Доколку сакате да бидете дел од успешен тим и подготвени сте да вложувате во својата иднина, знаење и вештини, пријавете се!
Професионал Акаунт е компанија за вршење на сметководствени и консалтинг услуги и акредитирана за вршење КПУ обуки на сметководители и овластени сметководители. Нашето портфолио вклучува голем број на домашни и странски компании и работи на пазарот повеќе од 10 години.
Нудиме можност за вработување на едно лице кое ги исполнуваа следните услови:
- Високо образование – Eкономски факултет
- Солидно познавање на англискиот јазик
- 3. Солидно познавање на Microsoft Office (word, excel, power point)
- Способност за работа во тим
- Посветеност кон работата и високо ниво на професионалност и креативност.
Работни задачи:
- водење евиденции, архива и слична документација
- иготвување фактури и други документи
- соработка со надлежни институции и поднесување соодветна документација за потребите на клиентите
- комуникација со клиенти во странство.
Доколку ги исполнувате наведените услови, пријавете се најдоцна до 04.06.2021 година. Испратете ваша кратка биографија и мотивациско писмо на info.professionalaccount@gmail.com / info@professionalaccount.mk