images

ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА “ДБ”, “ДБ-ВП”, “ДБ-НП/ВП”, “ДЛД-ДБ” И “Б” ОБРАЗЕЦ ДО 25 МАРТ 2021 ГОДИНА

Известување од Управата за јавни приходи за продолжување на рокот на даночните биласни за 2020 година:

“Се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека се продолжува рокот за поднесување на обрасците Даночен биланс за оданочување на добивка (образец “ДБ”), Даночен биланс на вкупен приход (образец “ДБ-ВП”), Даночен биланс на непрофитни организации (образец “ДБ-НП/ВП”), Годишeн даночен биланс за утврдување на данокот на доход од вршење на самостојна дејност (образец “ДЛД-ДБ”) и Биланс на приходи и расходи (образец “Б”) за 2020 година.

Согласно препораките на Владата на Република Северна Македонија за преземање мерки и активности за превенција од ширење на COVID-19 (корона вирус), како и барањата на сметководителите за пролонгирање на рокот за поднесување на пријавите и одлуката на Централниот регистар за продолжување на рокот за поднесување годишна сметка, Управата за јавни приходи информира дека рокот за поднесување на обрасците “ДБ”, “ДБ-ВП”, “ДБ-НП/ВП”, “ДЛД-ДБ” и “Б, се продолжува заклучно со 25 март 2021 година (четврток).

Овој рок се однесува и на другите обрасците за кои што рокот за поднесување е заклучно со рокот за поднесување на годишна сметка односно даночниот биланс.

Воедно се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека рокот за поднесување на исправки на образецот ДДВ-04 за даночните периоди од 2020 се продолжува до 25 март 2021 година.

Корисни информации:

time-2980690_960_720

Централен регистар ќе го продолжи рокот за поднесување годишна сметка

Централен регистар денес, 12.03.2021 година соопшти дека ќе го продолжи рокот за поднесување годишна сметка:

“Почитувани,

Согласно барањата пристигнати до Централниот регистар, со кои се бара одложување на рокот за доставување на годишна сметка Ве известуваме дека Централниот регистар одлучи да излезе во пресрет на обврзниците за поднесување на годишна сметка и на сметководителите и да го продолжи рокот за електронско поднесување заклучно со 25.03.2021 година до 24 часот. Ваквата одлука за пролонгирање на рокот се носи согласно ситуацијата и мерките од Владата за заштита и превенција од вирусот covid-19, како и поради тоа што голем број од сметководителите се заболени од вирусот и не се во можност да ги запазат законските рокови. Одлуката за пролонгирање на рокот е во согласност со член 477 од Законот за Трговски друштва.
Иако заклучно со вчерашниот ден 11.03.2021 година над 90% од обврзниците веќе ја поднеле годишната сметка, сепак Централен регистар како сервисно ориентирана институција,  секогаш е спремна да одговори на барањата на своите корисници, во рамките на законските можности.

Доколку Ви е потребна помош, информации поврзани со поднесувањето на годишната сметка може да добиете овде.

Со Почит,
Централен регистар на Република Северна Македонија”

unnamed 1

ПРВ ДАНОЧЕН ПЕРИОД ЗА КОЈ ВАЖИ ОДРЕДБАТА ОД ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ДАНОКОТ НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА ДДВ Е ОКТОМВРИ 2020 ГОДИНА

Рокот за плаќање на пресметаниот и пријавен данок на додадена вредност почнувајќи со даночниот период октомври 2020 година се продолжува за 5 дена, односно за октомври 2020 година беше најдоцна до 30 ноември 2020 година.
Овој период е прв за кој се применува продолжен рок за плаќање на пресметаниот и пријавен ДДВ во даночната пријава (образец ДДВ 04). Оваа одредба за продолжениот рок ќе трае до 31 декември 2021 година, односно последен даночен период за плаќање на ДДВ со продолжен рок е ноември 2021 година.
Соопштение и од УЈП за измените и дополнувањата на Законот за ДДВ кои се однесуваат на продолжениот рок за плаќање на пресметаниот и пријавен ДДВ кои влегоа во сила од 9 ноември 2020 година на следниот линк: http://ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/827.