Политика на приватност

Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата интернет страна и/или користите некоја од нашите административни услуги преку истата. Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни да ги оствариме нашите законски задачи и овластувања.

Контролор на збирки на лични податоци
Контролор на личните податоци е друштвото за економско-правен консалтинг Професионал Акаунт.

Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.

Офицер за заштита на лични податоци:
Гордана Стојановиќ Пунтевска.

Обработа на податоци
Можеме да обработуваме податоци поврзани со следниве категории на лица:

  • Посетители на нашата интернет страна professionalaccount.mk. Вообичаено собираме податоци за навигација кои се користат за анализирањето на податоците од посетите на нашата веб- страна како и за одржување на информациска сигурност на нашата веб страна. Повеќе за употребата на колачиња прочитајте ја нашата политика  за користење на колачиња.
  • Податоци за правни лица корисници на нашите услуги.
  • Податоци за физички лица за цели на КПУ кои се јавно достапни во регистрите на Институтот на сметководители и овластени сметководители на РСМ (ИСОС).”

Категории на податоци кои се обработуваат

  1. Податоци за навигација

При посетата на нашата интернет страна вашиот веб-прелистувач автоматски испраќа информации за пристап до серверот како што се:

  • Адреса на интернет протокол (IP адреса) на компјутерот што го користите за пристап до веб-локацијата;

2.Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат

Личните податоци кои ги прибираме од Вашата посета на нашата веб- страна, се оние кои Вие доброволно ги доставувате за конкретни цели, како би ни овозможиле да ги оствариме нашите надлежности утврдени согласно со закон.

Може да собереме некој од следниве категории на лични податоци: име и презиме, адреса, контакт телефон, факс, email и потпис.

Како  ги собираме личните податоци?

Личните податоци ги собираме доброволно од вас кога сакате да комуницирате со нас преку различни канали вклучувајќи:

  • преку Вашето користење на нашата веб страна,
  • преку нашиот email и
  • преку контакт формата.

Категориите на корисници на лични податоци

Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб страна, на трети лица, освен во следните случаи:

  • По барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законска основа за тоа.

 Време на чување на собраните податоци

Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката.

Кои се Вашите права?

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

  • право да бидете информирани за обработката на личните податоци
  • право на пристап до личните податоци
  • право на исправка и бришење на личните податоци
  • право на ограничување на обработката на личните податоци
  • право на приговор

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиoт офицер за заштита на лични податоци.

Промена на политиката за приватност

Политиката за приватност ќе се менува соодветно со промените на активностите во Професионал Акаунт.