mask-4898571_960_720

Oлабавување на превентивните мерки за заштита од коронавирусот

Во “Службен весник на РСМ” бр. 78/22 објавена е:
– Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредни мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARSCOV-2, случаите и временскиот период на нивна примена.

Одлуката влезе во сила од 29 март 2022.

Со измените и дополнувањата измените и дополнувањата:

започнува наставата со физичко присуство на факултетите во земјата со почитување на препорачаните превентивни мерки за превенција од коронавирус КОВИД-19, задолжително носење заштитни маски во затворен простор, одржување на физичко растојание 1-2 метри, зачестена хигиена на рацете со задолжителна дезинфекција пред влезовите во предавалните, амфитеатрите, вежбалните, односно негрупирање и често проветрување на затворените простории, со препорака за вакцинација на студентите и наставниот кадар на факултетите во државата,

посетувањето на наставата во основните училишта ќе се одвива без маски за учениците, освен ако учениците по сопствена волја не бараат да носат заштитна маска. За наставниците и останатите вработени во училиштата останува обврската за носење маски,

–  се зголемува максималната исполнетост на капацитетот на отворен и затворен простор од досегашниот најмногу до 50%, на најмногу до 75%, со задолжително носење на заштитни маски за културни настани, театри, кина, филхармонија, како и семинари, обуки, состаноци, конференции и слично,

– се укинува обврската за обезбедување редарски служби во економските оператори,

– се укинува мерката за задолжително поседување сертификат/потврда (за извршена имунизација (вакцинација), односно примени две дози на вакцина против КОВИД-19  или сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 180 дена, сметајќи од денот на оздравувањето) за посета на угостителски објекти на отвореноЗа затворените делови останува обврската за задолжително поседување на сертификатите за вакцинација или за прележаност.

Полицијата и армијата ќе продолжат со обезбедувањето на КОВИД центрите и вакциналните пунктови, а ќе престане надворешното физичко обезбедување на одделни КОВИД капацитети во Скопје и другите градови на државата.

Во рамки на Одлуката објавени се и протоколи за организирање настани во затврено, организирање настани на отворено и протоколи за постапување во училиштата.

ПРЕЗЕМИ СЛУЖБЕН ВЕСНИК