На седницата одржана вчера, 25.03.2025 година, Владата објави дека минималната плата почнувајќи со исплата на платата за месец март 2025 година ќе биде зголемена за 2.685 денари во бруто износ, односно 1.812 денари во нето износ.
Согласно членот 4 ставот 5 од Законот за минималната плата, очекуваме официјална објава на Министерот за труд и социјална политика за висината на минималната плата во Службен весник на РСМ.
Линк до соопштението од Владата https://vlada.mk/node/38672