empty grocery cart in an empty supermarket

ОДЛУКА ЗА ЗАБРАНА НА ТРГОВЦИТЕ ДА ВРШАТ ТРГОВИЈА СО ОДДЕЛНА СТОКА

Во “Службен весник на РСМ” бр.192/23 објавена е:

–  ОДЛУКА ЗА ЗАБРАНА НА ТРГОВЦИТЕ ДА ВРШАТ ТРГОВИЈА СО ОДДЕЛНА СТОКА.

Оваа одлука влезе  во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, односно од 14 септември.

Со оваа одлука се забранува на трговците кои вршат трговија на мало на земјоделски и прехранбени производи да нудат акциска продажба (акција) и промотивна продажба (промоција), со исклучок на алкохолни и безалкохолни пијалоци, при нивно ставање во промет.

Забраната на стоките од оваа одлука ќе сеприменува до 30 ноември 2023 година.

ПРЕЗЕМИ СЛУЖБЕН ВЕСНИК СО ОДЛУКА

balloon-395598_960_720

ПРОЦЕНТ НА ПОРАСТ НА ЦЕНИТЕ НА МАЛО ЗА АВГУСТ 2023 (МДБ)

Процентот на кумулативниот пораст на цените на мало за зголемување на аконтацијата на данокот на добивка за месец АВГУСТ 2023 година е ПОЗИТИВЕН и изнесува 6,3%, што значи дека даночната основа за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец АВГУСТ 2023 година изнесува една дванаестина од утврдениот данок во даночниот биланс за 2022 (АОП 56 од ДБ за 2022 ПОДЕЛЕНО СО 12) зголемена за 6,3%.

Рокот за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец АВГУСТ 2023 година е најдоцна до 15 СЕПТЕМВРИ 2023 година.

Напомена: Во однос на аконтациите за данокот на личен доход на вршителите на самостојна дејност рокот за плаќање за месец АВГУСТ е исто така до 15 СЕПТЕМВРИ 2023 година, но налозите за плаќање се генерираат од УЈП и може да се најдат во системот на е-ПДД во делот аконтативна пресметка – преглед.

hourglass-1703330_1280

ПОТСЕТУВАЊЕ за усогласување со Правилникот за начинот и постапката за добивање на уверение за сметководител и овластен сметководители и упис во регистар – најдоцна до 24 август 2023

Институтот на сметководители и овластени сметководители на РСМ (ИСОС) донесе и на својата веб страница објави Правилник за начинот и постапката за добивање на уверение за сметководител и овластен сметководители и упис во регистар. Правилникот е во сила од 26.05.2023 година.

На 1 јуни 2023 година на веб страната на ИСОС беше објавено следното известување:

“Почитувани,

Во врска со новиот за ПРАВИЛНИК  ЗА НАЧИН НА И ПОСТАПКА ЗА ДОБИВАЊЕ НА УВЕРЕНИЕ ЗА СМЕТКОВОДИТЕЛ И ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛИ И УПИС ВО РЕГИСТАР, а поврзано со Член 22 од истиот, каде

(1)Лицата кои се стекнале со статус на сметководител и овластен сметководител,  како и правни лица кои се стекнале со лиценци за работа пред донесување на овој правилник, се должни да се усогласат во рок од 90 дена од донесување на овој правилник  и должни се да достават писмено Известување до Архивата на Институтот.

Институтот информира дека секој кој треба да изврши усогласување согласно новиот Правилник,  треба да достави Известување до Институтот кои промени се направени за усогласување со Правилникот како и прилог документација/доказ за направените промени.

Со почит,

ИСОС”

ВАЖНО: УСОГЛАСУВАЊЕТО ТРЕБА ДА СЕ НАПРАВИ НАЈДОЦНА ДО 24 АВГУСТ 2023 ГОДИНА.

Линк до известувањето

Преземи Правилник

balloon-395598_960_720

ПРОЦEНТ НА ПОРАСТ НА ЦЕНИТЕ НА МАЛО ЗА ЈУЛИ 2023 (МДБ) 

Процентот на кумулативниот пораст на цените на мало за зголемување на аконтацијата на данокот на добивка за месец ЈУЛИ 2023 година е ПОЗИТИВЕН и изнесува 5,9%, што значи дека даночната основа за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец ЈУЛИ 2023 година изнесува една дванаестина од утврдениот данок во даночниот биланс за 2022 (АОП 56 од ДБ за 2022 ПОДЕЛЕНО СО 12) зголемена за 5,9%.

Рокот за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец ЈУЛИ 2023 година е најдоцна до 15 АВГУСТ 2023 година.

balloon-395598_960_720

ПРОЦЕНТ НА ПОРАСТ НА ЦЕНИТЕ НА МАЛО ЗА МАЈ 2023 (МДБ)

Процентот на кумулативниот пораст на цените на мало за зголемување на аконтацијата на данокот на добивка за месец МАЈ 2023 година е ПОЗИТИВЕН и изнесува 5,4%, што значи дека даночната основа за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец МАЈ 2023 година изнесува една дванаестина од утврдениот данок во даночниот биланс за 2022 (АОП 56 од ДБ за 2022 ПОДЕЛЕНО СО 12) зголемена за 5,4%.

Рокот за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец МАЈ 2023 година е најдоцна до 15 ЈУНИ 2023 година.

МДБ

ПРОЦЕНТ НА ПОРАСТ НА ЦЕНИТЕ НА МАЛО ЗА АПРИЛ 2023 (МДБ)

Процентот на кумулативниот пораст на цените на мало за зголемување на аконтацијата на данокот на добивка за месец АПРИЛ 2023 година е ПОЗИТИВЕН и изнесува 5,3%, што значи дека даночната основа за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец АПРИЛ 2023 година изнесува една дванаестина од утврдениот данок во даночниот биланс за 2022 (АОП 56 од ДБ за 2022 ПОДЕЛЕНО СО 12) зголемена за 5,3%.

Рокот за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец АПРИЛ 2023 година е најдоцна до 15 МАЈ 2023 година.

graph-163509_960_720

ПРОЦЕНТ НА ПОРАСТ НА ЦЕНИТЕ НА МАЛО ЗА МАРТ 2023 (МДБ)

Процентот на кумулативниот пораст на цените на мало за зголемување на аконтацијата на данокот на добивка за месец МАРТ 2023 година е ПОЗИТИВЕН и изнесува 5%, што значи дека даночната основа за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец МАРТ 2023 година изнесува една дванаестина од утврдениот данок во даночниот биланс за 2022 (АОП 56 од ДБ за 2022 ПОДЕЛЕНО СО 12) зголемена за 5%.

Рокот за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец МАРТ 2023 година е најдоцна до 15 АПРИЛ 2023 година.

info-146075_960_720

ИСПРАВКА ОД СТРАНА НА МТСП НА ОБЈАВАТА ЗА ВИСИНАТА НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ВО БРУТО ИЗНОС ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 ГОДИНА

Почитувани,

Во “Службен весник на РСМ” бр. 65/23, објавена е:

– ИСПРАВКА  НА ОБЈАВАТА ЗА ВИСИНАТА НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ВО БРУТО ИЗНОС ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 ГОДИНА.

Со оваа исправка Министерството за труд и социјална политика се коригираше односно ја разјасни Објавата за висината на минималната плата во која БЕШЕ НАВЕДЕНО дека почнувајќи од април 2023 висината на новата бруто плата изнесува 29.739 денари.

Ние на денот на Објавата на минималната плата во “Службен весник на РСМ” бр. 58/23,  Ве известивме со наш став и формална подлога од Законот за минималната плата на РСМ дека новиот износ на минималната плата (20.175 нето и 29.739 бруто) ќе започне да се применува со исплата на платата за месец март 2023 година.

ТУКА МОЖЕ ДА СЕ ПОТСЕТИТЕ НА НАШЕТО ИЗВЕСТУВАЊЕ

ПРЕЗЕМИ СЛУЖБЕН ВЕСНИК СО  ИСПРАВКА 

discount-1010906_960_720

ПРОЦЕНТ НА ПОРАСТ НА ЦЕНИТЕ НА МАЛО ЗА ФЕВРУАРИ 2023 (МДБ)

Процентот на кумулативниот пораст на цените на мало за зголемување на аконтацијата на данокот на добивка за месец ФЕВРУАРИ 2023 година е ПОЗИТИВЕН и изнесува 4,9%, што значи дека даночната основа за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец ФЕВРУАРИ 2023 година изнесува една дванаестина од утврдениот данок во даночниот биланс за 2022 (АОП 56 од ДБ за 2022 ПОДЕЛЕНО СО 12) зголемена за 4,9%.

Рокот за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец ФЕВРУАРИ 2023 година е најдоцна до 15 МАРТ 2023 година