ПРОЦЕНТ НА ПОРАСТ НА ЦЕНИТЕ НА МАЛО ЗА ЈУЛИ 2024 (МДБ)
Процентот на кумулативниот пораст на цените на мало за зголемување на аконтацијата на данокот на добивка за месец ЈУЛИ 2024 година е ПОЗИТИВЕН и изнесува 2,8%, што значи дека даночната основа за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец ЈУЛИ 2024 година изнесува една дванаестина од утврдениот данок во даночниот биланс за 2023 (АОП 56 од ДБ за 2023 ПОДЕЛЕНО СО 12) зголемена за 2,8%.
Рoкот за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец ЈУЛИ 2024 година е најдоцна до 15 АВГУСТ 2024 година.
Напомена: Во однос на аконтациите за данокот на личен доход на вршителите на самостојна дејност рокот за плаќање за месец ЈУЛИ 2024 е исто така до 15 АВГУСТ 2024 година, но налозите за плаќање се генерираат од УЈП и може да се најдат во системот на е-ПДД во делот аконтативна пресметка – преглед.