕЛЕНИЕТО ОД ЗАРАЗНАТА БОЛЕСТ COVID -19 ПРЕДИЗВИКАНА ОД ВИРУСОТ SARS CoV-2, СЛУЧАИТЕ И ВРЕМЕНСКИОТ ПЕРИОД НА НИВНА ПРИМЕНА.

Одлуката влезе во сила од 13 април 2022.

Согласно Одлуката:

1. Се укинува задолжителното носење на заштитни маски во затворен простор, со исклучок на здравствените установи, јавниот превоз, аптеките и домовите за возрасни лица и за лица со попреченост.

Во врска со оваа точка, иако се укинува носењето маски во затворен простор, Владата силно ја афирмира препораката на КЗБ маски во затворен простор да носат лицата над 65 годишна возраст, хронично болните и лицата со намален имунитет.

2. Се укинува обврската за задолжителното носење на маски за време на физичката настава во средните училишта, како и забраната за организирање екскурзии и настава во природа.

3. Се укинува мерката за задолжителна изолација на лица што имале блиски контакти со случаи позитивни на КОВИД-19, за кои останува мерката за носење заштитна маска (трослојна хируршка маска или KN95) во затворен простор во период од 7 дена од последниот контакт со лица со потврден КОВИД-19.

Како прилог на Одлуката за изменување и дополнување објавени се и повеќе протоколи, како и Протоколот за превентивни мерки на сите работни места.

Службен весник со Одлуката за изменување и дополнување 

balloon-395598_960_720

ПРОЦЕНТ НА ПОРАСТ НА ЦЕНИТЕ НА МАЛО ЗА МЕСЕЦ МАРТ 2022

Процентот на кумулативниот пораст на цените на мало за зголемување на аконтацијата на данокот на добивка за месец МАРТ 2022 година е ПОЗИТИВЕН и изнесува 5,4%, што значи дека даночната основа за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец МАРТ 2022 година изнесува една дванаестина од утврдениот данок во даночниот биланс за претходната година (АОП 56 од ДБ за 2021 ПОДЕЛЕНО СО 12) зголемена за 5,4%.

Рокот за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец МАРТ 2022 година е најдоцна до 15 АПРИЛ 2022 година.

computer-3109537_960_720

Владата ја усвои Информацијата за исплата на плати во јавниот сектор (Предлог Законот за изменување на Законот за административни службеници сè уште е во собраниска процедура)

Владата на Република Северна Македонија на вчерашната 35-та седница одржана онлајн, преку видео конференциска врска, ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на плати во јавниот сектор.

Согласно оваа Информација, Владата ги задолжи сите органи на државната управа и донесе заклучок да им се укаже на сите институции кои не се органи на државната управа, да постапат согласно постоечките законски решенија за пресметка на плата и да ја исплатат во законски утврдениот рок.

Во образложението во врска со ова прашање се истакнува дека според Законот за минимална плата, право на минимална плата имаат сите работници, во висина утврдена согласно со овој Закон, а законската рамка за усогласување на минималната плата со платата на вработените во државната управа е утврдена во текстот на Предлог-Законот за изменување на Законот за административни службеници, кој се очекува да биде донесен од страна на Собранието на Република Северна Македонија во текот на месец април.

Во Законот е содржана преодна одредба според која одредбите кои се однесуваат на промената на системот на плати за сите административни службеници ќе отпочнат да се применуваат со исплатата на мартовската плата во месец април 2022 година. По влегувањето во сила на Законот ќе се изврши корекција на платите, односно правото за усогласување со Законот за минимална плата ќе се оствари и за платата за месец март.

ВИДИ СООПШТЕНИЕ

mask-4898571_960_720

Oлабавување на превентивните мерки за заштита од коронавирусот

Во “Службен весник на РСМ” бр. 78/22 објавена е:
– Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредни мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARSCOV-2, случаите и временскиот период на нивна примена.

Одлуката влезе во сила од 29 март 2022.

Со измените и дополнувањата измените и дополнувањата:

започнува наставата со физичко присуство на факултетите во земјата со почитување на препорачаните превентивни мерки за превенција од коронавирус КОВИД-19, задолжително носење заштитни маски во затворен простор, одржување на физичко растојание 1-2 метри, зачестена хигиена на рацете со задолжителна дезинфекција пред влезовите во предавалните, амфитеатрите, вежбалните, односно негрупирање и често проветрување на затворените простории, со препорака за вакцинација на студентите и наставниот кадар на факултетите во државата,

посетувањето на наставата во основните училишта ќе се одвива без маски за учениците, освен ако учениците по сопствена волја не бараат да носат заштитна маска. За наставниците и останатите вработени во училиштата останува обврската за носење маски,

–  се зголемува максималната исполнетост на капацитетот на отворен и затворен простор од досегашниот најмногу до 50%, на најмногу до 75%, со задолжително носење на заштитни маски за културни настани, театри, кина, филхармонија, како и семинари, обуки, состаноци, конференции и слично,

– се укинува обврската за обезбедување редарски служби во економските оператори,

– се укинува мерката за задолжително поседување сертификат/потврда (за извршена имунизација (вакцинација), односно примени две дози на вакцина против КОВИД-19  или сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 180 дена, сметајќи од денот на оздравувањето) за посета на угостителски објекти на отвореноЗа затворените делови останува обврската за задолжително поседување на сертификатите за вакцинација или за прележаност.

Полицијата и армијата ќе продолжат со обезбедувањето на КОВИД центрите и вакциналните пунктови, а ќе престане надворешното физичко обезбедување на одделни КОВИД капацитети во Скопје и другите градови на државата.

Во рамки на Одлуката објавени се и протоколи за организирање настани во затврено, организирање настани на отворено и протоколи за постапување во училиштата.

ПРЕЗЕМИ СЛУЖБЕН ВЕСНИК

МДБ

Процент на пораст на цените на мало за февруари 2022 – МДБ

Процентот на кумулативниот пораст на цените на мало за зголемување на аконтацијата на данокот на добивка за месец ФЕВРУАРИ 2022 година е ПОЗИТИВЕН и изнесува 4,7%, што значи дека даночната основа за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец ФЕВРУАРИ 2022 година изнесува една дванаестина од утврдениот данок во даночниот биланс за претходната година (АОП 56 од ДБ за 2021 ПОДЕЛЕНО СО 12) зголемена за 4,7%.

Рокот за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец ФЕВРУАРИ 2022 година е најдоцна до 15 МАРТ 2022 година.

information-1481584_960_720

ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ОБРАСЦИТЕ ,,ДБ”, “ДБ-ВП”, “ДБ-НП/ВП”, “ДЛД-ДБ” И ОБРАЗЕЦ “Б”

Се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека се продолжува рокот за поднесување на обрасците

до 10 март 2022 година за поднесоци во хартиена форма, односно до 25 март 2022 година за поднесоци во електронска форма.

Согласно одлуката на Централен регистар на РСМ за продолжување на рокот за поднесување годишна сметка за 2021 година, Управата за јавни приходи информира дека се продолжува рокот за поднесување на обрасците ,,ДБ”, ,,ДБ-ВП”, ,,ДБ-НП/ВП”, ,,ДЛД-ДБ” и ,,Б” чиј рок на поднесување е усогласен со рокот на поднесување на завршна сметка.

Воедно се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека рокот за поднесување на исправки на образецот ДДВ-04 за даночните периоди од 2021 се продолжува до 25 март 2022 година.

Корисни информации:

Линк до соопштението до УЈП