glasses-5146199_960_720

ОБЈАВЕН НОВ ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА ВОДЕЊЕ СМЕТКОВОДСТВО

Во ”Службен весник на РСМ” бр. 75/24 објавен е:

  • ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА ВОДЕЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВО.

Со овој правилник се пропишува начинот на водење сметководство.

Сметководството се води во согласност со Меѓународните стандарди за финансиско известување и Меѓународните стандарди за финансиско известување за мали и средни субјекти.

Меѓународните стандарди за финансиско известување ги содржат:

-Меѓународните сметководствени стандарди (МСС),

-Меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ),

-Толкувањата на Постојниот комитет за толкување (ПКТ) и

-Толкувањата на Комитетот за толкување на меѓународното финансиско известување (КТМФИ), утврдени од Одборот за меѓународни сметководствени стандарди (ОМСС).

Меѓународните стандарди се дадени во Прилог, кој е составен дел на овој правилник.

Меѓународниот стандард за финансиско известување 17 Договори за осигурување ќе отпочне да се применува од 1 јануари 2028 година.

Со денот на отпочнувањето на примената на овој правилник престанува да важи Правилникот за водење сметководство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 159/09, 164/10 и 107/11).

Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, односно од денес, 4 април a ќе започне да се применува од 1 јануари 2025 година.

 

ПРЕЗЕМИ СЛУЖБЕН ВЕСНИК

 

info-146075_960_720

ОБЈАВЕНИ СЕ ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА РЕГИСТРИТЕ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ВРШЕЊЕ СМЕТКОВОДСТВЕНИ РАБОТИ

Во “Службен весник на РСМ” бр.14/23, објавени се формата и содржината на регистрите согласно Законот за вршење сметководствени работи и тоа:
– РЕГИСТАРОТ НА СМЕТКОВОДСТВЕНИ ПРИПРАВНИЦИ,
– РЕГИСТАРОТ НА СМЕТКОВОДИТЕЛИ,
– РЕГИСТАРОТ НА ОВЛАСТЕНИ СМЕТКОВОДИТЕЛИ,
– РЕГИСТАРОТ НА ТРГОВЦИ ПОЕДИНЦИ – СМЕТКОВОДИТЕЛИ,
– РЕГИСТАРОТ НА ТРГОВЦИ ПОЕДИНЦИ-ОВЛАСТЕНИ СМЕТКОВОДИТЕЛИ,
– РЕГИСТАРОТ НА ДРУШТВА ЗА ВРШЕЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНИ РАБОТИ И
– РЕГИСТАРОТ НА ПРАВНИ ЛИЦА КОИ СПРОВЕДУВААТ ОБУКИ ЗА КОНТИНУИРАНО ПРОФЕСИОНАЛНО УСОВРШУВАЊЕ.

ПРЕЗЕМИ СЛУЖБЕН ВЕСНИК