photo-1468779036391-52341f60b55d

ОНЛАЈН СОВЕТУВАЊЕ – МОДУЛ 1/2021

Почитувани,

ПРОФЕСИОНАЛ АКАУНТ Ве поканува на
еднодневно онлајн советување (МОДУЛ 
1-2021)

на тема:

ИЗГОТВУВАЊЕ НА ГОДИШНАТА СМЕТКА И ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ ЗА 2020 ГОДИНА

 

Советувањето ќе се одржи преку платформата ZOOM, од 10 до 16 часот на:

– 29 јануари (петок) 2021 година 

– 30 јануари (сабота) 2021 година

Надоместокот за советувањето изнесува 2.360 денари (со вклучен ДДВ од 18%).

Обуката носи 8 КПУ часови за 2021 година.

На 8 февруари (понеделник) 2021 година ќе се одржи БЕСПЛАТНО СОВЕТУВАЊЕ ЗА ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ ВО ВРСКА СО ИЗГОТВУВАЊЕТО НА ГОДИШНАТА СМЕТКА И ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ ЗА 2020 ГОДИНА ЗА СИТЕ УЧЕСНИЦИ КОИ ЌЕ СЕ ПРИЈАВАТ НА 29 ИЛИ 30 ЈАНУАРИ 2021 ГОДИНА).

Сите присутни на советувањето ќе добијат ПРИРАЧНИК ЗА ИЗГОТВУВАЊЕ НА ГОДИШНАТА СМЕТКА И ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ ЗА 2020 ГОДИНА.

ВИДИ ПРОГРАМА

Ве молиме најдоцна 5 дена пред почетокот на обуките, да ја пополните апликацијата и да извршите уплата на:

НЛБ Банка АД Скопје
Трансакциска с-ка: 210-0642103202-82
Цел на дознака: КПУ Модул 1-2021

Сите дополнителни информации може да ги добиете на следните телефонски броеви:

 +389 2 3213 663

+389 2 3126 066

+389 70 20 55 73

+389 76 20 55 7

percentage-1924521_960_720

ПРОЦЕНТОТ НА КУМУЛАТИВНИОТ ПОРАСТ НА ЦЕНИТЕ НА МАЛО ЗА МЕСЕЦ ДЕКЕМВРИ 2020 ГОДИНА Е ПОЗИТИВЕН

Процентот на пораст на цените на мало за аконтацијата на данокот на добивка за месец декември 2020 година е ПОЗИТИВЕН и изнесува 0,4%.
Месечната аконтација за декември 2020 година се утврдува како 1/12 од годишната даночна обврска утврдена во Даночниот биланс за 2019 година (АОП 56) зголемена за 0,4%.
Рокот за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец декември е најдоцна до 15 јануари 2021 година.
Честитка-2021 1

СРЕЌНА НОВА 2021 ГОДИНА

Изминатата година нè научи да си посакаме пред сè здравје, а потоа сè останато. Со надеж да останеме заедно и наредната година во добри деловни односи и добро расположение, Ви посакуваме среќа, успех и мигови за паметење!

Искрено,

Тимот на ПРОФЕСИОНАЛ АКАУНТ

2

НАРОДНАТА БАНКА ЈА ОБЈАВИ РЕФЕРЕНТНА СТАПКА ЗА ПЕРИОДОТ ОД 1 ЈАНУАРИ ДО 30 ЈУНИ 2021 ГОДИНА

Врз основа на член 266-а став 6 од Законот за облигационите односи („Службен весник на Република Македонија” бр. 18/01, 4/02, 5/03, 84/08, 81/09 и 161/09) и точка 3 од Одлуката за референтната стапка за пресметување на стапката на казнената камата („Службен весник на Република Македонија” бр. 42/11 и 49/12), Народната банка на Република Северна Македонија, ја објави референтната стапка за пресметување на стапката на казнената камата, за периодот од 1 јануари 2021 година до 30 јуни 2021 година и истата изнесува 1,50%.

ЦРМ-ДЕ 1

НОВ ОБРАЗЕЦ ЗА ДРЖАВНА ЕВИДЕНЦИЈА (ОБРАЗЕЦ “ДЕ”)

Во “Службен весник на РСМ” бр. 299/20, објавен е Правилник за изменување на Правилникот за посебните податоци потребни за системот на државната евиденција и за формата и содржината на образецот за државната евиденција.

Правилникот влезе во сила од 17 декември 2020 година.

Со измените и дополнувањата на Правилникот објавен е нов Образец “ДЕ”, односно стариот се заменува со нов, кој ќе се пополнува при поднесување на годишната сметка за 2020 година во Централниот регистар.

Централниот регистар известува дека новиот “Образец ДЕ” е веќе поставен во системот.

Известување од ЦРМ https://www.crm.com.mk/mk/vesti/soopshtenie-za-izmena-na-de-obrazetsot-za-godishna-smetka .

income-tax-4097292_960_720

ДАНОЧНО НАМАЛУВАЊЕ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ДАНОКОТ НА ЛИЧЕН ДОХОД ЗА 2021 ГОДИНА

Во “Службен весник на РСМ” бр. 299/20 од 17.12.2020 година, објавено е даночното намалување за 2021 година врз основа на Законот за данокот на личен доход (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 241/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 275/19 и 290/20).

Согласно Објавата на министерот за финансии:

1. Даночното намалување утврдено во Законот за данокот на личен доход, за 2021 година на годишно ниво, изнесува 101.256,00 денари.

2. Даночното намалување по основ на доход од работа од плата, надоместоци на плата и пензија согласно Законот за данокот на личен доход месечно се утврдува во износ од 8.438,00 денари.

*****Даночното намалување за 2020 година изнесуваше 98.736 на годишно ниво, односно 8.228 месечно.

119215024_740466903218831_5921181792395570094_o 1

ОНЛАЈН СОВЕТУВАЊЕ НА 22 ДЕКЕМВРИ (ВТОРНИК) 2020 ГОДИНА

Преземете ја програмата за онлајн советувањето кое ќе се одржи на 22 декември (вторник) 2020 година преку ZOOM платформата со почеток во 10 часот.

ПРОГРАМА ПРЕЗЕМИ ТУКА

Надоместот за советувањето изнесува 2.360 денари (со вклучен ДДВ 18%).

Доколку сакате да присуствувате, Ве молиме да се пријавите на следниот линк https://docs.google.com/forms/d/15g2Uk_c1Cwtgj3ku6X873LX7kj2qbJnYj4Hg2gpTcz4/edit .

sale-3112120_960_720

НАМАЛЕН ИЗНОСОТ НА КАМАТА ЗА ЈАВНИ ДАВАЧКИ ДО 31 МАРТ 2021 ГОДИНА

Согласно Законот за дополнување на Законот за даночна постапка објавен во “Службен весник на РСМ” бр. 290/20 кој влезе во сила од 7 декември 2020 година, износот на помалку или повеќе платениот данок и споредните даночни давачки освен каматата се пресметува и наплатува камата во висина од 0,015% (намалена од 0,03%), за секој ден задоцнување до 31 март 2021 година.

Slika-finance

ОБРАЗЕЦОТ ДЛД-ОМА/1 ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ПЛАЌАЊЕ НА МЕСЕЧНИТЕ АКОНТАЦИИ НА ДЛД Е ПОСТАВЕН ВО Е-ПДД И РОКОТ ЗА НЕГОВО ПОДНЕСУВАЊЕ Е ПРОДОЛЖЕН ЗАКЛУЧНО СО 14 ДЕКЕМВРИ 2020 ГОДИНА

Известување од Управата за јавни приходи:

ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ПЛАЌАЊЕ НА МЕСЕЧНИТЕ АКОНТАЦИИ НА ДЛД ОСТВАРЕН ОД ВРШЕЊЕ НА САМОСТОЈНА ДЕЈНОСТ

Пристапот до Барањето за потполнување и поднесување можете да го пронајдете во главното мени во Доход од вршење самостојна дејност/ДЛД-ОМА/1*

Управата за јавни приходи ги известува даночните обврзници кои остваруваат доход од вршење на самостојна дејност, дека на системот ,,е- Персонален данок,, е поставено Барањето за ослободување од плаќање на месечните аконтации на данокот на личен доход.

Користењето на правото се однесува на даночните обврзници кои остваруваат доход од самостојна дејнoст, а кои имаат претрпено штети во своето работење поради спроведување на мерките за спречување на внесување и ширење на COVID-19 на Владата на Република Северна Македонија доколку ги исполнуваат следните услови

  • даночниот обврзник – работодавач да не го намали бројот на вработени за времетраење на користењето на ослободувањето од плаќање на месечните аконтации на данокот на личен доход остварен од вршење на самостојна дејност во однос на бројот на вработени заклучно со 30 ноември 2020 година, освен во случаите на смрт, пензионирање или отказ од страна на вработените;
  • вкупните приходи од редовното работење на даночниот обврзник да се намалени за најмалку 30% во периодот април – септември 2020 година во однос на приходите од редовно работење во периодот април – септември 2019 година, и/или даночниот обврзник да затворил најмалку 50% од продажните места преку кои го остварува прометот (подружници, продажни објекти).

За остварување на правото, даночните обврзници поднесуваат Барање за ослободување од плаќање на месечните аконтации на данокот на личен доход остварен од вршење на самостојна дејност(образецот ДЛД-ОМА/1) до Управата за јавни приходи, најдоцна до 5-ти наредниот месец за месецот за кој што обврзникот бара ослободување од плаќање на месечните аконтации на данокот на личен доход остварен од вршење на самостојна дејност за месеците ноември и декември 2020 година, како и за јануари и февруари 2021 година.

Поднесувањето на барањето се врши преку системот е-Персонален данок https://e-pdd.ujp.gov.mk, а комплетното барање го потврдува Управата за јавни приходи, во рок од 10 дена од денот на доставувањето на барањето. Поднесувањето на барањето за месец ноември ќе биде дозволено заклучно со 14.12.2020 година.

Линк од известувањето: http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/830 .

tax

ПОСТАВЕН Е ОБРАЗЕЦОТ ДД-ОМА/1 ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ПЛАЌАЊЕ НА АКОНТАЦИИ ЗА ДАНОК НА ДОБИВКА И ПРОЛОНГИРАН Е РОКОТ ЗА НЕГОВО ПОДНЕСУВАЊЕ ДО 14 ДЕКЕМВРИ

Управата за јавни приходи известува дека на Е-ДАНОЦИ е поставен образецот ДД-ОМА/1. Согласно измените во Законот за данок на добивка објавен во Службен Весник на РСМ, бр. 290 од 07.12.2020 година обврзниците на данокот на добивка кои имаат претрпено штети во своето работење поради ширење на корона-вирусот COVID-19, имаат право на ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на добивка за месеците ноември и декември 2020 година, како и за јануари и февруари 2021 година.

Користењето на ова право се однесува на даночните обврзници кои ги исполнуваат следниве услови:

  • даночниот обврзник-работодавач да не го намали бројот на вработени за времетраење на користењето на ослободувањето од плаќање на аконтациите во однос на бројот на вработени заклучно со 30 ноември 2020 година, освен во случаите на смрт, пензионирање или отказ од страна на вработените,
  • вкупните приходи од редовното работење на даночниот обврзник да се намалени за најмалку 30% во периодот април – септември 2020 година во однос на приходите од редовно работење во периодот април – септември 2019 година или – даночниот обврзник да затворил најмалку 50% од продажните места преку кои го остварува прометот (подружници, продажни објекти).

За остварување на ова право даночните обврзници поднесуваат барање за ослободување од плаќање на месечните аконтации на данокот на добивка образец ДД-ОМА/1 до Управата за јавни приходи најдоцна до петти наредниот месец за месецот за којшто обврзникот бара ослободување од плаќање на аконтации на данокот на добивка за временскиот период за кој побаруваат ослободување. Со цел да овозможи даночните обврзници да поднесат барања за ослободување од плаќање на месечни аконтации и за месец ноември 2020 година, рокот за поднесување на образецот ДД-ОМА/1 се продолжува до 14 декември 2020.
Поднесувањето на барањето образец ДД-ОМА/1 се врши преку системот „е-Даноци“ на Управата за јавни приходи, а Управата за јавни приходи ја потврдува комплетноста во рок од десет дена од денот на доставување на барањето.

Даночниот обврзник кој го искористил правото на ослободување од плаќање на аконтации за данок на добивка а не ги исполнил условите за тоа согласно Законот за данок на добивка, има обврска да ги плати месечните аконтации на данокот на добивка што не ги платил, и камата согласно со Законот за даночна постапка.

Линк до соопштението http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/829.