ПОВЛАСТЕНА ДАНОЧНА СТАПКА ОД 10% ЗА НЕКОИ ЕНЕРГЕНТИ – ОД 15 ДО 28 СЕПТЕМВРИ 2026 ГОДИНА

Во “Службен весник на РСМ” бр.214/26 објавена е:

  • ОДЛУКА ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ВИДОТ НА ДОБРАТА И ВРЕМЕНСКИОТ ПЕРИОД НА ПРИМЕНА НА ПОВЛАСТЕНА ДАНОЧНА СТАПКА.

Одлуката влезе во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, односно од 14.09.2026 година, а започна да се применува од 00:01 часот на 15 септември 2026 година до 24:00 часот на 28 септември 2026 година.

Со оваа одлука поблиску се определуваат видот на енергентите и временскиот период на примена на повластената даночна стапка во услови на постоење на кризна состојба поради можност за настанување на пореметувања на снабдувањето со нафта и нафтени деривати на населението.

Енергентите за кои се применува повластената стапка на данокот на додадена вредност од 10% се распоредени во следниве глави / тарифни броеви / подброеви / ознаки од Царинската тарифа:

 

Ред.
бр.
Глава/
тарифен број/
подброј/
ознака
Наименување на стоките според Номенклатурата на царинската тарифа
(1) (2) (3)
1. 2710194200 Со содржина на сулфур што не надминува 0,001% по маса: со содржина на јаглерод на био основа најмалку 80% по маса
2. 2710194400 Со содржина на сулфур што не надминува 0,001% по маса: со содржина на јаглерод на био основа најмалку 80% по маса: Друго
3. 2710194600 Со содржина на сулфур што надминува 0,001% по маса, но не надминува 0,002% по маса
4. 2710194700 Со содржина на сулфур што надминува 0,002% по маса, но не надминува 0,1% по маса
5. 2710194800 Со содржина на сулфур што не надминува 0,1% по маса
6. 2710201100 Гасни масла: со содржина на сулфур што не надминува 0,001% по маса
7. 2710201600 Гасни масла: со содржина на сулфур што надминува 0,001% по маса, но не надминува 0,1% по маса
8. 2710201900 Гасни масла: со содржина на сулфур што не надминува 0,1% по маса

Преземи Одлука https://professionalaccount.mk/wp-content/uploads/2026/09/odluka-za-povlastena-stapka-na-ddv-goriva-2026.pdf