Во “Службен весник на РСМ” бр. 106/22, објавена е:

– ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ПРЕВЕНТИВНИ ПРЕПОРАКИ, ВРЕМЕНИ МЕРКИ, НАРЕДЕНИ МЕРКИ, НАМЕНСКИ ПРОТОКОЛИ, ПЛАНОВИ И АЛГОРИТМИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ ЗА
ЗАШТИТА НА ЗДРАВЈЕТО НА НАСЕЛЕНИЕТО ОД ЗАРАЗНАТА БОЛЕСТ COVID-19 ПРЕДИЗВИКАНА ОД ВИРУСОТ SARS-CoV-2, СЛУЧАИТЕ И ВРЕМЕНСКИОТ ПЕРИОД НА НИВНА ПРИМЕНА.

Одлуката влезе во сила од 4 мај 2022 година.

Со измените на Одлуката, престануваат да важат сите рестриктивни мерки освен задолжителното носење заштитни маски во здравствените установи, аптеките и во установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.

Владата ги реафирмира препораките за почитување и практикување на основните превентивни мерки за заштита како што се:

– негрупирање и одржување физичка дистанца,
– носење заштитни маски на јавни места, посебно во затворен простор кога нема можност за физичка дистанца,
– редовна лична хигиена,
– проветрување на затворените простории и
– самоизолација во домашни услови при услови на симптоми на заболувања на респираторниот систем.

ПРЕЗЕМИ СЛУЖБЕН ВЕСНИК