1. ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ КОНТРОЛА НА РЕГИСТРАЦИОНИТЕ АГЕНТИ
ЦРМ објави известување за спроведување контрола на регистрационите агенти.
Имено, согласно член 34-ѓ од Закон за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица, во текот на втората половина на месец септември, како и месец октомври 2022 година ќе се изврши контрола на регистрационите агенти (адвокати и сметководители) во Скопје и во сите РРК канцеларии.
Контролата ќе започне на 15 септември и истата ќе се спроведе во канцелариите на регистрационите агенти, со претходен договор со агентот, за датумот и часот на контролата.
Доколку имате дополнителни прашања, Ве молиме контактирајте го одделението за техничка помош на TehnichkaPomosh@crm.org.mk
ЛИНК ДО СООПШТЕНИЕТО
2. ПЛАТФОРМА ЗА АНАЛИТИКА НА ДЕЛОВНИ И ФИНАНСИСКИ ПОДАТОЦИ ЗА ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА ОД РЕГИОНОТ
Платформата BIFIDEX.com е регионална платформа за аналитика на деловни и финансиски податоци за трговските друштва во регионот на Западен Балкан и овозможува пристап до сите статусни и финансиски податоци за 1.5 милион правни и физички лица од официјалните регистри во Северна Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина (Република Српска).
Преку платформата www.BIFIDEX.com корисниците можат да го анализираат целиот регионален пазар според дејности и нивните финансиски показатели, како и да ги споредуваат финансиските перформанси на различни компании.
Овозможена е и интегрална информација за поврзаноста на физичките и правните лица во регионот.
Податоците се добиваат во реално време од официјалните бази на податоци на регистрите, и достапни се на сите официјални јазици и на англиски, а финансиската аналитика е овозможена во сите национални валути и во евра.
BIFIDEX овозможува и известување на заинтересираните корисници кога во официјалните регистри ќе настане било која промена кај компанијата или нејзините овластени лица.
Пребарувањата на основните податоци за правните и физички лица се бесплатни, а секој нов регистриран корисник на BIFIDEX добива и бесплатна годишна промотивна претплата за користење на определен дел од услугите. По истекот на промотивната претплата на корисниците им се достапни и комерцијални претплати кои почнуваат веќе од 60 евра.
Оваа иницијатива е поддржана од владите на сите регистри учеснички, а развиена и финансирана е со поддршка на Европската Банка за Обнова и развој (EBRD) и Фондот за Добро управување на Обединетото Кралство (UK GGF).