red-tax-text-digital-wallpaper

ПРЕДЛОГ ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ ЗА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА ВО СОБРАНИСКА ПРОЦЕДУРА

Во собраниска процедура се наоѓа Предлог Закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка.

Предлог Законот ги содржи следните решенија:

1. Ослободување од плаќање на аконтациите на данокот на добивка за месеците ноември и декември 2020 година, како и за јануари и февруари 2021 година за обврзниците кои имаат претрпено штети во своето работење поради ширење на коронавирусот COVID-19.

2. Доуредување на непризнаените расходи за даночни цели, односно пропишување на одредби согласно кои премиите за доброволно здравствено осигурување (дополнително и приватно здравствено осигурување) на вработените лица и платените лабораториски тестови за COVID-19 до одреден износ се признати трошоци за даночни цели.

3. Подолг период на пренесување на загубата за обврзниците кои во текот на 2020 и 2021 година ќе остварат загуба од работењето.

4. Зголемување на прагот согласно кој субјектите би биле дел од режимот на неоданочување со данок на добивка за 2020 година ќе бидат ослободени од плаќање на данок на вкупен приход.

5. Зголемување на прагот согласно кој субјектите би влегле во режимот на вкупен приход во 2020 година, ќе имаат можност да се определат дали ќе плаќаат данок на вкупен приход или данок на добивка.

6. Укинување на условот за претходно покривање на загубата согласно Законот за трговски друштва, за обврзникот да има право да ја пренесе загубата во идните даночни периоди и

7. Доуредување на бројот на спортски субјекти на кои даночните обврзници може да им донираат финансиски средства и да го користат правото на намалување на пресметаниот данок на добивка.

За повеќе информации прверете ги Вашите претплатнички електронски адреси.

 

unnamed 1

ПРВ ДАНОЧЕН ПЕРИОД ЗА КОЈ ВАЖИ ОДРЕДБАТА ОД ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ДАНОКОТ НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА ДДВ Е ОКТОМВРИ 2020 ГОДИНА

Рокот за плаќање на пресметаниот и пријавен данок на додадена вредност почнувајќи со даночниот период октомври 2020 година се продолжува за 5 дена, односно за октомври 2020 година беше најдоцна до 30 ноември 2020 година.
Овој период е прв за кој се применува продолжен рок за плаќање на пресметаниот и пријавен ДДВ во даночната пријава (образец ДДВ 04). Оваа одредба за продолжениот рок ќе трае до 31 декември 2021 година, односно последен даночен период за плаќање на ДДВ со продолжен рок е ноември 2021 година.
Соопштение и од УЈП за измените и дополнувањата на Законот за ДДВ кои се однесуваат на продолжениот рок за плаќање на пресметаниот и пријавен ДДВ кои влегоа во сила од 9 ноември 2020 година на следниот линк: http://ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/827.