Институција која огласува:
Врз основа на Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година и 6 сет економски КОВИД-19 антикризни мерки во 2021 , а Согласно Програма П – Мерки за справување со КОВИД-19 кризата, потпрограма П1 – Мерки за справување со КОВИД-19 кризата, Влада на Република Северна Македонија – Генерален Секретаријат објавува:
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ТУРИСТИЧКИ ВОДИЧИ
Владата на Република Северна Македонија објавува повик за финансиска поддршка за лиценцирани туристички водичи во рамки на шестиот пакет економски мерки за закрепнување на македонската економија и за излез од КОВИД-19 економската криза.
Повикот има цел да обезбеди финансиска поддршка за регистрирани туристички водичи кои поради ситуацијата со Пандемијата не можеа да обавуваат дејност.
- Предмет на поддршка: Финансиска поддршка на туристички водичи кои поради ситуацијата со Пандемијата не можеа да обавуваат дејност.
- Право на учество имаат сите физички лица регистрирани како туристички водичи во регистарот на Министерството за Економија кои во текот на 2020 година имале просечен месечен нето приход под 15.000 денари.
- Износ на поддршка
Финансиската поддршка ќе биде во нето износ од 30.750 денари по лице. - Образец за аплицирање
Апликантите до Владата на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат доставуваат ПРИЈАВА на образец кој е составен дел на овој повик. - Оценување на пристигнатите пријави:
Комисија формирана од Генерален Секретаријат и Министерство за Економија ќе ги разгледува поднесените барања и ќе изготви извештај од евалуација, и пресметка за исплата на усвојување до Владата на Република Северна Македонија. Барањата кои нема да ги содржат потребните податоци согласно овој јавен повик, ќе се сметаат за некомплетни и нема да се разгледуваат. - Начин и рок за аплицирање
Пријавата се доставува во еден оригинален примерок заверен и потпишан од страна на одговорното лице на субјектот, како и изјава со која подносителот на пријавата прифаќа целосна морална, материјална и кривична одговорност за точноста на податоците наведени во пријавата.
Во прилог на пријавата треба да се достави- Легитимација за работа (документ издаден од здружението на туристички водичи и придружници на Северна Македонија);
- Потврда од агенција за вработување дека не е во редовен работен однос;
- Договор со туристичка агенција за ангажман како туристички водич во 2019 година
Пријавата се доставува во затворен плик преку пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат, бул. „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје или преку предавање во архивата на Владата секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.
На предната страна на пликот во горниот лев агол да пишува „НЕ ОТВОРАЈ”, а под тоа „ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ТУРИСТИЧКИ ВОДИЧИ.”
Барањата кои нема да ги содржат бараните податоци на овој јавен повик или доколку не пристигнат во рамките на рокот за поднесување, ќе се сметаат за некомплетни и/ненавремени и нема да се разгледуваат.
Рокот за поднесување на пријавите е најдоцна до 25 мај 2021 година.