info-1459077_960_720

ПОТСЕТУВАЊЕ ЗА РОКОТ (ДО 29.12.2022) – ПОВИК ЗА АЖУРИРАЊЕ ПОДАТОЦИ ВО РЕГИСТРИТЕ НА ИСОС

На 22.12.2022 година, ИСОС објави повик за ажурирање на податоците во регистрите на сметководители и овластени сметководители.

Во повикот е одреден рок од 7 дена од објавувањето (до 29.12.2022) кога треба да се направи ова ажурирање кое е за цели на доставување податоци до ЦРМ и УЈП од страна на ИСОС за потпишување на годишни сметки и финансиски извештаи и даночни пријави.

Линк до повикот https://isos.com.mk/index.php/item/1602-povik-za-azhuriranje-na-podatoci

Ажурирањето се прави по влегување на профилот (https://smetkovoditel.isos.com.mk/login) на податоците од десната страна .
На сајтот на профилот има податоци и за часовите за КПУ. Ќе ги видите долу лево откако ќе влезете на Вашиот профил (за влез се внесува бројот на уверението и последните 6 цифри од Вашиот ЕМБГ).
Доколку забележите некое несогласување во евиденцијата на КПУ часовите кои сте ги посетиле кај нас со тие кои Ви се покажуваат на профилот, а досега не сте
нè контатирале, Ве молиме тоа да го направите најдоцна до утре (29.12.2022 годна) на info.professionalaccount@gmail.com.