balloon-395598_960_720

ПРОЦЕНТ НА ПОРАСТ НА ЦЕНИТЕ НА МАЛО ЗА НОЕМВРИ 2022

Процентот на кумулативниот пораст на цените на мало за зголемување на аконтацијата на данокот на добивка за месец НОЕМВРИ 2022 година е ПОЗИТИВЕН и изнесува 12,1%, што значи дека даночната основа за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец НОЕМВРИ 2022 година изнесува една дванаестина од утврдениот данок во даночниот биланс за претходната година (АОП 56 од ДБ за 2021 ПОДЕЛЕНО СО 12) зголемена за 12,1%.

Рокот за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец НОЕМВРИ 2022 година е најдоцна до 15 ДЕКЕМВРИ 2022 година.

news-1028791_960_720

Најава за нов пакет мерки за финансиска поддршка на ранливи категории граѓани, пензионери и компании

Владата на Република Северна Македонија, на вчерашната (9 октомври 2022 година), 88-ма седница, донесе повеќе предлог мерки за поддршка на граѓаните и компаниите.

Новиот пакет антикризни мерки, содржи таргетирани мерки насочени кон:
– најранливите категории граѓани;
– таргетирана поддршка за јавни и здравствени установи;
– поддршка на ликвидноста на компаниите;
– инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.

На седницата, Владата ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за финансии за економските мерки за справување со енергетската и ценовната криза во државава – Октомври 2022 година.

Предвидени се:

А. Мерки за поддршка на социјални ранливи категории на граѓаните и за поддршка на ранливата категорија – корисници на пензија

1. Финансиска поддршка од државата ќе добијат:
– ранливи категории на граѓани кои користат право на социјална сигурност;
– лицата кои го користат правото за попреченост;
– родителите на децата со попреченост до 26 годишна возраст, кои користат право на посебен додаток;
– лицата со попреченост кои користат право за помош и нега од друго лице, а не користат право заради попреченост;
– лицата со потешки трајни промени во здравствената состојба, а не користат право заради попреченост;
– самохрани родители корисници на гарантиран минимален приход и
– невработени лица  – корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок (стечајни работници), согласно Законот за материјално обезбедување.

Тие ќе добијат вкупна поддршка од 12.000 денари, односно ќе добиваат по 3.000 денари месечно, во период од 4 месеци.

2. Финансиска поддршка од државата се предвидува да добијат и корисници на пензија, и тоа:

– приматели на пензија до 11.500 денари, е предвидено да добијат финансиска поддршка во вкупен износ од 6.000 денари, односно по 1.500 денари месечно, во период од 4 месеци и
– приматели на пензија од 11.500 денари до 14.000 денари, кои е предвидено да добијат финансиска поддршка во вкупен износ од 3.000 денари, односно по 750 денари месечно, во период од 4 месеци.

Б. Мерки за поддршка на јавни, образовни и здравствени установи

Мерките предвидуваат:

– Одлука за вклучување на основните и средните училишта на регулиран пазар за снабдување со електрична енергија;
– Снабдување на јавните здравствени установи со електрична енергија, преку продажба од ЕСМ по поволна цена од пазарната цена;
– Снабдување со електрична енергија на мерни станици за водни пумпи, преку продажба од ЕСМ по поволна цена од берзанската цена, односно субвенционирање на разлика во цена на електрична енергија.

В. Мерки за поддршка на приватниот сектор, коишто ги таргетираат микро, малите и средни компании

Овие мерки имаат за цел:

– Проширување на опсегот на компании коишто се корисници на кредитно – гарантната шема, од Гарантниот фонд на Развојната банка, преку олеснување на критериумите за аплицирање;
– Директна кредитна линија за поддршка на ликвидноста на микро, мали и средни трговски друштва (согласно тековната состојба) како и трговци поединци: занаетчии (кои плаќаат давачки на реален приход);
– Забрзан и зголемен поврат на ДДВ;
– Обезбедување поволна консултантска поддршка за изработка на проекти / студии за инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, со цел полесен пристап до капитал;
– Продолжување на Mерката 25 преку Развојната банка на Северна Македонија и комерцијалните банки, односно овозможување кредити за инвестирање во проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.

Г. Мерки за субвенционирање на цената на електрична и топлинска енергија за домаќинства и мали потрошувачи

Целта на овие мерки е:

– директно субвенционирање на енергетските компании, планирано до крајот на годината (средства обезбедени со Предлог-Одлуката за прераспределба);
– поддршка на ликвидноста на ЕСМ со кредит од ЕБРД.

На седницата е констатирано и дека се во тек и мерки, предвидени со претходниот пакет мерки, коишто, според наведеното во Информацијата од Министерството за финансии, продолжуваат да важат до крајот на 2022 година, што е овозможено со Ребалансот на Буџетот за 2022 година.

Станува збор за:

– продолжување на примената на повластена даночната стапка од 5% за прометот со електричната енергија кон домаќинствата, што се однесува на сите домаќинства, корисници на електрична енергија;
– директна финансиска поддршка за ранливи потрошувачи на електрична енергија;
– финансирање на проектите за енергетска ефикасност за општините, преку користење поволен кредит од Светска банка, спроведен од Министерството за финансии;
– пролонгирање на воведувањето на зелените давачки за деривати, односно еколошката такса за енергенти, што се однесува на сите домаќинства и компании, кои се корисници на енергенти;
– ослободување од плаќање ДДВ, при увоз на природен гас и електрична енергија, топлинска енергија или енергија за разладување – на увозниците на природен гас и електрична енергија, топлинска енергија или енергија за разладување
– кредитната линија за зелена транзиција од ЕИБ, со поволни услови на кредитирање на компаниите за инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, со цел стимулирање на инвестиции на компаниите во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија и долгорочна заштеда на средства преку намалена потрошувачка на електрична енергија;
– продолжување на мерката за субвенционирање на цената на електричната енергија за регулираниот пазар (домаќинствата и малите потрошувачи).

Исто така, со Ребалансот на Буџетот за 2022 година се предвидени и програми и средства како одговор на кризата, за раст на пензиите, ранливите категории на граѓани, раст на платите во одделни дејности во јавниот сектор, средства за фирмите за поддршка на растот на платите во приватниот сектор, дополнителни средства за земјоделците за повисоки приноси и стабилизирање на цените на храната.

Станува збор за:

– зголемување на гарантирана минимална помош за права од социјална заштита, за социјално загрозени лица;
– зголемување на пензиите согласно новата методологија на пресметка на пензиите;
– субвенционирање на придонеси за поддршка на плати на вработените во приватниот сектор;
– субвенции и трансфери за директна финансиска поддршка во земјоделскиот сектор: субвенционирање за говеда за сточарство, за овци, кози, за продадени градинарски и овошни производи, производство на семенски и саден материјал, за млекопроизводство, живинарство, пчеларство, авансна исплата на овоштарство, помош за вршење земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности за производство и дополнителна поддршка за регистрирани земјоделски стопанства, осигурување посеви; средства предвидени со Интервентниот фонд, за: произведено и продадено млеко, интервентна мерка за вино, интервентна мерка за производство за саден материјал, интервентна мерка за есенска сеидба; средства предвидени со нова Програма за поттикнување на потрошувачката на свежо овошје и зеленчук и млеко и млечни производи;
– поврат на средства преку мерката Мој ДДВ, за што се обезбедени дополнителни 1.100.000.000 денари за поврат на ДДВ.

———————————————————————————————————

ПОЛИТИКИ, ПРЕПОРАКИ, МЕРКИ И ИНДИКАТОРИ ЗА ЈАВНИОТ СЕКТОР
Владата на Република Северна Македонија, на седницата, го разгледа и усвои и Предлог планот за фискална одржливост и поддршка на економскиот раст: политики, препораки, мерки и индикатори.

Се задолжуваат буџетските корисници да ги спроведуваат и почитуваат мерките и препораките предвидени со овој План.

При тоа, се задолжуваат сите буџетски корисници, а им се препорачува на единиците на локалната самоуправа и јавните претпријатија и трговските друштва во државна сопственост, во рок од две недели, да достават пополнет акциски план за консолидација на расходите согласно Планот за фискална одржливост.

Предвидени се, како што е образложено од страна на Министерството за финансии, политики, мерки и препораки за намалување на расходите, за зголемување на приходите, за единиците на локалната самоуправа и за јавните претпријатија и трговски друштва во државна сопственост.

Политиката за намалување на расходите, опфаќа:

А. Консолидација на расходите за плати и надоместоци, преку намалување за 10% во однос на планираните средства за 2023-та година. Очекуван е фискален ефект (заштеда) околу 3 милијарди денари, во однос на фискалните проекции во среднорочната рамка на расходи;

Б. Консолидација на расходите за стоки и услуги и нивно намалување за 20% во однос на фискалната рамка за 2023 година, при што очекуваниот фискален ефект е околу 3 милијарди денари во однос на фискалните проекции во среднорочната рамка на расходи;

В. Консолидација на расходите за субвенции, трансфери, дотации и социјални надоместоци и нивно намалување за 20% во однос на фискалната рамка за 2023 година, при што очекуван фискален ефект е околу 3 милијарди денари, во однос на фискалните проекции во среднорочната рамка на расходи и

Г. Политика за подобрена структура на капиталните расходи, со цел меѓу другото, квалитетно и навремено реализирање на капиталните проекти.

Во делот на политиките за зголемување на приходите предвидено е, меѓу другото, оптимизација на даночниот систем, преку консолидирање и проширување на даночната основа кај директните и индиректните даноци и акцизите, намалување на даночната евазија и даночната арбитража и зголемување на даночната транспарентност.

И во делот на политиките за единиците на локалната самоуправа се препорачува намалување на тековните расходи. А, во услови на нарушено снабдување на пазарот на електрична енергија, општините да ја разгледаат можноста за спроведување на централизирана набавка на електрична енергија за институциите под нејзина надлежност, со цел постигнување пониска цена во снабдувањето со електрична енергија, како и буџетските единки основани од општината, да пристапат кон заеднички набавки за електрична енергија.

На седницата, задолжено е Министерството за економија да ги разгледа можностите околу евентуално продолжување на примената на летното сметање на времето, со цел дополнителни заштеди во општата потрошувачка на електрична енергија.

balloon-395598_960_720

ПРОЦЕНТ НА ПОРАСТ НА ЦЕНИТЕ НА МАЛО ЗА АВГУСТ 2022

Процентот на кумулативниот пораст на цените на мало за зголемување на аконтацијата на данокот на добивка за месец АВГУСТ 2022 година е ПОЗИТИВЕН и изнесува 10,2%, што значи дека даночната основа за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец АВГУСТ 2022 година изнесува една дванаестина од утврдениот данок во даночниот биланс за претходната година (АОП 56 од ДБ за 2021 ПОДЕЛЕНО СО 12) зголемена за 10,2%.

Рокот за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец АВГУСТ 2022 година е најдоцна до 15 СЕПТЕМВРИ 2022 година.

balloon-395598_960_720

ПРОЦЕНТ НА ПОРАСТ НА ЦЕНИТЕ НА МАЛО ЗА ЈУНИ 2022 

Процентот на кумулативниот пораст на цените на мало за зголемување на аконтацијата на данокот на добивка за месец ЈУНИ 2022 година е ПОЗИТИВЕН и изнесува 8,2%, што значи дека даночната основа за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец ЈУНИ 2022 година изнесува една дванаестина од утврдениот данок во даночниот биланс за претходната година (АОП 56 од ДБ за 2021 ПОДЕЛЕНО СО 12) зголемена за 8,2%.

Рокот за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец ЈУНИ 2022 година е најдоцна до 15 ЈУЛИ 2022 година.

analytics-3268935_960_720

Зголемување на референтната стапка за пресметка на стапката на казнена камата за периодот 1 јули -31 декември 2022 година

Народната банка на РСМ ја објави референтната стапка за пресметување на стапката на казнена камата за периодот од 1 јули до 31 декември 2022 година и истата изнесува 2%.

Стапката е зголемена во однос на периодот 1 јануари – 30 јуни 2022 година, кога изнесуваше 1,25%.
Стапката на законска затезна камата согласно Законот за облигационите односи за:

1. ДОГОВОРИ МЕЃУ ТРГОВЦИ ИЛИ ТРГОВЦИ И ЛИЦА ОД ЈАВНОТО ПРАВО за периодот од 1 јули до 31 декември 2022 година изнесува 12% изминатиот период изнесуваше 11,25%.
2. ДОГОВОРИ МЕЃУ ЛИЦА ОД КОИ БАРЕМ ЕДНОТО НЕ Е ТРГОВЕЦ за периодот од 1 јули до 31 декември 2022 година изнесува 10% – изминатиот период изнесуваше 9,25%.

3. ПАРИЧНИ ОБВРСКИ ПРОИЗЛЕЗЕНИ ОД ДРУГИ ВИДОВИ ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ за периодот од 1 јули до 31 декември 2022 година изнесува 10% –  изминатиот период изнесуваше 9,25%.

Овие стапки се однесуваат за обврските изразени во денари.

Податокот за еурибор стапката сè уште не e објавен, што значи дека податоците за стапките за обврските изразени во странска валута ќе Ви ги доставиме дополнително.

information-1015298_960_720

Развојната банка отвори Јавен повик за средства од бескаматната кредитна линија за обртни средства за компании погодени од енергетската и економската криза: Аплицирање од денес, 11 мај 2022

Развојната банка отвори Јавен повик за средства од бескаматната кредитна линија за обртни средства за компании погодени од енергетската и економската криза: Аплицирање од денес, 11 мај 2022Почитувани,
Развојната банка објави јавен повик за средства од бескаматната кредитна линија за обртни средства за компании погодени од енергетската и економската криза.

Аплицирањето започна од денес, 11 мај 2022 година од 09:00 часот и ќе трае до 26 мај 2022 година до 09:00 часот.

Содржината на повикот може да ја видите во продолжение и на следниот линк https://www.mbdp.com.mk/mk/vesti/893-1-12 .

ЈАВЕН ПОВИК бр. 1, Бескаматна кредитна линија за обртни средства за компании погодени од енергетската и економската криза

 

Врз основа на Законот за Развојна банка на Северна Македонија (Службен весник на Република Македонија бр.105/2009 и Службен весник на Република Северна Македонија бр. 77/21), Договорот за администрирање на кредитна линија за обртни средства за поддршка на компаниите погодени од енергетска и економска криза бр.13-3579/1 од 14.04.2022 година, Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје објавува:

ЈАВЕН ПОВИК бр.1
за поднесување на кредитно барање за директно кредитирање на микро, мали и средни компании како и ТП и занаетчии (кои плаќаат давачки на реален приход) од Бескаматна кредитна линија за обртни средства за компании погодени од енергетската и економската криза

 

  1. ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК

Предмет на овој јавен повик е поднесување на кредитно барање од Бескаматна кредитна линија за обртни средства за компании погодени од енергетската и економската криза за директна поддршка на микро, мали и средни трговски друштва, трговци поединци и занаетчии кои плаќаат данок на реален приход и се регистрирани во Република Северна Македонија.
Средствата од кои ќе се реализира Бескаматната кредитна линија за обртни средства за компании погодени од енергетската и економската криза се обезбедени во износ од 310.000.000 денари.

  1. УСЛОВИ ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА СРЕДСТВАТА

Средствата од Бескаматна кредитна линија за обртни средства за компании погодени од енергетската и економската криза ќе се доделуваат под следните услови:

Намена на кредитот:
За обртни средства за поддршка на компаниите погодени од енергетската и економската криза.

Износ на кредитот:

  • минимален износ: 185.000 денари,
    • максимален износ: 3.000.000 денари.

Начин на пласирање:
Одобрениот кредит се исплаќа директно на кредитокорисникот согласно инструкциите наведени во Барањето за кредит.

Рокови на отплата:
Кредитите од Бескаматната кредитна линија за обртни средства за компании погодени од енергетската и економската криза ќе се одобруваат:
• со рок на отплата од 12 месеци со вклучен грејс период од 6 месеци и
• со рок на отплата од 18 месеци со вклучен грејс период од 6 месеци.
Отплатата на кредитот од страна на кредитокорисникот ќе се врши во квартални периоди на отплата.

Критериуми за одобрување:

Квалификувани кредитобаратели се:
Микро, мали и средни трговски друштва (согласно тековната состојба) како и ТП и занаетчии (кои плаќаат давачки на реален приход) активни во класа на дејности од Листа на прифатливи класи на дејности за финансирање (дејноста се утврдува согласно приоритетната дејност наведена во Тековната состојба).

 

Листа на прифатливи класи на дејности:

Шифра   Н а з и в
01.11  Одгледување на жита (освен ориз), мешунасти растенија и маслодајно семе
01.12  Одгледување на ориз
01.13  Одгледување на зеленчук, дуњи и лубеници, коренест и трупкаст зеленчук
01.14  Одгледување на шеќерна трска
01.21  Одгледување на грозје
01.24  Одгледување на јаболчесто и коскесто овошје
01.30  Одгледување на саден материјал
01.41  Одгледување на молзни крави
01.42  Одгледување на други говеда и биволи
01.45  Одгледување на овци и кози
01.46  Одгледување на свињи
01.47  Одгледување на живина
10.11  Преработка и конзервирање на месо
10.12  Преработка и конзервирање на живинско месо
10.13  Производство на животинско и живинско месо
10.31  Преработка и конзервирање на компири
10.32  Производство на сокови од овошје и зеленчук
10.39  Друга преработка и конзервирање на овошје и зеленчук
10.41  Производство на масла и масти
10.42  Производство на маргарин и слични масти за јадење
10.51  Преработка на млеко и производство на сирења
10.52  Производство на сладолед
10.61  Производство на мелнички производи
10.62  Производство на скроб и производи од скроб
10.71  Производство на леб, слатки (колачи, торти) во свежа состојба и бисквити (кекси)
10.72  Производство на двопек и бисквити, производство на конзервирани слатки и печива
10.73  Производство на макарони, њоки, кускус и слични тестенини
10.81  Производство на шеќер
10.82  Производство на какао, чоколади и кондиторски производи
11.02  Производство на вино од грозје

 

Кредитобарателите треба да ги исполнат следните критериуми:
• Регистрирани се во Република Северна Македонија,
• Се најмалку 51% во приватна сопственост,
• Немаат неподмирени обврски кон државата докажано со потврда од УЈП не постара од 31.12.2021 година,
• Не се во постапка на стечај или ликвидација,
• Имаат поднесено годишна сметка во Централен регистар за 2021 година, независно од месеците на работење,
• Имаат запишано вистински сопственик во Регистарот за вистински сопственици при Централниот регистар на РСМ доколку е обврзник (Тековна состојба за вистински сопственик, потврда за вистински сопственик),
• Согласно финансиските извештаи за последната фискална година има главнина и резерви (наведен во билансот на состојба, АОП 65) не помалку од 30% од износот на бараниот кредит (овој критериум не се применува кај занаетчии и ТП),
• Согласно податоците од кредитен регистар на НБРСМ со состојба 31.01.2022 година се во класификација подобра или еднаква на Б (се врши пресметка на просечна ризичност) или кои немаат кредитна изложеност. Исклучок е доколку вкупната кредитна изложеност на банките кон одреден клиент е помала од 10.000 денари,
• Не се корисници на кредит од ,,Ковид 3” и ,,Ковид 4” кредитната линија (како корисник се смета секој оној кој има склучено договор со РБСМ за оваа кредитна линија),
• Во моментот на поднесувањето на апликацијата за кредит немаат неизмирени достасани обврски во износ поголем од 10.000 денари, како корисници на ,,Ковид 1” и ,,Ковид 2” кредитна линија.

Грант компонента
За секој кредитокорисник предвидена е грант компонента која се состои во отпуштање на дел од долг по основ на главница под услов да нема доцнење при сервисирање на кредитот повеќе од 60 дена и за износи поголеми од 10.000 денари и тоа:

  • за кредитите со рок на отплата од 12 месеци со вклучен грејс период од 6 месеци предвиден е грант од 20% од главницата и
    • за кредитите со рок на отплата од 18 месеци со вклучен грејс период од 6 месеци предвиден е грант од 10% од главницата.

Предвремената отплата на кредитот од страна на кредитокорисникот го исклучува правото на грант во целост.
Отпуштањето на долгот ќе се врши од последните рати на кредитот.

Каматна стапка за кредитокорисниците
Каматната стапка за кредитокорисниците се утврдува на 0% на годишно ниво.
РБСМ нема да наплаќа провизија од кредитокорисникот за обработка на кредитните барања.

Обезбедување
Кредитот се обезбедува со меница од кредитокорисникот авалирана од еден од сопствениците на кредитокорисникот, со менична изјава за уредување на правата и обврските по меницата во форма на нотарски акт со извршна клаузула.
Трошоците за воспоставување на обезбедувањето се на товар на кредитокорисникот.

Останато
РБСМ во име и за сметка на Владата на Република Северна Македонија, по одобрување на кредитното барање, ќе склучи договор за кредит со кредитокорисникот.

III. СУБЈЕКТИ КОИ ИМААТ ПРАВО НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА КРЕДИТНО БАРАЊЕ
Право на поднесување на кредитно барање имаат, микро, мали и средни трговски друштва (согласно тековна состојба), трговци поединци и занаетчии кои плаќаат данок на реален приход кои се регистрирани во Република Северна Македонија согласно позитивните прописи и се со основна главнина во приватна сопственост на правни и физички лица од најмалку 51%, согласно Листата на прифатливи класи на дејности за финансирање (дејноста се утврдува согласно приоритетната дејност наведена во Тековната состојба).
Кредитобарателот може да ја провери својата класификација по големина со увид во негова тековна состојба.

  1. ЗАДОЛЖИТЕЛНА ДОКУМЕНТАЦИЈА
    Документ без кој нема да се обработува барањето за кредит е Кредитно барање од кредитобарателот, кој е образец објавен на веб страницата на банката и кое ги содржи основните информации на кредитобарателот, износот на кредит кој го бара, инструкции за плаќање и други информации.

Задолжителна документација која кредитобарателот е должен да ја достави на јавниот повик е следната:
1. Кредитно барање (образец објавен на веб страницата на банката),
2. Апликација за регистрација на клиент-правно лице (образец објавен на веб страницата на банката),
3. Изјава за поврзаност со други правни/физички лица (образец објавен на веб страницата на банката),
4. Изјава за постоење својство на носител на јавна функција (образец објавен на веб страницата на банката),
5. Изјава за проверка на кредитна изложеност (образец објавен на веб страницата на банката),
6. ЗП образец (образец за заверен потпис),
7. Доказ за немање на достасани неплатени даноци и придонеси кон државата – Уверение од УЈП (не постара од 31.12.2021 година),
8. Тековна состојба не постара од 6 месеци (од Централен регистар на РСМ),
9. Тековна состојба за вистински сопственик не постара од 6 месеци (од Централен регистар на РСМ),
10. Годишна завршна сметка (со 31.12.2021 г.) (од Централен регистар на РСМ),
11. Доказ дека не е отворена стечајна, односно ликвидациона постапка – Потврда за стечај и Потврда за ликвидација (од Централен регистар на РСМ) не постара од 6 месеци.

  1. КРИТЕРИУМИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ЗА РАСПРЕДЕЛБА НА СРЕДСТВАТА
    Квалификуван кредитокорисник кој ги исполнува критериумите заодобрување на кредит по принципот ,,ПРВ ДОЈДЕН, ПРВ УСЛУЖЕН”.
    Кредитните барања се обработуваат хронолошки како што се пристигнати на е-маил eekriza@mbdp.com.mk.
    VI. ИЗГОТВУВАЊЕ И ПОДНЕСУВАЊЕ НА КРЕДИТНО БАРАЊЕ
    Кредитното барање со комплетната документација се доставува исклучиво по електронски пат, на следната е-маил адреса: eekriza@mbdp.com.mk.
    Доставените кредитни барања се распределуваат автоматизирано, поради што е неопходно да се почитуваат следните правила при аплицирање:
    – Во предметот (Subject) на е-маилот со кој се доставува кредитното барање, да биде наведен назив на компанијата, град и правната форма на латиница, на пример: Vardar Berovo DOOEL
    – Доколку кредитното барање се доставува во две или повеќе пораки, насловот (Subject) на пораките треба да е ист како во првата порака без дополнителни знаци и додатоци како на пример: 1, 2, vtor del, covid4, kovid, итн.
    – Прилозите не треба да надминуваат големина од 8MB и треба да бидат доставени во прилог како .pdf, .zip или .rar формат.

Кредитното барање е задолжителен документ и доставената друга документација нема да биде разгледана додека не се достави Кредитно барање. Кредитното барање мора да биде целосно пополнето.
Кредитното барање и пропратните документи чии обрасци се пропишани од банката, се препорачува да бидат пополнети електронски, на компјутер, или доколку тоа не е возможно да бидат пополнети читко со печатни букви.
Кредитните барања можат да бидат потпишани рачно или со дигитален сертификат.
Кредитобарателот може да поднесе само едно кредитно барање.

 

VII. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Кредитните барања за јавниот повик се доставуваат 15 дена, со почеток од 11. мај 2022 година од 09:00 часот и завршува на 26. мај 2022 година во 09:00 часот.
Обработката на пристигнатите кредитни барања ќе отпочне по затворање на јавниот повик.
Документите кои се доставуваат на јавниот повик се неповратни.
Неадекватните кредитни барања на неквалификувани кредитокорисници нема да се разгледуваат.
Некомплетните барања за кредит нема да се разгледуваат сè додека не се дополнат.
Пристигнатите документи без Кредитно барање (образец на веб страната на банката) нема да се обработуваат сè додека не се поднесе Кредитното барање.
Банката не сноси никакви трошоци настанати со подготовка, составување и доставување на барањата за кредит, така што учесникот на јавниот повик нема право на надомест на било какви трошоци по основ на учество на овој јавен повик.
Банката ќе ги извести барателите на кредит на коишто им е одобрен кредит врз основа на доставено Кредитно барање, на електронската адреса наведена во Тековната состојба на субјектот.
Банката ќе ги извести кредитобарателите чии кредитни барања се одбиени, со причина за одбивање, на електронската адреса наведена во Тековната состојба на субјектот.
Банката нема да ги известува индивидуално кредитобарателите чии кредитни барања се пристигнати по исцрпување на средствата.
За исцрпување на средствата по објавениот Јавен повик, Банката ќе објави на својата веб страница.
Сите информации и обрасци поврзани со јавниот повик, може да се најдат на веб страната на банката www.mbdp.com.mk.

 

 

corona-4970836_960_720

Oд 4 мај 2022 година укинување на рестирктивните мерки, со некои исклучоци

Во “Службен весник на РСМ” бр. 106/22, објавена е:
– ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ПРЕВЕНТИВНИ ПРЕПОРАКИ, ВРЕМЕНИ МЕРКИ, НАРЕДЕНИ МЕРКИ, НАМЕНСКИ ПРОТОКОЛИ, ПЛАНОВИ И АЛГОРИТМИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЗДРАВЈЕТО НА НАСЕЛЕНИЕТО ОД ЗАРАЗНАТА БОЛЕСТ COVID-19 ПРЕДИЗВИКАНА ОД ВИРУСОТ SARS-CoV-2, СЛУЧАИТЕ И ВРЕМЕНСКИОТ ПЕРИОД НА НИВНА ПРИМЕНА.
Одлуката влезе во сила од 4 мај 2022 година.
Со измените на Одлуката, престануваат да важат сите рестриктивни мерки освен задолжителното носење заштитни маски во здравствените установи, аптеките и во установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.

Владата ги реафирмира препораките за почитување и практикување на основните превентивни мерки за заштита како што се:
– негрупирање и одржување физичка дистанца,
– носење заштитни маски на јавни места, посебно во затворен простор кога нема можност за физичка дистанца,
– редовна лична хигиена,
– проветрување на затворените простории и
– самоизолација во домашни услови при услови на симптоми на заболувања на респираторниот систем.

ПРЕЗЕМИ СЛУЖБЕН ВЕСНИК

balloon-395598_960_720

Процент на кумулативниот пораст на цените на мало за декември 2021

Процентот на кумулативниот пораст на цените на мало за зголемување на аконтацијата на данокот на добивка за месец декември 2021 година е ПОЗИТИВЕН и изнесува 4,3%, што значи дека даночната основа за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец ДЕКЕМВРИ 2021 година изнесува една дванаестина од утврдениот данок во даночниот биланс за претходната година (АОП 56 од ДБ за 2020 ПОДЕЛЕНО СО 12) зголемена за 4,3%.

Рокот за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец ДЕКЕМВРИ 2021 година е најдоцна до 15 ЈАНУАРИ 2022 година.

МДБ

Процент на кумулативниот пораст на цените на мало за ноември 2021

Процентот на кумулативниот пораст на цените на мало за зголемување на аконтацијата на данокот на добивка за месец НОЕМВРИ 2021 година е ПОЗИТИВЕН и изнесува 4%, што значи дека даночната основа за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец НОЕМВРИ 2021 година изнесува една дванаестина од утврдениот данок во даночниот биланс за претходната година (АОП 56 од ДБ за 2020 ПОДЕЛЕНО СО 12) зголемена за 4%.

Рокот за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец НОЕМВРИ 2021 година е најдоцна до 15 ДЕКЕМВРИ 2021 година.

balloon-395598_960_720

Процент на пораст на цените на мало за октомври 2021 година

Процентот на кумулативниот пораст на цените на мало за зголемување на аконтацијата на данокот на добивка за месец ОКТОМВРИ 2021 година е ПОЗИТИВЕН и изнесува 3,8%, што значи дека даночната основа за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец ОКТОМВРИ 2021 година изнесува една дванаестина од утврдениот данок во даночниот биланс за претходната година (АОП 56 од ДБ за 2020 ПОДЕЛЕНО СО 12) зголемена за 3,8%.

Рокот за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец ОКТОМВРИ 2021 година е најдоцна до 15 НОЕМВРИ 2021 година.