news-1028791_960_720

Најава за нов пакет мерки за финансиска поддршка на ранливи категории граѓани, пензионери и компании

Владата на Република Северна Македонија, на вчерашната (9 октомври 2022 година), 88-ма седница, донесе повеќе предлог мерки за поддршка на граѓаните и компаниите.

Новиот пакет антикризни мерки, содржи таргетирани мерки насочени кон:
– најранливите категории граѓани;
– таргетирана поддршка за јавни и здравствени установи;
– поддршка на ликвидноста на компаниите;
– инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.

На седницата, Владата ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за финансии за економските мерки за справување со енергетската и ценовната криза во државава – Октомври 2022 година.

Предвидени се:

А. Мерки за поддршка на социјални ранливи категории на граѓаните и за поддршка на ранливата категорија – корисници на пензија

1. Финансиска поддршка од државата ќе добијат:
– ранливи категории на граѓани кои користат право на социјална сигурност;
– лицата кои го користат правото за попреченост;
– родителите на децата со попреченост до 26 годишна возраст, кои користат право на посебен додаток;
– лицата со попреченост кои користат право за помош и нега од друго лице, а не користат право заради попреченост;
– лицата со потешки трајни промени во здравствената состојба, а не користат право заради попреченост;
– самохрани родители корисници на гарантиран минимален приход и
– невработени лица  – корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок (стечајни работници), согласно Законот за материјално обезбедување.

Тие ќе добијат вкупна поддршка од 12.000 денари, односно ќе добиваат по 3.000 денари месечно, во период од 4 месеци.

2. Финансиска поддршка од државата се предвидува да добијат и корисници на пензија, и тоа:

– приматели на пензија до 11.500 денари, е предвидено да добијат финансиска поддршка во вкупен износ од 6.000 денари, односно по 1.500 денари месечно, во период од 4 месеци и
– приматели на пензија од 11.500 денари до 14.000 денари, кои е предвидено да добијат финансиска поддршка во вкупен износ од 3.000 денари, односно по 750 денари месечно, во период од 4 месеци.

Б. Мерки за поддршка на јавни, образовни и здравствени установи

Мерките предвидуваат:

– Одлука за вклучување на основните и средните училишта на регулиран пазар за снабдување со електрична енергија;
– Снабдување на јавните здравствени установи со електрична енергија, преку продажба од ЕСМ по поволна цена од пазарната цена;
– Снабдување со електрична енергија на мерни станици за водни пумпи, преку продажба од ЕСМ по поволна цена од берзанската цена, односно субвенционирање на разлика во цена на електрична енергија.

В. Мерки за поддршка на приватниот сектор, коишто ги таргетираат микро, малите и средни компании

Овие мерки имаат за цел:

– Проширување на опсегот на компании коишто се корисници на кредитно – гарантната шема, од Гарантниот фонд на Развојната банка, преку олеснување на критериумите за аплицирање;
– Директна кредитна линија за поддршка на ликвидноста на микро, мали и средни трговски друштва (согласно тековната состојба) како и трговци поединци: занаетчии (кои плаќаат давачки на реален приход);
– Забрзан и зголемен поврат на ДДВ;
– Обезбедување поволна консултантска поддршка за изработка на проекти / студии за инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, со цел полесен пристап до капитал;
– Продолжување на Mерката 25 преку Развојната банка на Северна Македонија и комерцијалните банки, односно овозможување кредити за инвестирање во проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.

Г. Мерки за субвенционирање на цената на електрична и топлинска енергија за домаќинства и мали потрошувачи

Целта на овие мерки е:

– директно субвенционирање на енергетските компании, планирано до крајот на годината (средства обезбедени со Предлог-Одлуката за прераспределба);
– поддршка на ликвидноста на ЕСМ со кредит од ЕБРД.

На седницата е констатирано и дека се во тек и мерки, предвидени со претходниот пакет мерки, коишто, според наведеното во Информацијата од Министерството за финансии, продолжуваат да важат до крајот на 2022 година, што е овозможено со Ребалансот на Буџетот за 2022 година.

Станува збор за:

– продолжување на примената на повластена даночната стапка од 5% за прометот со електричната енергија кон домаќинствата, што се однесува на сите домаќинства, корисници на електрична енергија;
– директна финансиска поддршка за ранливи потрошувачи на електрична енергија;
– финансирање на проектите за енергетска ефикасност за општините, преку користење поволен кредит од Светска банка, спроведен од Министерството за финансии;
– пролонгирање на воведувањето на зелените давачки за деривати, односно еколошката такса за енергенти, што се однесува на сите домаќинства и компании, кои се корисници на енергенти;
– ослободување од плаќање ДДВ, при увоз на природен гас и електрична енергија, топлинска енергија или енергија за разладување – на увозниците на природен гас и електрична енергија, топлинска енергија или енергија за разладување
– кредитната линија за зелена транзиција од ЕИБ, со поволни услови на кредитирање на компаниите за инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, со цел стимулирање на инвестиции на компаниите во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија и долгорочна заштеда на средства преку намалена потрошувачка на електрична енергија;
– продолжување на мерката за субвенционирање на цената на електричната енергија за регулираниот пазар (домаќинствата и малите потрошувачи).

Исто така, со Ребалансот на Буџетот за 2022 година се предвидени и програми и средства како одговор на кризата, за раст на пензиите, ранливите категории на граѓани, раст на платите во одделни дејности во јавниот сектор, средства за фирмите за поддршка на растот на платите во приватниот сектор, дополнителни средства за земјоделците за повисоки приноси и стабилизирање на цените на храната.

Станува збор за:

– зголемување на гарантирана минимална помош за права од социјална заштита, за социјално загрозени лица;
– зголемување на пензиите согласно новата методологија на пресметка на пензиите;
– субвенционирање на придонеси за поддршка на плати на вработените во приватниот сектор;
– субвенции и трансфери за директна финансиска поддршка во земјоделскиот сектор: субвенционирање за говеда за сточарство, за овци, кози, за продадени градинарски и овошни производи, производство на семенски и саден материјал, за млекопроизводство, живинарство, пчеларство, авансна исплата на овоштарство, помош за вршење земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности за производство и дополнителна поддршка за регистрирани земјоделски стопанства, осигурување посеви; средства предвидени со Интервентниот фонд, за: произведено и продадено млеко, интервентна мерка за вино, интервентна мерка за производство за саден материјал, интервентна мерка за есенска сеидба; средства предвидени со нова Програма за поттикнување на потрошувачката на свежо овошје и зеленчук и млеко и млечни производи;
– поврат на средства преку мерката Мој ДДВ, за што се обезбедени дополнителни 1.100.000.000 денари за поврат на ДДВ.

———————————————————————————————————

ПОЛИТИКИ, ПРЕПОРАКИ, МЕРКИ И ИНДИКАТОРИ ЗА ЈАВНИОТ СЕКТОР
Владата на Република Северна Македонија, на седницата, го разгледа и усвои и Предлог планот за фискална одржливост и поддршка на економскиот раст: политики, препораки, мерки и индикатори.

Се задолжуваат буџетските корисници да ги спроведуваат и почитуваат мерките и препораките предвидени со овој План.

При тоа, се задолжуваат сите буџетски корисници, а им се препорачува на единиците на локалната самоуправа и јавните претпријатија и трговските друштва во државна сопственост, во рок од две недели, да достават пополнет акциски план за консолидација на расходите согласно Планот за фискална одржливост.

Предвидени се, како што е образложено од страна на Министерството за финансии, политики, мерки и препораки за намалување на расходите, за зголемување на приходите, за единиците на локалната самоуправа и за јавните претпријатија и трговски друштва во државна сопственост.

Политиката за намалување на расходите, опфаќа:

А. Консолидација на расходите за плати и надоместоци, преку намалување за 10% во однос на планираните средства за 2023-та година. Очекуван е фискален ефект (заштеда) околу 3 милијарди денари, во однос на фискалните проекции во среднорочната рамка на расходи;

Б. Консолидација на расходите за стоки и услуги и нивно намалување за 20% во однос на фискалната рамка за 2023 година, при што очекуваниот фискален ефект е околу 3 милијарди денари во однос на фискалните проекции во среднорочната рамка на расходи;

В. Консолидација на расходите за субвенции, трансфери, дотации и социјални надоместоци и нивно намалување за 20% во однос на фискалната рамка за 2023 година, при што очекуван фискален ефект е околу 3 милијарди денари, во однос на фискалните проекции во среднорочната рамка на расходи и

Г. Политика за подобрена структура на капиталните расходи, со цел меѓу другото, квалитетно и навремено реализирање на капиталните проекти.

Во делот на политиките за зголемување на приходите предвидено е, меѓу другото, оптимизација на даночниот систем, преку консолидирање и проширување на даночната основа кај директните и индиректните даноци и акцизите, намалување на даночната евазија и даночната арбитража и зголемување на даночната транспарентност.

И во делот на политиките за единиците на локалната самоуправа се препорачува намалување на тековните расходи. А, во услови на нарушено снабдување на пазарот на електрична енергија, општините да ја разгледаат можноста за спроведување на централизирана набавка на електрична енергија за институциите под нејзина надлежност, со цел постигнување пониска цена во снабдувањето со електрична енергија, како и буџетските единки основани од општината, да пристапат кон заеднички набавки за електрична енергија.

На седницата, задолжено е Министерството за економија да ги разгледа можностите околу евентуално продолжување на примената на летното сметање на времето, со цел дополнителни заштеди во општата потрошувачка на електрична енергија.

corona-4970836_960_720

Oд 4 мај 2022 година укинување на рестирктивните мерки, со некои исклучоци

Во “Службен весник на РСМ” бр. 106/22, објавена е:
– ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ПРЕВЕНТИВНИ ПРЕПОРАКИ, ВРЕМЕНИ МЕРКИ, НАРЕДЕНИ МЕРКИ, НАМЕНСКИ ПРОТОКОЛИ, ПЛАНОВИ И АЛГОРИТМИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЗДРАВЈЕТО НА НАСЕЛЕНИЕТО ОД ЗАРАЗНАТА БОЛЕСТ COVID-19 ПРЕДИЗВИКАНА ОД ВИРУСОТ SARS-CoV-2, СЛУЧАИТЕ И ВРЕМЕНСКИОТ ПЕРИОД НА НИВНА ПРИМЕНА.
Одлуката влезе во сила од 4 мај 2022 година.
Со измените на Одлуката, престануваат да важат сите рестриктивни мерки освен задолжителното носење заштитни маски во здравствените установи, аптеките и во установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.

Владата ги реафирмира препораките за почитување и практикување на основните превентивни мерки за заштита како што се:
– негрупирање и одржување физичка дистанца,
– носење заштитни маски на јавни места, посебно во затворен простор кога нема можност за физичка дистанца,
– редовна лична хигиена,
– проветрување на затворените простории и
– самоизолација во домашни услови при услови на симптоми на заболувања на респираторниот систем.

ПРЕЗЕМИ СЛУЖБЕН ВЕСНИК

corona-4970836_960_720

Oлабавување на мерките за спречување ширење на Kоронавирусот (со важност од 13.04.2022)

Во “Службен весник на РСМ” бр. 92/22 објавена е:
– ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ПРЕВЕНТИВНИ ПРЕПОРАКИ, ВРЕМЕНИ МЕРКИ, НАРЕДНИ МЕРКИ, НАМЕНСКИ ПРОТОКОЛИ, ПЛАНОВИ И АЛГОРИТМИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЗДРАВЈЕТО НА НАСЕЛЕНИЕТО ОД ЗАРАЗНАТА БОЛЕСТ COVID -19 ПРЕДИЗВИКАНА ОД ВИРУСОТ SARS CoV-2, СЛУЧАИТЕ И ВРЕМЕНСКИОТ ПЕРИОД НА НИВНА ПРИМЕНА.

Одлуката влезе во сила од 13 април 2022.

Согласно Одлуката:

1. Се укинува задолжителното носење на заштитни маски во затворен простор, со исклучок на здравствените установи, јавниот превоз, аптеките и домовите за возрасни лица и за лица со попреченост.

Во врска со оваа точка, иако се укинува носењето маски во затворен простор, Владата силно ја афирмира препораката на КЗБ маски во затворен простор да носат лицата над 65 годишна возраст, хронично болните и лицата со намален имунитет.

2. Се укинува обврската за задолжителното носење на маски за време на физичката настава во средните училишта, како и забраната за организирање екскурзии и настава во природа.

3. Се укинува мерката за задолжителна изолација на лица што имале блиски контакти со случаи позитивни на КОВИД-19, за кои останува мерката за носење заштитна маска (трослојна хируршка маска или KN95) во затворен простор во период од 7 дена од последниот контакт со лица со потврден КОВИД-19.

Како прилог на Одлуката за изменување и дополнување објавени се и повеќе протоколи, како и Протоколот за превентивни мерки на сите работни места.

Службен весник со Одлуката за изменување и дополнување 

mask-4898571_960_720

Oлабавување на превентивните мерки за заштита од коронавирусот

Во “Службен весник на РСМ” бр. 78/22 објавена е:
– Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредни мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARSCOV-2, случаите и временскиот период на нивна примена.

Одлуката влезе во сила од 29 март 2022.

Со измените и дополнувањата измените и дополнувањата:

започнува наставата со физичко присуство на факултетите во земјата со почитување на препорачаните превентивни мерки за превенција од коронавирус КОВИД-19, задолжително носење заштитни маски во затворен простор, одржување на физичко растојание 1-2 метри, зачестена хигиена на рацете со задолжителна дезинфекција пред влезовите во предавалните, амфитеатрите, вежбалните, односно негрупирање и често проветрување на затворените простории, со препорака за вакцинација на студентите и наставниот кадар на факултетите во државата,

посетувањето на наставата во основните училишта ќе се одвива без маски за учениците, освен ако учениците по сопствена волја не бараат да носат заштитна маска. За наставниците и останатите вработени во училиштата останува обврската за носење маски,

–  се зголемува максималната исполнетост на капацитетот на отворен и затворен простор од досегашниот најмногу до 50%, на најмногу до 75%, со задолжително носење на заштитни маски за културни настани, театри, кина, филхармонија, како и семинари, обуки, состаноци, конференции и слично,

– се укинува обврската за обезбедување редарски служби во економските оператори,

– се укинува мерката за задолжително поседување сертификат/потврда (за извршена имунизација (вакцинација), односно примени две дози на вакцина против КОВИД-19  или сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 180 дена, сметајќи од денот на оздравувањето) за посета на угостителски објекти на отвореноЗа затворените делови останува обврската за задолжително поседување на сертификатите за вакцинација или за прележаност.

Полицијата и армијата ќе продолжат со обезбедувањето на КОВИД центрите и вакциналните пунктови, а ќе престане надворешното физичко обезбедување на одделни КОВИД капацитети во Скопје и другите градови на државата.

Во рамки на Одлуката објавени се и протоколи за организирање настани во затврено, организирање настани на отворено и протоколи за постапување во училиштата.

ПРЕЗЕМИ СЛУЖБЕН ВЕСНИК

physiotherapy-595529_960_720

Јавен повик за доделување на финансиска поддршка за регистрирани фотографски студија и фитнес центри

Институција која огласува: 

Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување:
01.06.2021

Врз основа на Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година и 6 сет економски КОВИД-19 антикризни мерки во 2021, а Согласно Програма П – Мерки за справување со КОВИД-19 кризата, потпрограма П1 – Мерки за справување со КОВИД-19 кризата,  Владата на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат објавува:

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на финансиска поддршка за регистрирани фотографски студија и фитнес центри

Владата на Република Северна Македонија објавува повик за финансиска поддршка за регистрирани фотографски студија и фитнес центри во рамки на шестиот пакет економски мерки за закрепнување на македонската економија и за излез од КОВИД-19 економската криза.
Повикот има цел да обезбеди финансиска поддршка за регистрирани фотографски студија и фитнес центри кои беа затворени со одлука на Владата за целосна забрана за посетители – гости.

  1. Предмет на поддршка: Финансиска поддршка на фотографски студија и фитнес центри кои беа затворени со Одлука на Владата.
  2. Право на учество имаат сите регистрирани фотографски студија и фитнес центри кои се регистрирани и приоритетна дејност им е:
    • 74.20 Фотографски дејности;
    • 93.13 Објекти за фитнес.
  3. Износ на поддршка 
    Основа за пресметка на поддршката се земаат просечните месечни приходи остварени во 2019 година. Висината на поддршката се пресметува како износ од 30% од просечниот месечен приход. За субјектите кои ќе поднесат пријава на овој повик, а кои се регистрирани во текот на 2019 година основ за пресметка се просечните месечни приходи од денот на основање до крај на 2019 година. Дополнително, секој регистриран активен субјект ќе добие финансиска поддршка во износ од 15.200 денари по вработен, според бројот на ефективни работни часови, со пресек на 31.12.2020.
  4. Посебни услови за користење на финансиската помошСекој правен субјект кој ќе аплицира и на кој ќе му бидат исплатени средства од овој повик, доколку на 31.12.2021 има намален број на вработени споредено со 31.12.2020 тогаш има обврска да врати 50% од примената финансиска поддршка во Буџетот на Република Северна Македонија.

    Секој правен субјект кој ќе аплицира и добие средства од овој повик, доколку на 31.12.2021 го задржал истиот број на вработени како на 31.12.2020 има обврска да врати 20% од вкупниот износ на финансиска поддршка во Буџетот на Република Северна Македонија.

    Секој правен субјект кој ќе аплицира и ќе му бидат исплатени средства од овој повик, ако на 31.12.2021 има зголемен број на вработени споредено со 31.12.2020 нема обврски за враќање средства во Буџетот на Република Северна Македонија.

  5. Образец за аплицирање 
    Субјектите до Владата на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат доставуваат ПРИЈАВА на образец кој е составен дел на овој повик.
  6. Оценување на пристигнатите пријави:
    Комисија формирана од Генерален секретаријат и Министерство за економија ќе ги разгледува поднесените барања и ќе изготви извештај од евалуација, и пресметка за исплата на усвојување до Владата на Република Северна Македонија. Барањата кои нема да ги содржат потребните податоци согласно овој јавен повик, ќе се сметаат за некомплетни и нема да се разгледуваат.
  7. Начин и рок за аплицирање 
    Пријавата се доставува во еден оригинален примерок заверен и потпишан од страна на одговорното лице на субјектот, како и изјава со која подносителот на пријавата прифаќа целосна морална, материјална и кривична одговорност за точноста на податоците наведени во пријавата.Во прилог на пријавата треба да се достави:

    • Копија  од  тековна  состојба  од  уписот  во регистарот   на   други   правни   лица   за регистрација на правното лице не  постара  од шест месеци  (може да се аплицира електронски или директно во Централен регистар);
    • Копија  од  завршната  сметка  (биланс  на состојба   и   биланс   на   успех)   за   2020 година и копија од завршна сметка (биланс на состојба и биланс на успех) за 2019 година;
    • Потврда од Управата за јавни приходи за платени јавни давачки за 2020 година согласно закон (може да се преземе електронски или директно во Управата за јавни приходи);
    • Листинг на вработени – преглед на пријави/одјави во задолжително социјално осигурување за деловен субјект (барањето може да се преземе во Агенцијата за вработување или електронски преку порталот на АВРСМ).

Пријавата се доставува во затворен плик преку пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат, бул. „Илинден“ бр. 2, 1000 Скопје, или преку предавање во архивата на Владата секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

На предната страна на пликот во горниот лев агол да пишува „НЕ ОТВОРАЈ”, а под тоа „Финансиска поддршка за фотографски студија” или „Финансиска поддршка за фитнес центри”.

Барањата кои нема да ги содржат бараните податоци на овој јавен повик или доколку не пристигнат во рамките на рокот за поднесување, ќе се сметаат за некомплетни и/ненавремени и нема да се разгледуваат.

Јавниот повик и обрасците за Јавниот повик се достапни на www.vlada.mk/oglasi.

Рокот за поднесување на пријавите е најдоцна до 1 јуни 2021 година. 
Линк од повикот https://vlada.mk/node/25295

sliki- merki-11.05.2021

ПРЕДЛОЖЕНИ СЕ НОВИ МЕРКИ ЗА КОИ ВЛАДАТА ЌЕ ОДЛУЧУВА УТРЕ, А КОИ ТРЕБА ДА СЕ ПРИМЕНУВААТ ОД 12 МАЈ 2021 ГОДИНА

Главниот координативен кризен штаб го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести и врз основа на епидемиолошките текови и состојби во државата, намалување на бројот на хоспитализирани лица и бројот на заразени лица, за утрешната седница (11.05.2021) на Владата се препорачуваат нови мерки за усвојување.

Почнувајќи од 12 мај 2021 година:

забраната и посебниот режим на движење на населението и возилата од јавен превоз да почнува од 24:00 часот до 05:00 часот,

– дозволено време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) е до 23:30 часот,

– сите настани и ивенти може да се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30% од капацитетот на затворениот простор,

– наменскиот протокол за згрижени деца во детските градинки да се измени, односно се дозволува зголемување на бројот на деца од 15 на 20 во една група,

– вежбалните, фитнес центрите и теретаните може да отпочнат со вршење на својата дејност во објектите.
Овие мерки се предлага да важат до 18 мај 2021 година.

Исто така, предложено е да се дозволи да се дозволи користење на годишните одмори за здравствените работници.

ЛИНК ОД ИЗВЕСТУВАЊЕТО https://vlada.mk/node/25162