info-1459077_960_720

ИНФОРМАЦИИ ОД ЦРМ- СПРОВЕДУВАЊЕ КОНТРОЛА НА РЕГИСТРАЦИОНИТЕ АГЕНТИ И ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПЛАТФОРМА ЗА АНАЛИТИКА НА ДЕЛОВНИ И ФИНАНСИСКИ ПОДАТОЦИ ЗА ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА ОД РЕГИОНОТ

1. ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ КОНТРОЛА НА РЕГИСТРАЦИОНИТЕ АГЕНТИ

ЦРМ објави известување за спроведување контрола на регистрационите агенти.

Имено, согласно член 34-ѓ од Закон за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица, во текот на втората половина на месец септември, како и месец октомври 2022 година ќе се изврши контрола на регистрационите агенти (адвокати и сметководители) во Скопје и во сите РРК канцеларии.
Контролата ќе започне на 15 септември и истата ќе се спроведе во канцелариите на регистрационите агенти, со претходен договор со агентот, за датумот и часот на контролата.

Доколку имате дополнителни прашања, Ве молиме контактирајте го одделението за техничка помош на TehnichkaPomosh@crm.org.mk или на 02-3288-601.

ЛИНК ДО СООПШТЕНИЕТО
2. ПЛАТФОРМА ЗА АНАЛИТИКА НА ДЕЛОВНИ И ФИНАНСИСКИ ПОДАТОЦИ ЗА ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА ОД РЕГИОНОТ
Платформата BIFIDEX.com е регионална платформа за аналитика на деловни и финансиски податоци за трговските друштва во регионот на Западен Балкан и овозможува пристап до сите статусни и финансиски податоци за 1.5 милион правни и физички лица од официјалните регистри во Северна Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина (Република Српска).

Преку платформата www.BIFIDEX.com корисниците можат да го анализираат целиот регионален пазар според дејности и нивните финансиски показатели, како и да ги споредуваат финансиските перформанси на различни компании.
Овозможена е и интегрална информација за поврзаноста на физичките и правните лица во регионот.

Податоците се добиваат во реално време од официјалните бази на податоци на регистрите, и достапни се на сите официјални јазици и на англиски, а финансиската аналитика е овозможена во сите национални валути и во евра.


BIFIDEX овозможува и известување на заинтересираните корисници кога во официјалните регистри ќе настане било која промена кај компанијата или нејзините овластени лица.

Пребарувањата на основните податоци за правните и физички лица се бесплатни, а секој нов регистриран корисник на BIFIDEX добива и бесплатна годишна промотивна претплата за користење на определен дел од услугите. По истекот на промотивната претплата на корисниците им се достапни и комерцијални претплати кои почнуваат веќе од 60 евра.

Оваа иницијатива е поддржана од владите на сите регистри учеснички, а развиена и финансирана е со поддршка на Европската Банка за Обнова и развој (EBRD) и Фондот за Добро управување на Обединетото Кралство (UK GGF).

time-2980690_960_720

Централен регистар ќе го продолжи рокот за поднесување годишна сметка

Централен регистар денес, 12.03.2021 година соопшти дека ќе го продолжи рокот за поднесување годишна сметка:

“Почитувани,

Согласно барањата пристигнати до Централниот регистар, со кои се бара одложување на рокот за доставување на годишна сметка Ве известуваме дека Централниот регистар одлучи да излезе во пресрет на обврзниците за поднесување на годишна сметка и на сметководителите и да го продолжи рокот за електронско поднесување заклучно со 25.03.2021 година до 24 часот. Ваквата одлука за пролонгирање на рокот се носи согласно ситуацијата и мерките од Владата за заштита и превенција од вирусот covid-19, како и поради тоа што голем број од сметководителите се заболени од вирусот и не се во можност да ги запазат законските рокови. Одлуката за пролонгирање на рокот е во согласност со член 477 од Законот за Трговски друштва.
Иако заклучно со вчерашниот ден 11.03.2021 година над 90% од обврзниците веќе ја поднеле годишната сметка, сепак Централен регистар како сервисно ориентирана институција,  секогаш е спремна да одговори на барањата на своите корисници, во рамките на законските можности.

Доколку Ви е потребна помош, информации поврзани со поднесувањето на годишната сметка може да добиете овде.

Со Почит,
Централен регистар на Република Северна Македонија”