hourglass-1703330_1280

ПОТСЕТУВАЊЕ за усогласување со Правилникот за начинот и постапката за добивање на уверение за сметководител и овластен сметководители и упис во регистар – најдоцна до 24 август 2023

Институтот на сметководители и овластени сметководители на РСМ (ИСОС) донесе и на својата веб страница објави Правилник за начинот и постапката за добивање на уверение за сметководител и овластен сметководители и упис во регистар. Правилникот е во сила од 26.05.2023 година.

На 1 јуни 2023 година на веб страната на ИСОС беше објавено следното известување:

“Почитувани,

Во врска со новиот за ПРАВИЛНИК  ЗА НАЧИН НА И ПОСТАПКА ЗА ДОБИВАЊЕ НА УВЕРЕНИЕ ЗА СМЕТКОВОДИТЕЛ И ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛИ И УПИС ВО РЕГИСТАР, а поврзано со Член 22 од истиот, каде

(1)Лицата кои се стекнале со статус на сметководител и овластен сметководител,  како и правни лица кои се стекнале со лиценци за работа пред донесување на овој правилник, се должни да се усогласат во рок од 90 дена од донесување на овој правилник  и должни се да достават писмено Известување до Архивата на Институтот.

Институтот информира дека секој кој треба да изврши усогласување согласно новиот Правилник,  треба да достави Известување до Институтот кои промени се направени за усогласување со Правилникот како и прилог документација/доказ за направените промени.

Со почит,

ИСОС”

ВАЖНО: УСОГЛАСУВАЊЕТО ТРЕБА ДА СЕ НАПРАВИ НАЈДОЦНА ДО 24 АВГУСТ 2023 ГОДИНА.

Линк до известувањето

Преземи Правилник