Slika-finance

ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ГРАЃАНИ ОД РАЗЛИЧНИ КАТЕГОРИИ Е ВО СОБРАНИСКА ПРОЦЕДУРА

Предлог Законот за за финансиска поддршкана граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници по скратена постапка е во собраниска процедура.
Граѓаните ќе можат да проверат дали се корисници на финансиска поддршка на веб страната www.kupuvamdomasno.gov.mk на Конечната листа на корисници на финансиска поддршка која треба да се објави во рок од 8 дена, а за самохраните родители во рок од 20 дена од денот на влегување во сила на Законот.
Со Предлог Законот се уредуваат условите и процедурата за еднократна финансиска поддршка во износ од 6000 денари која граѓаните од повеќе категории дефинирани со Предлог Законот треба да ја добијат на своите трансакциски сметки.
Мерката ќе се реализира преку исплаќање на средства на постоечка трансакциска сметка на граѓаните кои веќе поседуваат сметка во банка и дебитна картичка за користење на средствата од истата. За граѓаните кои немаат трансакциска сметка во банка, средствата ќе бидат исплатени на трансакциска сметка која ќе треба да ја отворат кај една од банките која склучила договор со Владата, при што во овој случај банките ќе треба да издадат дебитна картичка од причина што примената финансиска поддршка може да се користи исклучиво со употреба на дебитна платежна картичка.
Износот треба да се потроши само за купување на македонски производи и услуги од субјектите кои ќе се најдат на Листата на даватели македонски производи и услуги за што треба сами да апилицираат во рок од 5 дена од објавување на јавниот повик од страна на Владата.
Со оглед на тоа дека во Предлог Законот како краен датум во кој треба да се потрошат средствата е наведен 25 декември 2020 година, очекуваме што е можно побрзо негово усвојување и објавување, за што останува да следиме и да Ве известиме на Вашите претплатнички електронски адреси.
18406_slide

КОРИСНИЦИТЕ НА МОЈ ДДВ…

КОРИСНИЦИТЕ НА МОЈ ДДВ КОИ ОДГОВОРИЛЕ ПОТВРДНО НА ОПЦИЈАТА ЗА ДОНАЦИЈА ИМААТ МОЖНОСТ ДА ГО ПРОМЕНАТ ОДГОВОРОТ НАЈДОЦНА ДО 30 ЈУНИ 2020 ГОДИНА

Корисниците на апликацијата Мој ДДВ кои потврдно одговориле на опцијата за донација на дел од данокот на додадена вредност ќе имаат можност да го променат одговорот се додека е отворена опцијата за избор, но најдоцна до 30.6.2020 година и износот на делот на данокот на додадена вредност за кој се стекнале со правото на враќање за првото календарско тримесечје во 2020 година ќе им биде исплатен на трансакциската сметка до 30 јули 2020 година.

Исто така, од 13 јуни и не подоцна од 31.12.2020 година, враќањето на делот од данокот на додадена вредност пресметан на прометот на македонски добра и услуги се врши во висина од 20% од пресметаниот данок искажан во поединечна фискална сметка. Враќањето на делот од данокот на додадена вредност за прометот на останати добра и услуги се врши во висина од 10% од пресметаниот данок на додадена вредност искажан во поединечна фискална сметка.

Уредбата со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица за време на вонредна состојба со која се пропишани горенаведените измени е објавена во “Службен весник на РСМ” бр.156/20 и влезе во сила од 12 јуни 2020 година.

3

ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА СТУДЕНТИ ЧИЕ ОБРАЗОВАНИЕ СЕ ФИНАНСИРА ОД БУЏЕТОТ НА РСМ

ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА СТУДЕНТИ ЧИЕ ОБРАЗОВАНИЕ СЕ ФИНАНСИРА ОД БУЏЕТОТ НА РСМ И ЗА УЧЕНИЦИ ЗАПИШАНИ ВО ЈАВНИТЕ СРЕДНИ УЧИЛИШТА ЗА КУПУВАЊЕ УЧИЛИШЕН ПРИБОР

Финансирањето на студентите и учениците е пропишано во следните Уредби:

– Уредба со законска сила за плаќање на дел од партиципацијата во трошоците за студирање за студенти, партиципација за сместување во студентски дом и партиципација на трошоците за приватно сместување на студенти чие образование се финансира од Буџетот на Република Северна Македонија, а се од семејни домаќинства со низок доход, за време на вонредна состојба и
– Уредба со законска сила за доделување на финансискa поддршка на ученици запишани во Јавните средни училишта за купување на училишен прибор, а кои се од семејни домаќинства со низок доход, за време на вонредна состојба.

Уредбите се објавени во “Службен весник на РСМ” бр. 157/20 година и влегоа во сила од 13 јуни 2020 година.

Еден од условите студентите и учениците да добијат финансиска поддршка, за студентите во форма на покривање на дел од трошоците за студирање (еднократно 6.000 денари) и за учениците домашна платежна картичка (во износ од 3.000 денари) за купување училишен прибор е да се членови на семејно домаќинство во кое остварениот просечен месечен доход во семејството по сите основи за 2019 година не е поголем од просечната исплатена нето плата по вработен за месец март 2020 година, објавена од Државниот завод за статистика, согласно евиденцијата на Управата за јавни приходи.
Финансиската поддршка ќе се спроведува преку интернет платформата www.digitalizirajse.mon.gov.mk,
односно http://www.digjitalizohu.mon.gov.mk/.
Активацијата на интернет страните е најавена за 45 дена од денот на влегување во сила на Уредбата.

2

ОСЛОБОДУВАЊЕТО ОД ПЛАЌАЊЕ НА ИЗНОСОТ НА АКОНТАЦИИТЕ…

ПРОДОЛЖУВА ОСЛОБОДУВАЊЕТО ОД ПЛАЌАЊЕ НА ИЗНОСОТ НА АКОНТАЦИИТЕ НА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА И ЗА МЕСЕЦИТЕ ЈУНИ И ЈУЛИ 2020 ГОДИНА

Обврзниците на данокот на добивка кои имаат претрпено штети во своето работење поради ширење на Коронавирусот COVID-19, имаат право на ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на добивка покрај за месеците март, април и мај 2020 година и за месеците јуни и јули 2020 година.

Измените се објавени во Уредбата со законска сила за изменување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за данок на добивка за време на вонредна состојба ( “Службен весник на РСМ” бр.169/20) која влезе во сила од 22 јуни 2020 година.

Изменет е и датумот (во еден од условите), до кој даночните обврзници кои ги вршат дејностите наведени согласно со Националната класификација на дејности – НКД Рев. 2: угостителска дејност (шифра 56-Дејности за подготовка и служење на храна), туризам (шифра 79-Туристички агенции организатори на патувања (туроператори) и останати резервациски услуги како и дејностите поврзани со нив и шифра 55-Објекти за сместување) и транспорт (шифра 49-Копнен транспорт и цевоводен транспорт, шифра 50-Воден транспорт и шифра 51-Воздухопловен транспорт), НЕ СМЕАТ ДА ИСПЛАЌААТ дивиденда на сопствениците, награда за деловна успешност (учество во добивка, бонус) или друг вид на годишна награда на вработените и органите на управување и надзор на даночниот обврзник, и тоа од денот на влегувањето во сила на Уредбата со законска сила на примена на Законот за данок на добивка за време на вонредна состојба до денот на траењето на ослободувањето 15 август 2020 година (наместо 15 јуни како што гласеше одредбата досега).

Како прилог на Уредбата со законска сила за изменување на Уредбата со законска сила на примена на Законот за данок на добивка за време на вонредна состојба објавено е ново Барање за ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на добивка (ДД-ОМА)

1

Купувам Домашно

СО ДОМАШНАТА ПЛАТЕЖНА МОЖЕ ДА СЕ ПЛАЌА И ТЕКСТИЛ, МЕБЕЛ, КНИГИ, СПОРТСКА ОПРЕМА, ОБУВКИ ….

Уредбата со законска сила за изменување на Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање на домашна платежна картичка наменета за купување на македонски производи и услуги за време на вонредна состојба е објавена во “Службен весник на РСМ” бр.169/20 и влезе во сила од 22 јуни 2020 година.

Во Уредбата со законска сила за изменување е објавен нов прилог 1 – Дејности за кои може да се плаќа со домашна платежна картичка.

Во новиот прилог се додадени дејности за трговија на мало со текстил, мебел, опрема за осветлување и други предмети за домаќинствата, книги, спортска опрема, облека и обувки и предмети од кожа за кои ќе може да се плаќа со домашна платежна картичка.

Во продолжение е новиот Прилог 1.

Прилог 1: Дејности за кои може да се плаќа со домашна платежна картичка

55 Објекти за сместување
55.10 Хотели и слични објекти за сместување (МСС
код: 7011; 3509)
55.20 Одморалишта и останати објекти за пократок
престој (МСС код: 7011; 6513)
55.30 Кампови, автокампови и простори за кампирање (МСС код: 7011; 6513)
55.90 Друг вид на сместување (МСС код: 7011;
6513)
56 Дејности за подготовка на оброци и служење на
xрана
56.10 Ресторани и останати објекти за подготовка и
послужување на xрана (МСС код: 5812; 5814)
56.21 Услуги на доставување на xрана и пијалаци за
посебни прилики (кетеринг) (МСС код: 5811; 5812)
56.29 Останати услуги за подготвување и служење
на xрана (МСС код: 5811; 5812)
56.30 Подготовка и послужување на пијалаци (МСС
код: 5813)
79 Туристички агенции, организатори на патувања
(туроператори) и останати резервациски услуги како и
дејностите поврзани со нив
79.11 Дејности на туристичките агенции (МСС
код: 4722)
79.12 Дејности на организаторите на патувања (туроператори) (МСС код: 4722)
79.90 Останати резервациски услуги и дејности
поврзани со нив (МСС код: 4722)
47 Трговија на мало, освен трговија со моторни возила и мотоцикли
47.11 Трговија на мало во неспецијализирани продавници, претежно со xрана, пијалаци и тутун (МСС
код: 5411; 5310; 5993; 5499)
47.19 Друга трговија на мало во неспецијализирани
продавници (МСС код: 5411; 5310; 5993; 5499)
47.21 Трговија на мало со овошје и зеленчук во специјализирани продавници (МСС код: 5411; 5310; 5311;
5993; 5499)
47.22 Трговија на мало со месо и производи од месо
во специјализирани продавници (МСС код: 5422)
47.23 Трговија на мало со риби, лушпари и мекотели во специјализирани продавници (МСС код: 5422)
47.24 Трговија на мало со леб, печива, колачи и
слатки во специјализирани продавници (МСС код:
5411; 5310; 5441; 5462)
47.25 Трговија на мало со пијалаци во специјализирани продавници (МСС код: 5921)
47.29 Друга трговија на мало со xрана во специјализирани продавници (МСС код: 5411; 5310; 5499)
47.51 Трговија на мало со текстил во специјализирани продавници (МСС код: 5697, 5699)
47.59 Трговија на мало со мебел, опрема за осветлување и други предмети за домаќинствата, во специјализирани продавници (МСС код: 5712,5719)
47.61 Трговија на мало со книги во специјализирани продавници (МСС код: 5942)
47.64 Трговија на мало со спортска опрема во специјализирани продавници (МСС код: 5941,5655)
47.71 Трговија на мало со облека во специјализирани продавници (МСС код: 5611, 5651, 5691, 5621,
5699, 5641,5655)
47.72 Трговија на мало со обувки и предмети од
кожа во специјализирани продавници (МСС код: 5661)
47.73 Аптеки (МСС код: 5912)
47.75 Трговија на мало со козметички и тоалетни
препарати во специјализирани продавници (МСС код:
5977)
47.81 Трговија на мало со xрана, пијалаци и тутунски производи на тезги и пазари
47.82 Трговија на мало на тезги и пазари со текстил,
облека и обувки
47.89 Трговија на мало со други стоки на тезги и
пазари
47.91Трговија на мало преку пошта и интернет
47.99 Друга трговија на мало вон продавници, тезги
и пазари
96.02 Фризерски салони и салони за разубавување
(МСС код: 7230)
96.09 Останати лични услужни дејности, неспомнати на друго место (МСС код: 8999)
– Граѓани запишани во регистарот за угостителска
дејност од мал обем за вршење услуги за издавање легла за гости-туристи во домашно сместување (МСС код:
7011; 6513).