Процентот на кумулативниот пораст на цените на мало за зголемување на аконтацијата на данокот на добивка за месец АВГУСТ 2024 година е ПОЗИТИВЕН и изнесува 3,1%, што значи дека даночната основа за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец АВГУСТ 2024 година изнесува една дванаестина од утврдениот данок во даночниот биланс за 2023 (АОП 56 од ДБ за 2023 ПОДЕЛЕНО СО 12) зголемена за 3,1%.
Рoкот за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец АВГУСТ 2024 година е најдоцна до 15 СЕПТЕМВРИ 2024 година.
Напомена: Во однос на аконтациите за данокот на личен доход на вршителите на самостојна дејност рокот за плаќање за месец АВГУСТ 2024 е исто така до 15 СЕПТЕМВРИ 2024 година, но налозите за плаќање се генерираат од УЈП и може да се најдат во системот на е-ПДД во делот аконтативна пресметка – преглед.