3

ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА СТУДЕНТИ ЧИЕ ОБРАЗОВАНИЕ СЕ ФИНАНСИРА ОД БУЏЕТОТ НА РСМ

ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА СТУДЕНТИ ЧИЕ ОБРАЗОВАНИЕ СЕ ФИНАНСИРА ОД БУЏЕТОТ НА РСМ И ЗА УЧЕНИЦИ ЗАПИШАНИ ВО ЈАВНИТЕ СРЕДНИ УЧИЛИШТА ЗА КУПУВАЊЕ УЧИЛИШЕН ПРИБОР

Финансирањето на студентите и учениците е пропишано во следните Уредби:

– Уредба со законска сила за плаќање на дел од партиципацијата во трошоците за студирање за студенти, партиципација за сместување во студентски дом и партиципација на трошоците за приватно сместување на студенти чие образование се финансира од Буџетот на Република Северна Македонија, а се од семејни домаќинства со низок доход, за време на вонредна состојба и
– Уредба со законска сила за доделување на финансискa поддршка на ученици запишани во Јавните средни училишта за купување на училишен прибор, а кои се од семејни домаќинства со низок доход, за време на вонредна состојба.

Уредбите се објавени во “Службен весник на РСМ” бр. 157/20 година и влегоа во сила од 13 јуни 2020 година.

Еден од условите студентите и учениците да добијат финансиска поддршка, за студентите во форма на покривање на дел од трошоците за студирање (еднократно 6.000 денари) и за учениците домашна платежна картичка (во износ од 3.000 денари) за купување училишен прибор е да се членови на семејно домаќинство во кое остварениот просечен месечен доход во семејството по сите основи за 2019 година не е поголем од просечната исплатена нето плата по вработен за месец март 2020 година, објавена од Државниот завод за статистика, согласно евиденцијата на Управата за јавни приходи.
Финансиската поддршка ќе се спроведува преку интернет платформата www.digitalizirajse.mon.gov.mk,
односно http://www.digjitalizohu.mon.gov.mk/.
Активацијата на интернет страните е најавена за 45 дена од денот на влегување во сила на Уредбата.