ОБЈАВЕНО Е ДАНОЧНОТО НАМАЛУВАЊЕ ЗА 2026 ГОДИНА ВРЗ ОСНОВА НА ДАНОКОТ НА ДОХОД

Во “Службен весник на РСМ” бр. 252/25, врз основа на член 10 став (4) од Законот за данокот на личен доход („Службен весник на Република Македонија“ бр. 241/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 275/19, 290/20, 85/21 и 274/22), министерот за финансии го објави даночното намалување за 2026 година.

Согласно објавата:

1. Даночнотото намалување утврдено во член 10 став (2) од Законот за данокот на личен доход, за 2026 година на годишно ниво, изнесува 131.184,00 денари. 
 2.Даночното намалување по основ на доход од работа од плата, надоместоци на плата и пензија, месечно се утврдува во износ од 10.932,00 денари, согласно со член 17 став (2) од Законот за данокот на личен доход.

Преземи службен весник