Почитувани,
ПРОФЕСИОНАЛ АКАУНТ Ве поканува на еднодневна онлајн обука за континуирано професионално усовршување – КПУ Модул 3/2024.
Обуката ќе се одржи преку платформата ZOOM, со почеток во 9.30 часот на:
– 18 октомври (петок) 2024 година и
– 22 октомври (вторник) 2024 година.
Со посета на оваа обука се стекнувате со 8 КПУ часови за сметководители и овластени сметководители согласно Законот за вршење сметководствени работи.
Надоместокот изнесува 2.360 денари (со вклучен ДДВ од 18%).
Сите присутни ќе добијат материјали во електронска форма.
Програмата, односно темите на обуката се во согласност со донесената годишна програма за континуирано професионално усовршување за 2024 година и се одобрени од Институтот на сметководители и овластени сметководители на РСМ.
ЗА ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ ВЕ МОЛИМЕ ПОПОЛНЕТЕ ЈА ФОРМАТА ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА СЛЕДНИОТ ЛИНК:
Линкот за приклучување ќе Ви биде доставен еден ден пред почетокот на предавањето, на меjл адресите кои ќе ги наведете при регистрација.
ВАЖНO:
Евиденцијата за присуство на обуките правните лица акредитирани за КПУ задолжително ја доставуваат до Институтот, во хартиена односно енкриптирана форма, во рок од 8 дена по спроведување на обуката.
Затоа, Ве молиме уредно да се пријавите, да присуствувате за целото времетраење на обуката (од 9.30 до 15.30 часот) и надоместокот за КПУ да го платите минимум еден (1) ден пред одржување на обуката.
Податоци за уплата:
НЛБ Банка АД Скопје
Трансакциска с-ка:210-0642103202-82
Цел на дознака: Модул 3-2024
Сите дополнителни информации може да ги добиете на следните телефонски броеви:
+389 2 3213 663
+389 2 3126 066
+389 70 20 55 73
+389 75 20 55 73
+389 76 20 55 73