3

ЈАВЕН ПОВИК ДО КОРИСНИЦИТЕ НА ОДОБРЕНИ КРЕДИТИ ОД ,,КОВИД 2”

 

Во согласност со Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за условите и критериумите за репласирање на средствата од компензационите фондови од странска помош објавена во Службен весник на РСМ бр.121 од 03.06.2021 година, Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје го објавува овој јавен повик, со кој се нуди можност за кредитокорисниците на кредити од втората бескаматна кредитна линија „Ковид 2“, да поднесат барање за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата на кредитите за 12 (дванаесет) месеци.

Со оглед на погоре наведеното, Ве повикуваме во рок од 7 дена од денот на објавувањето на овој јавен повик, да поднесете електронско барање до Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата на кредитот од „Ковид 2“ кредитната линија.

Барањето во Прилог 1 треба да ги содржи основните податоци за субјектот корисник на кредит: име на компанијата-кредитокорисник, матичен број на компанијата, број и датум на склучување на договорот.  Истото треба да биде потпишано од овластено лице со печат од субјектот корисник на кредит и во скенирана форма (pdf или слика) треба да биде прикачено на електронската форма за доставување на барањето до РБСМ.

Како услов за поднесување на барање за продолжување на рокот на отплата е до 01.07.2021 година, кредитокорисниците да немаат неподмирени доспеани обврски по основ на главница и камата.

Повикот важи заклучно со 18.06.2021 година, кога е последниот ден за поднесување на барањата.

Линкови:
– Барање за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата на кредит одобрен од „Ковид 2“ кредитната линија
– Електронска форма за доставување на барањето до РБСМ

 

 

Прилог 1 – Барање за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата на кредит одобрен од „Ковид 2“ кредитната линија

 

До
Развојна банка на Северна Македонија
Сектор за кредитирање и гаранции
Ул. Димитрие Чуповски бр. 26
1000, Скопје
 

БАРАЊЕ
за продолжување на грејс-периодот и
рокот на отплата на кредит одобрен од „Ковид 2“ кредитната линија

 

Од кредитокорисник _________________________________________________________ (име на компанијата во формат: ИМЕ НА ФИРМА ДОО/ДООЕЛ/ТП, град),
со ЕМБС ________________ (матичен број), корисник на бескаматен кредит од ,,Ковид 2” кредитната линија,
со број на договор за кредит _________________________________ (број на договор во формат КФ/Дир/0/ХХ) од датум _________________ година.

Согласно дадената можност во јавниот повик објавен на веб страницата на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје, бараме да ни се одобрат дополнително 12 (дванаесет) месеци грејс-период на недоспеаната главница, и да се продолжи рокот на отплата на кредитот по основ на недоспеана главница за истиот период.

Изјавуваме дека немаме доспеана, а неплатена главница и камата по овој кредит.

 

Ви благодариме на соработката.

Со почит,

(печат)

Управител/Овластено лице
с .р. потпис

телефон за контакт: _______________
е-маил адреса:  ___________________

 

Барањето се пополнува, потпишува и печатира.

Барањето се доставува во скенирана форма на следниот линк .

За сите прашања обратете се на kreditiranje@mbdp.com.mk