Процентот на кумулативниот пораст на цените на мало за зголемување на аконтацијата на данокот на добивка за месец ДЕКЕМВРИ 2025 година е ПОЗИТИВЕН и изнесува 3,6%, што значи дека даночната основа за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец ДЕКЕМВРИ 2025 година изнесува една дванаестина од утврдениот данок во даночниот биланс за 2024 (АОП 56 од ДБ за 2024 ПОДЕЛЕНО СО 12) зголемена за 3,6%.
Рoкот за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец ДЕКЕМВРИ 2025 година е најдоцна до 15 ЈАНУАРИ 2026 година.
Напомена: Во однос на аконтациите за данокот на личен доход на вршителите на самостојна дејност рокот за плаќање за месец ДЕКЕМВРИ 2025 е исто така до 15 ЈАНУАРИ 2026 година, но налозите за плаќање се генерираат од УЈП и може да се најдат во системот на е-ПДД во делот аконтативна пресметка – преглед.
