taxes-646512_960_720

ОБЈАВЕНИ ЗАКОНИ ОД ОБЛАСТА НА ДАНОЦИТЕ

Во “Службен весник на РСМ” бр. 290/20 објавени се:

  • Закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка,
  • Закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на личен доход и
  • Закон за дополнување на Законот за даночна постапка.

Законите влегоа во сила од 7 декември 2020 година, а некои одредби ќе започнат да се применуваат од 1 јануари 2021 година.

denari_0 (1)

ЗАКОНОТ ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ГРАЃАНИ ОД РАЗЛИЧНИ КАТЕГОРИИ Е ОБЈАВЕН ВО СЛУЖБЕН ВЕСНИК

Законот за финансиска поддршка на граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници е ОБЈАВЕН во “Службен весник на РСМ” бр. 290/20 и влезе во сила од 7 декември 2020 година.

СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ВО РОК ОД 8 ДЕНА, ОДНОСНО ДО 15 ДЕКЕМВРИ 2020 ГОДИНА, ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТРИЈАТ НА ВЛАДАТА РСМ НА СТРАНИЦАТА WWW.KUPUVAMDOMASNO.GOV.MK, ЈА ОБЈАВУВА КОНЕЧНАТА ЛИСТА НА КОРИСНИЦИ НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА. Дали сте корисници ќе може да проверите со впишување на Вашиот ЕМБГ. 

Во Законот е пропишано дека подзаконски акти треба да се донесат во рок од пет дена од влегување во сила на Законот.

За повеќе информации проверете ги Вашите претплатнички електронски адреси.

 

 

percentage-1924521_960_720

ПРОЦЕНТОТ НА КУМУЛАТИВНИОТ ПОРАСТ НА ЦЕНИТЕ НА МАЛО ЗА МЕСЕЦ НОЕМВРИ 2020 ГОДИНА Е ПОЗИТИВЕН

Процентот на пораст на цените на мало за аконтацијата на данокот на добивка за месец ноември 2020 година е ПОЗИТИВЕН и изнесува 0,3%, исто како и за месец октомври 2020 година.
Месечната аконтација за ноември 2020 година се утврдува како 1/12 од годишната даночна обврска утврдена во Даночниот биланс за 2019 година (АОП 56) зголемена за 0,3%.
Рокот за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец ноември е најдоцна до 15 декември 2020 година.
5742876

ТРЕТА БЕСКАМАТНА КРЕДИТНА ЛИНИЈА СО ГРАНТ КОМПОНЕНТА ЗА МИКРО И МАЛИ ПРЕТПРИЈАТИЈА- “КОВИД 3”

Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје, денес, 7 декември 2020 година, го објави следниот:

 ЈАВЕН ПОВИК бр.1
ФОНД ЗА МИКРО И МАЛИ ПРЕТПРИЈАТИЈА
за поднесување на кредитно барање за директно кредитирање на
микро и мали претпријатија погодени од Ковид-19
(Ковид-3)

Кредитните барања за јавниот повик се доставуваат 15 дена, со почеток од 16 декември 2020 година од 00:01 часот до 30 декември 2020 година во 23:59 часот.

Повикот може да го погледнете на следниот линк https://mbdp.com.mk/mk/vesti/687-1-7 .

119215024_740466903218831_5921181792395570094_o 1

ОНЛАЈН СОВЕТУВАЊЕ НА 22 ДЕКЕМВРИ (ВТОРНИК) 2020 ГОДИНА

Почитувани,

Ве покануваме на онлајн советување кое ќе се одржи на 22 декември (вторник) 2020 година преку ZOOM платформата.

Темите на предавањето ќе опфатат актуелни предлог измени и дополнувања на Закони од областа на даноците кои се очекува да се објават до крајот на годината, извршување на попис кај трговските друштва и трговците поединци, услови и начин на враќање/невраќање на финансиската поддршка која работодавачите ја добиле во 2020 година…

Комплетната програма и агенда за советувањето ќе ги објавиме дополнително.

Надоместот за советувањето изнесува 2.360 денари (со вклучен ДДВ 18%).

Доколку сакате да присуствувате, Ве молиме да се пријавите на следниот линк https://docs.google.com/forms/d/15g2Uk_c1Cwtgj3ku6X873LX7kj2qbJnYj4Hg2gpTcz4/edit .

stack-4786423_960_720 1

ПРЕДЛОГ ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ДАНОКОТ НА ЛИЧЕН ДОХОД

Во собраниска процедура се наоѓа Предлог Закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на личен доход.

Предлог Законот ги содржи следните решенија:

1. Ослободување од плаќање на аконтациите на данокот на личен доход за месеците ноември и декември 2020 година, како и за јануари и февруари 2021 година за обврзниците на данокот на личен доход по основ на остварен доход од самостојна дејност и кои имаат претрпено штети во своето работење поради ширење на коронавирусот COVID-19.

2. Неоданочување на уплатенaта премиja за доброволно здравствено осигурување (дополнително и приватно здравствено осигурување) на вработените до одреден лимит.

3. Неоданочување на платените тестови за COVID-19 за вработени лица во износ до 9.000 денари на годишно ниво по вработен.

4. Неоданочување на трошоците за доквалификација и обуки на вработените.

5. Неоданочување на даден репроматеријал без надоместок (семенски материјал и производи за заштита на растенија во расадопроизводство) согласно Закон.

6.  Неоданочување на ваучер на  активен  спортист издаден од Агенцијата за млади и спорт, согласно со Законот за спортот.
и
7.  Доуредување на одредбите за вршителите на самостојна дејност (за амортизација, на начинот на пресметка и плаќање на аконтациите на данокот на доход од самостојна дејност…)

red-tax-text-digital-wallpaper

ПРЕДЛОГ ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ ЗА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА ВО СОБРАНИСКА ПРОЦЕДУРА

Во собраниска процедура се наоѓа Предлог Закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка.

Предлог Законот ги содржи следните решенија:

1. Ослободување од плаќање на аконтациите на данокот на добивка за месеците ноември и декември 2020 година, како и за јануари и февруари 2021 година за обврзниците кои имаат претрпено штети во своето работење поради ширење на коронавирусот COVID-19.

2. Доуредување на непризнаените расходи за даночни цели, односно пропишување на одредби согласно кои премиите за доброволно здравствено осигурување (дополнително и приватно здравствено осигурување) на вработените лица и платените лабораториски тестови за COVID-19 до одреден износ се признати трошоци за даночни цели.

3. Подолг период на пренесување на загубата за обврзниците кои во текот на 2020 и 2021 година ќе остварат загуба од работењето.

4. Зголемување на прагот согласно кој субјектите би биле дел од режимот на неоданочување со данок на добивка за 2020 година ќе бидат ослободени од плаќање на данок на вкупен приход.

5. Зголемување на прагот согласно кој субјектите би влегле во режимот на вкупен приход во 2020 година, ќе имаат можност да се определат дали ќе плаќаат данок на вкупен приход или данок на добивка.

6. Укинување на условот за претходно покривање на загубата согласно Законот за трговски друштва, за обврзникот да има право да ја пренесе загубата во идните даночни периоди и

7. Доуредување на бројот на спортски субјекти на кои даночните обврзници може да им донираат финансиски средства и да го користат правото на намалување на пресметаниот данок на добивка.

За повеќе информации прверете ги Вашите претплатнички електронски адреси.

 

unnamed 1

ПРВ ДАНОЧЕН ПЕРИОД ЗА КОЈ ВАЖИ ОДРЕДБАТА ОД ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ДАНОКОТ НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА ДДВ Е ОКТОМВРИ 2020 ГОДИНА

Рокот за плаќање на пресметаниот и пријавен данок на додадена вредност почнувајќи со даночниот период октомври 2020 година се продолжува за 5 дена, односно за октомври 2020 година беше најдоцна до 30 ноември 2020 година.
Овој период е прв за кој се применува продолжен рок за плаќање на пресметаниот и пријавен ДДВ во даночната пријава (образец ДДВ 04). Оваа одредба за продолжениот рок ќе трае до 31 декември 2021 година, односно последен даночен период за плаќање на ДДВ со продолжен рок е ноември 2021 година.
Соопштение и од УЈП за измените и дополнувањата на Законот за ДДВ кои се однесуваат на продолжениот рок за плаќање на пресметаниот и пријавен ДДВ кои влегоа во сила од 9 ноември 2020 година на следниот линк: http://ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/827.