ПРОДОЛЖУВА ОСЛОБОДУВАЊЕТО ОД ПЛАЌАЊЕ НА ИЗНОСОТ НА АКОНТАЦИИТЕ НА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА И ЗА МЕСЕЦИТЕ ЈУНИ И ЈУЛИ 2020 ГОДИНА
Обврзниците на данокот на добивка кои имаат претрпено штети во своето работење поради ширење на Коронавирусот COVID-19, имаат право на ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на добивка покрај за месеците март, април и мај 2020 година и за месеците јуни и јули 2020 година.
Измените се објавени во Уредбата со законска сила за изменување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за данок на добивка за време на вонредна состојба ( “Службен весник на РСМ” бр.169/20) која влезе во сила од 22 јуни 2020 година.
Изменет е и датумот (во еден од условите), до кој даночните обврзници кои ги вршат дејностите наведени согласно со Националната класификација на дејности – НКД Рев. 2: угостителска дејност (шифра 56-Дејности за подготовка и служење на храна), туризам (шифра 79-Туристички агенции организатори на патувања (туроператори) и останати резервациски услуги како и дејностите поврзани со нив и шифра 55-Објекти за сместување) и транспорт (шифра 49-Копнен транспорт и цевоводен транспорт, шифра 50-Воден транспорт и шифра 51-Воздухопловен транспорт), НЕ СМЕАТ ДА ИСПЛАЌААТ дивиденда на сопствениците, награда за деловна успешност (учество во добивка, бонус) или друг вид на годишна награда на вработените и органите на управување и надзор на даночниот обврзник, и тоа од денот на влегувањето во сила на Уредбата со законска сила на примена на Законот за данок на добивка за време на вонредна состојба до денот на траењето на ослободувањето 15 август 2020 година (наместо 15 јуни како што гласеше одредбата досега).
Како прилог на Уредбата со законска сила за изменување на Уредбата со законска сила на примена на Законот за данок на добивка за време на вонредна состојба објавено е ново Барање за ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на добивка (ДД-ОМА)