denari_0 (1)

ЗАКОНОТ ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ГРАЃАНИ ОД РАЗЛИЧНИ КАТЕГОРИИ Е ОБЈАВЕН ВО СЛУЖБЕН ВЕСНИК

Законот за финансиска поддршка на граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници е ОБЈАВЕН во “Службен весник на РСМ” бр. 290/20 и влезе во сила од 7 декември 2020 година.

СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ВО РОК ОД 8 ДЕНА, ОДНОСНО ДО 15 ДЕКЕМВРИ 2020 ГОДИНА, ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТРИЈАТ НА ВЛАДАТА РСМ НА СТРАНИЦАТА WWW.KUPUVAMDOMASNO.GOV.MK, ЈА ОБЈАВУВА КОНЕЧНАТА ЛИСТА НА КОРИСНИЦИ НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА. Дали сте корисници ќе може да проверите со впишување на Вашиот ЕМБГ. 

Во Законот е пропишано дека подзаконски акти треба да се донесат во рок од пет дена од влегување во сила на Законот.

За повеќе информации проверете ги Вашите претплатнички електронски адреси.

 

 

Slika-finance

ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ГРАЃАНИ ОД РАЗЛИЧНИ КАТЕГОРИИ Е ВО СОБРАНИСКА ПРОЦЕДУРА

Предлог Законот за за финансиска поддршкана граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници по скратена постапка е во собраниска процедура.
Граѓаните ќе можат да проверат дали се корисници на финансиска поддршка на веб страната www.kupuvamdomasno.gov.mk на Конечната листа на корисници на финансиска поддршка која треба да се објави во рок од 8 дена, а за самохраните родители во рок од 20 дена од денот на влегување во сила на Законот.
Со Предлог Законот се уредуваат условите и процедурата за еднократна финансиска поддршка во износ од 6000 денари која граѓаните од повеќе категории дефинирани со Предлог Законот треба да ја добијат на своите трансакциски сметки.
Мерката ќе се реализира преку исплаќање на средства на постоечка трансакциска сметка на граѓаните кои веќе поседуваат сметка во банка и дебитна картичка за користење на средствата од истата. За граѓаните кои немаат трансакциска сметка во банка, средствата ќе бидат исплатени на трансакциска сметка која ќе треба да ја отворат кај една од банките која склучила договор со Владата, при што во овој случај банките ќе треба да издадат дебитна картичка од причина што примената финансиска поддршка може да се користи исклучиво со употреба на дебитна платежна картичка.
Износот треба да се потроши само за купување на македонски производи и услуги од субјектите кои ќе се најдат на Листата на даватели македонски производи и услуги за што треба сами да апилицираат во рок од 5 дена од објавување на јавниот повик од страна на Владата.
Со оглед на тоа дека во Предлог Законот како краен датум во кој треба да се потрошат средствата е наведен 25 декември 2020 година, очекуваме што е можно побрзо негово усвојување и објавување, за што останува да следиме и да Ве известиме на Вашите претплатнички електронски адреси.