info-146075_960_720

ДАНОЧНО НАМАЛУВАЊЕ ЗА 2023 ВРЗ ОСНОВА НА ДАНОКОТ НА ЛИЧЕН ДОХОД

Во “Службен весник на РСМ” бр. 283/22 министерството за финансии го објави податокот за ослободувањео врз основа на данокот на доход.

Врз основа на член 10 став (4) од Законот за данокот на личен доход („Службен весник на Република Македонија“ бр. 241/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 275/19, 290/20, 85/21 и 274/22), министерот за финансии:
О Б Ј А В У В А

 

  1. Даночното намалување утврдено во член 10 став (2) од Законот за данокот на личен доход, за 2023 година на годишно ниво, изнесува 108.456,00 денари.

    2. Даночното намалување по основ на доход од работа од плата, надоместоци на плата и пензија, месечно се утврдува во износ од 9.038,00 денари, согласно со член 17 став (2) од Законот за данокот на личен доход.

******ова е ослободувањето што се  признава при аконтативното пресметување на данокот на доход од работа по основ на плата, надоместок на плата и пензија.