balloon-395598_960_720

ПРОЦЕНТ НА ПОРАСТ НА ЦЕНИТЕ НА МАЛО ЗА АВГУСТ 2023 (МДБ)

Процентот на кумулативниот пораст на цените на мало за зголемување на аконтацијата на данокот на добивка за месец АВГУСТ 2023 година е ПОЗИТИВЕН и изнесува 6,3%, што значи дека даночната основа за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец АВГУСТ 2023 година изнесува една дванаестина од утврдениот данок во даночниот биланс за 2022 (АОП 56 од ДБ за 2022 ПОДЕЛЕНО СО 12) зголемена за 6,3%.

Рокот за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец АВГУСТ 2023 година е најдоцна до 15 СЕПТЕМВРИ 2023 година.

Напомена: Во однос на аконтациите за данокот на личен доход на вршителите на самостојна дејност рокот за плаќање за месец АВГУСТ е исто така до 15 СЕПТЕМВРИ 2023 година, но налозите за плаќање се генерираат од УЈП и може да се најдат во системот на е-ПДД во делот аконтативна пресметка – преглед.