ПРОЦЕНТ НА ПОРАСТ НА ЦЕНИТЕ НА МАЛО ЗА СЕПТЕМВРИ 2026 (МДБ)

Процентот на кумулативниот пораст на цените на мало за зголемување на аконтацијата на данокот на добивка за месец  СЕПТЕМВРИ 2026 година е ПОЗИТИВЕН и изнесува 2,5%, што значи дека даночната основа за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец СЕПТЕМВРИ 2026 година изнесува една дванаестина од утврдениот данок во даночниот биланс за 2025 (АОП 56 од ДБ за 2025 ПОДЕЛЕНО СО 12) ЗГОЛЕМЕНА ЗА 2,5%.

Рoкот за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец СЕПТЕМВРИ 2026 година е најдоцна до 15 ОКТОМВРИ 2026 година.

Напомена: Во однос на аконтациите за данокот на личен доход на вршителите на самостојна дејност рокот за плаќање за месец СЕПТЕМВРИ  2026 е исто така до 15 ОКТОМВРИ 2026 година, но налозите за плаќање се генерираат од УЈП и може да се најдат во системот на е-ПДД во делот аконтативна пресметка – преглед.