Во “Службен весник на РСМ” бр.192/23 објавена е:
– ОДЛУКА ЗА ЗАБРАНА НА ТРГОВЦИТЕ ДА ВРШАТ ТРГОВИЈА СО ОДДЕЛНА СТОКА.
Оваа одлука влезе во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, односно од 14 септември.
Со оваа одлука се забранува на трговците кои вршат трговија на мало на земјоделски и прехранбени производи да нудат акциска продажба (акција) и промотивна продажба (промоција), со исклучок на алкохолни и безалкохолни пијалоци, при нивно ставање во промет.
Забраната на стоките од оваа одлука ќе сеприменува до 30 ноември 2023 година.