information-1015297_960_720

ЈАВЕН ПОВИК бр.1, нова бескаматна кредитна линија „КОВИД 4“

Врз основа на Законот за Развојна банка на Северна Македонија (Сл.Весник на Република Македонија бр.105/2009 и Службен весник на Република Северна Македонија бр.77/21), Договорот за администрирање на Фонд за финансиска поддршка и поддршка на ликвидноста – Ковид 4 бр.03-6659/1 од 17.06.2021 година и бр.13-5760/1 од 22.06.2021 година, Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје, објавува:

ЈАВЕН ПОВИК бр.1
за поднесување на кредитно барање за директно кредитирање на микро,
мали и средни претпријатија погодени од Ковид-19 од
ФОНД ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА И ПОДДРШКА НА ЛИКВИДНОСТА – ,,КОВИД 4”

I. ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК
Предмет на овој јавен повик е поднесување на кредитно барање за директна поддршка на микро, мали и средни трговски друштва, трговци поединци, занаетчии кои плаќаат данок на реален приход, ПЗУ и се регистрирани во Република Северна Македонија, од Фонд за финансиска поддршка и поддршка на ликвидноста – ,,Ковид 4”.
Фондот за финансиска поддршка и поддршка на ликвидноста – ,,Ковид 4” од кој ќе се реализира оваа кредитна линија е формиран со средства од буџетот на Република Северна Македонија во износ од 615.000.000 денари.

II. УСЛОВИ ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА СРЕДСТВАТА
Средствата од Фонд за финансиска поддршка и поддршка на ликвидноста – ,,Ковид 4” ќе се доделуваат под следните услови:

Намена на кредитот:
За тековни средства и ликвидност

Износ на кредитот:
Износот на кредитот зависи од бројот на вработени и падот на приходите.
Максималниот износ на кредит кој ќе биде одобрен на кредитокорисникот не може да биде повисок од 1.845.000 денари, а минималниот износ на кредит не може да биде под 184.500 денари.

  • За сите субјекти со пад на приходи од 30% до 50% во 2020 година, во однос на 2019 година (според ставка АОП 201 од Биланс на успех) максималниот износ на кредит кој може да биде одобрен се пресметува по следната формула:
                        15.200 денари х 3 месеци х број на вработени
  • За сите субјекти кои имале пад на приходи поголем од 50% во 2020 година, во однос на 2019 година (според ставка АОП 201 од Биланс на успех), максималниот износ на кредит кој може да биде одобрен се пресметува по следната формула:

                               22.000 денари х 3 месеци х број на вработени

  • За субјектите основани во текот на 2020 година падот на приходи се пресметува врз основа на приходите во било кој месец од 2021 година (јануари, февруари, март, април, мај или јуни 2021 годинна), во однос на просечните приходи во 2020 година, за што кредитобарателот доставува изјава.

Број на вработени од формулата, се утврдува од копија од МПИН образец за плата, за било кој од месеците јануари 2021февруари 2021 или март 2021.
По исклучок, квалификувани корисници со и до 4 вработени, може да аплицираат за кредит од 184.500 денари.

Начин на пласирање:
Одобрениот кредит се исплаќа директно на кредитокорисникот согласно инструкциите наведени во Барањето за кредит кое го поднесува барателот согласно овој Јавен повик.

Рокови на отплата:
Кредитите од Кредитната линија „КОВИД 4“ ќе се одобруваат со рок на отплата од 36 до 42 месеци со вклучен грејс период до 12 месеци. Отплатата на кредитот од страна на кредитокорисникот ќе се врши во квартални периоди на отплата.

Критериуми за одобрување:
Квалификувани кредитобаратели се:

1. Микро, мали и средни трговски друштва (со приоритетна дејност согласно тековната состојба) од следните сектори погодени од кризата COVID 19 и тоа:
49.10 – Патнички железнички транспорт, меѓуградски,
49.31 – Градски и приградски патнички копнен транспорт
49.39 – Друг патнички копнен транспорт, неспомнат на друго место,
49.41 – Товарен патен транспорт,
50.3   – Внатрешен патнички воден транспорт,
52.21 – Услужни дејности поврзани со копнениот превоз,
52.24 – Претовар на товар,
52.29 – Останати придружни дејности во превозот,
55.1   – Хотели и слични објекти за сместување,
55.10 – Хотели и слични бјекти за сместување,
55.2   – Одморалишта и останати објекти за пократок престој,
56.1   – Ресторани и останати објекти за подготовка и послужување на храна,
56.10 – Ресторани и останати објекти за подготовка и послужување на храна,
56.29 – Останати услуги за подготвување и служење на храна,
56.3   – Подготовка и послужување на пијалоци,
59.11 – Дејности на производството на филмови, видеофилмови
    77.39 – Изнајмување и давање под закуп (лизинг) на останати
79.1   – Дејности на туристичките агенции и организаорите на патувања (туроператори),
79.11 – Дејности на туристичките агенции,
79.12 – Дејности на организатори на патувања (туроператори)
82.30 – Организација на состаноци и деловни саеми
90.01 – Изведувачка уметност
90.02 – Помошни дејности во изведувачката уметност
90.04 – Дејности на објекти за културни манифестации

2. Трговци-поединци (ТП) независно од шифрите на дејност
3. Занаетчии (кои плаќаат давачки на реален приход) независно од шифрите на дејност и
4. Приватни здравствени установи (ПЗУ).

Кредитобарателите треба да ги исполнат следните критериуми:

  • Регистрирани се во Република Северна Македонија,
  • Најмалку 51% се во приватна сопственост,
  • Не се на последната листа на даночни должници објавена од УЈП пред објавата на Јавниот повик на 07.07.2021 година, која се смета за важечка се до целосна реализација на кредитната линија.
  • Не се во постапка на стечај или ликвидација,
  • Имаат поднесено годишна сметка во Централен регистар за 2019 и 2020 година, a доколку се основани во текот на 2020 година да имаат поднесено годишна сметка за 2020 година,
  • Имаат запишано вистински сопственик во Регистарот за вистински сопственици при Централниот регистар на РСМ, доколку е обврзник,
  • Согласно финансиските извештаи за последната фискална година има главнина и резерви (наведени во Биланс на состојба во ставка АОП 65) не помалку од 33% од износот на бараниот кредит; овој критериум не се применува кај занаетчии и ТП,
  • Бележат пад на просечни месечни приходи од најмалку 30% во 2020 година во однос на 2019 година (се однесува за целата година, наведено во Билансите на успех во ставка АОП 201). За компаниите основани во текот на 2020 година, бележат пад од најмалку 30% мерено преку приходот во било кој месец од 2021 година (јануари, февруари, март, април, мај или јуни 2021) во однос на просечните месечни приходи во 2020 година, за што кредитобарателот доставува изјава,
  • Согласно податоците од кредитен регистар на НБРСМ со состојба 31.01.2020 година се во класификација подобра или еднаква на Б (се врши пресметка на просечна ризичност) или кои немаат кредитна изложеност. Исклучок е доколку вкупната кредитна изложеност на банките кон одреден клиент е помала од 5.000 денари,
  • Не се корисници на кредит од ,,Ковид 3” кредитната линија; како корисник се смета секој оној кој има склучено договор со РБСМ за оваа кредитна линија,
  • На денот на отпочнување со аплицирање, немаат неизмирени достасани обврски, како корисници на ,,Ковид 1” и/или ,,Ковид 2” кредитна линија. Ден на отпочнување со аплицирање за сите баратели е ист и како таков се смета 15 јули 2021 година, а подмирување на достасаните обврски треба да е направено заклучно со 14 јули 2021 година.
  • Не се корисници на средства од Мерка 1 – финансиска поддршка на плати за вработените за месец февруари и март 2021 година од Управата за јавни приходи (УЈП), од петтиот економски сет мерки.

Каматна стапка за кредитокорисниците
Каматната стапка за кредитокорисниците се утврдува фиксно на износ од 0% на годишно ниво.
РБСМ нема да наплаќа провизија од кредитокорисникот за обработка на кредитните барања.

Обезбедување
Заемот се обезбедува со меница од кредитокорисникот авалирана од еден од сопствениците на кредитокорисникот, со менична изјава за уредување на правата и обврските по меницата во форма на нотарски акт со извршна клаузула.
Трошоците за воспоставување на обезбедувањето се на товар на кредитокорисникот.

Останато
РБСМ во име и за сметка на Владата на Република Северна Македонија. по одобрување на кредитното барање, ќе склучи договор за кредит со кредитокорисникот.

III. СУБЈЕКТИ КОИ ИМААТ ПРАВО НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА КРЕДИТНО БАРАЊЕ
Право на поднесување на кредитно барање имаат, микро, мали и средни трговски друштва (согласно листа на шифри на приоритетни дејности во точка II од овој Јавен поовик), трговци поединци, занаетчии кои плаќаат данок на реален приход и ПЗУ кои се регистрирани во Република Северна Македонија согласно позитивните прописи и се со основна главнина во приватна сопственост на правни и физички лица од најмалку 51%.
Кредитобарателот може да ја провери својата класификација по големина со увид во негова тековна состојба.

IV. ГРАНТ КОМПОНЕНТА

Субјектите кои ќе бидат корисници на кредит од кредитната линија ,,Ковид 4”, ќе имаат можност за користење на грант, односно да добијат отпуштање на дел од долгот. За да може да користат грант, кредитокорисниците ќе треба да поднесат Барање за грант до Развојна банка на Северна Македонија штом ги исполнат следните услови:

  • Подмирени најмалку 40% од обврските по основ на одобрен кредит;
  • Да нема регистрирано доцнење при сервисирање на обврските по основ на кредитот подолго од 30 дена; и
  • Да нема извршено предвремена отплата на кредитот.

Исполнетоста на критериумите за користење на грант ќе се оценува во моментот на поднесување на Барање за грант (барање за отпуштање на долг).

Износот на грант компонентата, се одредува од следните критериуми и на следниот начин:

  1. Бројот на вработени во 2021 година во однос на 2020 година да е зголемен за најмалку 5,0% (се користат податоци од МПИН образец за декември 2021 и декември 2020 година), и
  2. Вкупните приходи за 2021 година се зголемени најмалку за 10,0% споредено со вкупните приходи во 2020 година (се користат податоци од Билансот на успех за 2021 и 2020 година ставка АОП 201).

Кредитокорисникот кој го исполнува условот под број 1 има право на грант во висина од 20% од износот на кредитот.
Кредитокорисникот кој го исполнува условот под број 2 има право на грант во висина од 30% од износот на кредитот.
Доколку кредитокорисникот ги исполни и двата услова кумулативно има право на грант во висина од 50% од износот на кредитот.

РБСМ го одобрува барањето за грант компонентата и врши отпуштање на долг во процентот на одобрената грант компонента, пресметан во поседните рати на отплата на кредитот.

V. ЗАДОЛЖИТЕЛНА ДОКУМЕНТАЦИЈА
Документ без кој нема да се обработува барањето за кредит е Кредитно барање од кредитобарателот, кој е образец објавен на веб страницата на банката и кое ги содржи основните информации на кредитобарателот, износот на кредит кој го бара, инструкции за плаќање и други информации.
Апликацијата за кредит се смета поднесена до Развојна банка на Северна Македонија на датумот, часот и минутите во кои формуларот Кредитно барање пристигнал на е-маил адресата за Јавниот повик.

Задолжителна документација која кредитобарателот е должен да ја достави на јавниот повик е следната:

  1. Кредитно барање (формулар објавен на веб страницата на банката без кој другите доставени документи од субјектите нема да бидат процесирани),
  2. Апликација за регистрација на клиент-правно лице (образец објавен на веб страницата на банката),
  3. Изјава за поврзаност со други правни/физички лица (образец објавен на веб страницата на банката),
  4. Изјава за постоење својство на носител на јавна функција (образец објавен на веб страницата на банката),
  5. Изјава за проверка на кредитна изложеност (образец објавен на веб страницата на банката),
  6. ЗП образец (образец за заверен потпис кој е достапен на веб страницата на ЦРМ),
  7. МПИН од месеците јануари, февруари или март 2021 година (за утврдување на број на вработени),

Документација која кредитобарателот треба да ја достави, а која доколку не биде доставена од кредитобарателот банката ќе ја обезбеди по службена должност:

  1. Тековна состојба не постара од 6 месеци (од Централен регистар на РСМ),
  2. Тековна состојба за вистински сопственик (од Централен регистар на РСМ),
  3. Годишна завршна сметка за 2019 година и за 2020 година (од Централен регистар на РСМ),
  4. Доказ дека не е отворена стечајна, односно ликвидациона постапка, односно документи (1) Потврда за стечај и (2) Потврда за ликвидација (од Централен регистар на РСМ).

VI. КРИТЕРИУМИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ЗА РАСПРЕДЕЛБА НА СРЕДСТВАТА
Квалификуван кредитокорисник кој ги исполнува критериумите за одобрување на кредит по принципот ,,ПРВ ДОЈДЕН, ПРВ УСЛУЖЕН”.
Кредитните барања се обработуваат хронолошки како што се пристигнати на е-маил kreditiranjecovid4@mbdp.com.mk .

VII. ИЗГОТВУВАЊЕ И ПОДНЕСУВАЊЕ НА КРЕДИТНО БАРАЊЕ
Кредитното барање со комплетната документација се доставува исклучиво по електронски пат, на следната е-маил адреса: kreditiranjecovid4@mbdp.com.mk.

Доставените кредитни барања се распределуваат автоматизирано, поради што е неопходно да се почитуваат следните правила при аплицирање:

  • Во предметот (Subject) на е-маилот со кој се доставува кредитното барање да биде наведен назив на компанијата град и правната форма на латиница, на пример: Vardar Berovo DOOEL
  • Доколку кредитното барање се доставува во две или повеќе пораки, насловот (Subject) на пораките треба да е ист како во првата порака без дополнителни знаци и додатоци како на пример: 1, 2, vtor del, covid4, kovid, итн.
  • Прилозите не треба да надминуваат големина од 6MB и треба да бидат доставени во прилог како .pdf, .zip или .rar формат.

Кредитното барање е задолжителен документ и доставената друга документација нема да биде разгледана додека не се достави Кредитно барање.

Кредитното барање мора да биде целосно пополнето.
Кредитното барање и пропратните документи чии обрасци се пропишани од банката, се препорачува да бидат пополнети електронски, на компјутер, или доколку тоа не е возможно да бидат пополнети читко со печатни букви.
Кредитните барања можат да бидат потпишани рачно или со дигитален сертификат.
Кредитобарателот може да поднесе само едно кредитно барање.

VIII. OПШТИ ОДРЕДБИ
Кредитните барања за јавниот повик се доставуваат 20 дена, со почеток од 15 јули 2021 година од 9:00 часот наутро и завршува на 03 август 2021 година во 23:59 часот.
Електронската адреса на која треба да пристигнат кредитните барања ќе биде НЕАКТИВНА пред 09:00 часот.

Обработката на пристигнатите кредитни барања ќе отпочне по затворање на јавниот повик.
Документите кои се доставуваат на јавниот повик се неповратни.
Несоодветните кредитни барања на неквалификувани кредитокорисници нема да се разгледуваат.
Некомплетните барања за кредит нема да се разгледуваат сè додека не се дополнат.
Пристигнатите документи без Кредитно барање (образец на веб страната на банката) нема да се обработуваат сè додека не се поднесе Кредитното барање.
Банката не сноси никакви трошоци настанати со подготовка, составување и доставување на барањата за кредит, така што учесникот на јавниот повик нема право на надомест на било какви трошоци по основ на учество на овој јавен повик.
Банката ќе ги извести барателите на кредит на коишто им е одобрен кредит врз основа на доставено Кредитно барање, на електронската адреса наведена во Тековната состојба на субјектот.
Банката ќе ги известува кредитобарателите чии кредитни барања се одбиени, со причина за одбивање, на електронската адреса наведена во Тековната состојба на субјектот.
Банката нема да ги известува индивидуално кредитобарателите чии кредитни барања се пристигнати по исцрпување на средствата.
За исцрпување на средствата по објавениот Јавен повик, Банката ќе објави информација за јавност на својата веб страница.

Сите информации и обрасци поврзани со јавниот повик, може да се најдат на веб страната на банката www.mbdp.com.mk.

Линк од повикот

information-1015297_960_720

ЈАВЕН ПОВИК бр.1, Трговски радиодифузни друштва

Врз основа на Законот за Развојна банка на Северна Македонија (Сл.Весник на Република Македонија бр.105/2009 и Службен весник на Република Северна Македонија бр.77/21), Анекс кон Договорот за администрирање на Посебен кредитен фонд за директно кредитирање на трговски радиодифузни друштва бр.26-6660/1 од 17.06.2021 година и бр.13-5761/1 од 22.06.2021 година, Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје, објавува:

ЈАВЕН ПОВИК бр.1
КРЕДИТНА ЛИНИЈА ЗА ПОДДРШКА НА ТРГОВСКИ РАДИОДИФУЗНИ ДРУШТВА
за поднесување на кредитно барање за директно кредитирање на
деловни субјекти од областа на емитување на радио и телевизиски програми

I. ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК
Предмет на овој јавен повик е поднесување на кредитно барање од Кредитната линија за поддршка на трговски радиодифузни друштва за директна поддршка на деловни субјекти од областа на емитување на радио и телевизиски програми.
Кредитната линија за поддршка на трговски радиодифузни друштва ќе се реализира со средства од Посебен кредитен фонд – ПКФ во износ од 61.000.000,00 денари.

II. УСЛОВИ ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА СРЕДСТВАТА
Средствата од Кредитната линија за поддршка на трговски радиодифузни друштва ќе се доделуваат под следните услови:

Намена на кредитот:
За тековни средства и ликвидност

Максимални износи на кредитот:
Субјекти со приоритетна шифра на дејност 60.20:
– Национални медиуми, до 7.380.000 денари
– Регионални медиуми, до 1.230.000 денари
– Локални медиуми до 615.000 денари

Субјекти со приоритетна шифра на дејност 60.10:
-Национални, регионални и локални радио медиуми до 615.000 денари

За субјектите со приоритетна шифра на дејност 60.20, поделбата на национален, регионален и локален медиум е согласно објавениот регистар на ТВ од Агенцијата за аудио и аудовизуелни услуги, јавно достапен пред распишување на Јавниот повик за кредитната линија.

Начин на пласирање:
Одобрениот кредит се исплаќа директно на кредитокорисникот согласно инструкциите наведени во Барањето за кредит.

Рокови на отплата:
Кредитите од Кредитната линија за поддршка на трговски радиодифузни друштва ќе се одобруваат со рок на отплата до 48 месеци со вклучен грејс период до 12 месеци. Отплатата на кредитот од страна на кредитокорисникот ќе се врши во квартални периоди на отплата.

Критериуми за одобрување:
Квалификувани кредитобаратели се:
Трговски радиодифузни друштва (со приоритетна дејност согласно тековната состојба) и тоа:
60.10 – Емитување на радиопрограма и
60.20 – Дејности на телевизиската програма и емитување

Кредитобарателите треба да ги исполнат следните критериуми:

  • Регистрирани се во Република Северна Македонија,
  • Се најмалку 51% во приватна сопственост,
  • Немаат неплатени даноци и придонеси со состојба 31.03.2021 или понова, освен ако на истите им е одобрено одложено плаќање на даноците и придонесите во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќаат,
  • Не се во постапка на стечај или ликвидација,
  • Работат подолго од 6 месеци и имаат поднесено годишна сметка во централен регистар,
  • Имаат запишано вистински сопственици во Регистарот за вистински сопственици при Ценралниот регистар на РСМ доколку е обврзник,
  • Согласно финансиските извештаи за последната фискална година имаат главнина и резерви (наведено во билансот на состојба во ставка АОП 65), не помалку од 50% од износот на бараниот кредит,
  • Бележат пад на приходите од најмалку 10% во 2020 година во однос на 2019 година (наведено во билансите на успех во ставка АОП 201) или оствариле негативен финансиски резултат за 2020 година,
  • Согласно податоците од кредитен регистар на НБРСМ со состојба од 31.01.2020 година се во класификација подобра или еднаква на Б (се врши пресметка на просечна ризичност) или кои немаат кредитна изложеност. Исклучок е доколку вкупната кредитна изложеност на банките кон одреден клиент е помала од 10.000 денари,
  • Показателот за степенот на финансиска задолженост на компанијата треба да е помал од 4, а се пресметува како сооднос помеѓу вкупни обврски по заеми и кредити во однос на главнината и резервите, односот помеѓу ставките од билансот на состојба се утврдува од следните ставки:
    (АОП90 + АОП104) / АОП65. Показателот се пресметува на база на биланс на состојба од последната фискална година.

Каматна стапка за кредитокорисниците
Каматната стапка за кредитокорисниците се утврдува фиксно на износ од 0% на годишно ниво.
РБСМ нема да наплаќа провизија од кредитокорисникот за обработка на кредитните барања.

Обезбедување
Заемот се обезбедува со меница од кредитокорисникот авалирана од еден од сопствениците на кредитокорисникот, со менична изјава за уредување на правата и обврските по меницата во форма на нотарски акт со извршна клаузула.
Трошоците за воспоставување на обезбедувањето се на товар на кредитокорисникот.

Останато
РБСМ во име и за сметка на Владата на Република Северна Македонија. по одобрување на кредитното барање, ќе склучи договор за кредит со кредитокорисникот.

III. СУБЈЕКТИ КОИ ИМААТ ПРАВО НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА КРЕДИТНО БАРАЊЕ
Право на поднесување на кредитно барање имаат трговски радиодифузни друштва со приоритетна дејност 60.10 и 60.20, кои се регистрирани во Република Северна Македонија согласно позитивните прописи и се со основна главнина во приватна сопственост на правни и физички лица од најмалку 51%.

IV. ЗАДОЛЖИТЕЛНА ДОКУМЕНТАЦИЈА
Документ без кој нема да се обработува барањето за кредит е Кредитно барање од кредитобарателот, кој е образец објавен на веб страницата на банката и кое ги содржи основните информации на кредитобарателот, износот на кредит кој го бара, инструкции за плаќање и други информации. Апликацијата за кредит се смета поднесена до Развојна банка на Северна Македонија на датумот, часот и минутите во кои формуларот Кредитно барање пристигнал на е-маил адресата за Јавниот повик.

Задолжителна документација која кредитобарателот е должен да ја достави на јавниот повик е следната:

  1. Кредитно барање (формулар објавен на веб страницата на банката без кој другите доставени документи нема да се процесираат),
  2. Апликација за регистрација на клиент-правно лице (образец објавен на веб страницата на банката),
  3. Изјава за поврзаност со други правни/физички лица (образец објавен на веб страницата на банката),
  4. Изјава за постоење својство на носител на јавна функција (образец објавен на веб страницата на банката),
  5. Изјава за проверка на кредитна изложеност (образец објавен на веб страницата на банката),
  6. ЗП образец (образец за заверен потпис),
  7. Уверение за платени даноци и придонеси од УЈП заклучно со 31.03.2021 година.

Документација која кредитобарателот треба да ја достави или која доколку не биде доставена од кредитобарателот банката ќе ја обезбеди по службена должност:

       8. Тековна состојба не постара од 6 месеци (од Централен регистар на РСМ),
       9. Тековна состојба за вистински сопственик (од Централен регистар на РСМ),
     10. Годишна завршна сметка (со 31.12.2020 г. и со 31.12.2019 г.) (од Централен регистар на РСМ),
     11. Потврда за стечај и Потврда за ликвидација – Доказ дека не е отворена стечајна, односно ликвидациона постапка – (од Централен регистар на РСМ).

V. КРИТЕРИУМИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ЗА РАСПРЕДЕЛБА НА СРЕДСТВАТА
Квалификуван кредитокорисник кој ги исполнува критериумите за одобрување на кредит по принципот ,,ПРВ ДОЈДЕН, ПРВ УСЛУЖЕН”.
Кредитните барања се обработуваат хронолошки како што се пристигнати на е-маил covidmediumi@mbdp.com.mk.

VI. ИЗГОТВУВАЊЕ И ПОДНЕСУВАЊЕ НА КРЕДИТНО БАРАЊЕ
Кредитното барање со комплетната документација се доставува исклучиво по електронски пат, на следната е-маил адреса: covidmediumi@mbdp.com.mk.

Доставените кредитни барања се распределуваат автоматизирано, поради што е неопходно да се почитуваат следните правила при аплицирање:

  • Во предметот (Subject) на е-маилот со кој се доставува кредитното барање да биде наведен назив на компанијата град и правната форма на латиница, на пример: Vardar Berovo DOOEL
  • Доколку кредитното барање се доставува во две или повеќе пораки, насловот (Subject) на пораките треба да е ист како во првата порака без дополнителни знаци и додатоци како на пример: 1, 2, vtor del, covid4, kovid, итн.
  • Прилозите не треба да надминуваат големина од 8MB и треба да бидат доставени во прилог како .pdf, .zip или .rar формат.

Кредитното барање е задолжителен документ и доставената друга документација нема да биде разгледана додека не се достави Кредитно барање. Кредитното барање мора да биде целосно пополнето.
Кредитното барање и пропратните документи чии обрасци се пропишани од банката, се препорачува да бидат пополнети електронски, на компјутер, или доколку тоа не е возможно да бидат пополнети читко со печатни букви.
Кредитните барања можат да бидат потпишани рачно или со дигитален сертификат.
Кредитобарателот може да поднесе само едно кредитно барање.

VII. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Кредитните барања за јавниот повик се доставуваат 30 денасо почеток од 08 јули 2021 година од 09:00 часот и завршува на 06 август 2021 година во 23:59 часот.

Обработката на пристигнатите кредитни барања ќе отпочне по затварање на јавниот повик.
Документите кои се доставуваат на јавниот повик се неповратни.
Неадекватните кредитни барања на неквалификувани кредитокорисници нема да се разгледуваат.
Некомплетните барања за кредит нема да се разгледуваат сè додека не се дополнат.
Пристигнатите документи без Кредитно барање (образец на веб страната на банката) нема да се обработуваат сè додека не се поднесе Кредитното барање.
Банката не сноси никакви трошоци настанати со подготовка, составување и доставување на барањата за кредит, така што учесникот на јавниот повик нема право на надомест на било какви трошоци по основ на учество на овој јавен повик.

Банката ќе ги извести барателите на кредит на коишто им е одобрен кредит врз основа на доставено Кредитно барање, на електронската адреса наведена во Тековната состојба на субјектот.
Банката ќе ги известува кредитобарателите чии кредитни барања се одбиени, со причина за одбивање, на електронската адреса наведена во Тековната состојба на субјектот.
Банката нема да ги известува индивидуално кредитобарателите чии кредитни барања се пристигнати по исцрпување на средствата.
За исцрпување на средствата по објавениот Јавен повик, Банката ќе објави на својата веб страница.

Сите информации и обрасци поврзани со јавниот повик, може да се најдат на веб страната на банката www.mbdp.com.mk.

Линк од повикот: https://www.mbdp.com.mk/mk/vesti/803-1-10

3

ЈАВЕН ПОВИК ДО КОРИСНИЦИТЕ НА ОДОБРЕНИ КРЕДИТИ ОД ,,КОВИД 2”

Во согласност со Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за условите и критериумите за репласирање на средствата од компензационите фондови од странска помош објавена во Службен весник на РСМ бр.121 од 03.06.2021 година, Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје го објавува овој јавен повик, со кој се нуди можност за кредитокорисниците на кредити од втората бескаматна кредитна линија „Ковид 2“, да поднесат барање за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата на кредитите за 12 (дванаесет) месеци.

Со оглед на погоре наведеното, Ве повикуваме во рок од 7 дена од денот на објавувањето на овој јавен повик, да поднесете електронско барање до Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата на кредитот од „Ковид 2“ кредитната линија.

Барањето во Прилог 1 треба да ги содржи основните податоци за субјектот корисник на кредит: име на компанијата-кредитокорисник, матичен број на компанијата, број и датум на склучување на договорот.  Истото треба да биде потпишано од овластено лице со печат од субјектот корисник на кредит и во скенирана форма (pdf или слика) треба да биде прикачено на електронската форма за доставување на барањето до РБСМ.

Како услов за поднесување на барање за продолжување на рокот на отплата е до 01.07.2021 година, кредитокорисниците да немаат неподмирени доспеани обврски по основ на главница и камата.

Повикот важи заклучно со 18.06.2021 година, кога е последниот ден за поднесување на барањата.

Линкови:
– Барање за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата на кредит одобрен од „Ковид 2“ кредитната линија
– Електронска форма за доставување на барањето до РБСМ

Прилог 1 – Барање за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата на кредит одобрен од „Ковид 2“ кредитната линија

До
Развојна банка на Северна Македонија
Сектор за кредитирање и гаранции
Ул. Димитрие Чуповски бр. 26
1000, Скопје
 
БАРАЊЕ
за продолжување на грејс-периодот и
рокот на отплата на кредит одобрен од „Ковид 2“ кредитната линија

Од кредитокорисник _________________________________________________________ (име на компанијата во формат: ИМЕ НА ФИРМА ДОО/ДООЕЛ/ТП, град),
со ЕМБС ________________ (матичен број), корисник на бескаматен кредит од ,,Ковид 2” кредитната линија,
со број на договор за кредит _________________________________ (број на договор во формат КФ/Дир/0/ХХ) од датум _________________ година.

Согласно дадената можност во јавниот повик објавен на веб страницата на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје, бараме да ни се одобрат дополнително 12 (дванаесет) месеци грејс-период на недоспеаната главница, и да се продолжи рокот на отплата на кредитот по основ на недоспеана главница за истиот период.

Изјавуваме дека немаме доспеана, а неплатена главница и камата по овој кредит.

Ви благодариме на соработката.

Со почит,

(печат)

Управител/Овластено лице
с .р. потпис

телефон за контакт: _______________
е-маил адреса:  ___________________

Барањето се пополнува, потпишува и печатира.

Барањето се доставува во скенирана форма на следниот линк .

За сите прашања обратете се на kreditiranje@mbdp.com.mk

news-1028791_960_720

НЕКОИ ЗАКЛУЧОЦИ ОД 77-ТА СЕДНИЦА НА ВЛАДАТА ОДРЖАНА НА 8 ЈУНИ 2021 ГОДИНА

1. Владата на Република Северна Македонија на 77-та седница ги донесе измените и дополнувањата, односно ребалансот на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година, кои, заедно со дополнувањата на Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година, ќе бидат доставени на усвојување до Собранието.

Според презентацијата на Министерството за финансии, со овој ребаланс приоритетите до крајот на 2021 година ќе бидат насочени кон справување со последиците од пандемијата, преку зголемување на обемот на инвестициите со директна поддршка на активностите на компаниите, отворање на нови работни места преку активните мерки за вработување, како и со поддршка и развој на микро, мали и средни претпријатија.

2. На оваа своја седница Владата ги утврди и измените и дополнувањата на Законот за работни односи со кои се креирани законски решенија за поголема заштита на правото на неделен одмор во недела и се елиминираат можните злоупотреби во однос на обезбедување на користењето на ова право.

3. Во насока на предложените законски решенија за прогласување на неделата како неработен ден, на седницата се усвоени и измените и дополнувањата на Законот за трговија со цел да се уреди работното време во трговијата во недела и на празници, како и да ги утврди исклучоците во трговијата на мало за кои ќе биде дозволено работа во ден недела и на празници.

4. На 77-та седница Владата донесе одлука со која е овозможена поддршка за вкупно 2.204 компании од угостителската дејност, коишто беа затворени во периодот од 6-ти до 27-ми април, или вкупно 21 ден, за време на забраната за работа како мерка за спречување на ширењето на КОВИД-19.

Компаниите од угостителската дејност со приоритетни шифри на дејност според Националната класификација на дејности, 56.10, 56.29, 56.30, имаа можност да се пријават на отворениот повик за финансиска поддршка, при што од вкупно 2.406 пристигнати апликации, 2.204 се целосни, додека 202 апликанти, не се со соодветна шифра на дејност, или имаа регистрирано подружници под една од споменатите шифри.
Вкупната финансиска поддршка за сите 2.204 компании кои ги исполниле условите на јавниот повик е во износ од 354.656.831 денари или 5,77 милиони евра.

5. На оваа седница се утврдени измените и дополнувањата на Законот за финансиска поддршка на инвестиции со кои се прошируваат видовите на финансиска поддршка за технолошки развој и истражување, поддршка за инвестициони проекти од значаен економски интерес, поддршка за преземање на претпријатија во потешкотии и конкурентност на пазарот.

Со новопредложените измени и дополнувања се претставуваат и условите за рамномерен регионален развој, се проширува листата на оправдани инвестициски трошоци, и се предвидува дека корисници на финансиска помош да бидат и субјектите кои вршат дејности поврзани со наменско производство како што е производството на воена опрема.

6. Со претходно одобрување на Комисијата за заразни болести, Владата  го дополни Протоколот за активности во  установите за згрижување и воспитание на деца согласно кој во период на користење на годишни одмори на вработените (јуни-август) може да се направи спојување на деца од различни воспитни групи и тоа групи до двегодишна возраст и групи од две до десетгодишна возраст, но бројот на деца во група не смее да биде поголем од 15 деца (во групи до двегодишна возраст) и 20 деца (во групи од две до десетгодишна возраст).

ЛИНК ОД СООПШТЕНИЕТО

physiotherapy-595529_960_720

Јавен повик за доделување на финансиска поддршка за регистрирани фотографски студија и фитнес центри

Институција која огласува: 

Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување:
01.06.2021

Врз основа на Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година и 6 сет економски КОВИД-19 антикризни мерки во 2021, а Согласно Програма П – Мерки за справување со КОВИД-19 кризата, потпрограма П1 – Мерки за справување со КОВИД-19 кризата,  Владата на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат објавува:

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на финансиска поддршка за регистрирани фотографски студија и фитнес центри

Владата на Република Северна Македонија објавува повик за финансиска поддршка за регистрирани фотографски студија и фитнес центри во рамки на шестиот пакет економски мерки за закрепнување на македонската економија и за излез од КОВИД-19 економската криза.
Повикот има цел да обезбеди финансиска поддршка за регистрирани фотографски студија и фитнес центри кои беа затворени со одлука на Владата за целосна забрана за посетители – гости.

  1. Предмет на поддршка: Финансиска поддршка на фотографски студија и фитнес центри кои беа затворени со Одлука на Владата.
  2. Право на учество имаат сите регистрирани фотографски студија и фитнес центри кои се регистрирани и приоритетна дејност им е:
    • 74.20 Фотографски дејности;
    • 93.13 Објекти за фитнес.
  3. Износ на поддршка 
    Основа за пресметка на поддршката се земаат просечните месечни приходи остварени во 2019 година. Висината на поддршката се пресметува како износ од 30% од просечниот месечен приход. За субјектите кои ќе поднесат пријава на овој повик, а кои се регистрирани во текот на 2019 година основ за пресметка се просечните месечни приходи од денот на основање до крај на 2019 година. Дополнително, секој регистриран активен субјект ќе добие финансиска поддршка во износ од 15.200 денари по вработен, според бројот на ефективни работни часови, со пресек на 31.12.2020.
  4. Посебни услови за користење на финансиската помошСекој правен субјект кој ќе аплицира и на кој ќе му бидат исплатени средства од овој повик, доколку на 31.12.2021 има намален број на вработени споредено со 31.12.2020 тогаш има обврска да врати 50% од примената финансиска поддршка во Буџетот на Република Северна Македонија.

    Секој правен субјект кој ќе аплицира и добие средства од овој повик, доколку на 31.12.2021 го задржал истиот број на вработени како на 31.12.2020 има обврска да врати 20% од вкупниот износ на финансиска поддршка во Буџетот на Република Северна Македонија.

    Секој правен субјект кој ќе аплицира и ќе му бидат исплатени средства од овој повик, ако на 31.12.2021 има зголемен број на вработени споредено со 31.12.2020 нема обврски за враќање средства во Буџетот на Република Северна Македонија.

  5. Образец за аплицирање 
    Субјектите до Владата на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат доставуваат ПРИЈАВА на образец кој е составен дел на овој повик.
  6. Оценување на пристигнатите пријави:
    Комисија формирана од Генерален секретаријат и Министерство за економија ќе ги разгледува поднесените барања и ќе изготви извештај од евалуација, и пресметка за исплата на усвојување до Владата на Република Северна Македонија. Барањата кои нема да ги содржат потребните податоци согласно овој јавен повик, ќе се сметаат за некомплетни и нема да се разгледуваат.
  7. Начин и рок за аплицирање 
    Пријавата се доставува во еден оригинален примерок заверен и потпишан од страна на одговорното лице на субјектот, како и изјава со која подносителот на пријавата прифаќа целосна морална, материјална и кривична одговорност за точноста на податоците наведени во пријавата.Во прилог на пријавата треба да се достави:

    • Копија  од  тековна  состојба  од  уписот  во регистарот   на   други   правни   лица   за регистрација на правното лице не  постара  од шест месеци  (може да се аплицира електронски или директно во Централен регистар);
    • Копија  од  завршната  сметка  (биланс  на состојба   и   биланс   на   успех)   за   2020 година и копија од завршна сметка (биланс на состојба и биланс на успех) за 2019 година;
    • Потврда од Управата за јавни приходи за платени јавни давачки за 2020 година согласно закон (може да се преземе електронски или директно во Управата за јавни приходи);
    • Листинг на вработени – преглед на пријави/одјави во задолжително социјално осигурување за деловен субјект (барањето може да се преземе во Агенцијата за вработување или електронски преку порталот на АВРСМ).

Пријавата се доставува во затворен плик преку пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат, бул. „Илинден“ бр. 2, 1000 Скопје, или преку предавање во архивата на Владата секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

На предната страна на пликот во горниот лев агол да пишува „НЕ ОТВОРАЈ”, а под тоа „Финансиска поддршка за фотографски студија” или „Финансиска поддршка за фитнес центри”.

Барањата кои нема да ги содржат бараните податоци на овој јавен повик или доколку не пристигнат во рамките на рокот за поднесување, ќе се сметаат за некомплетни и/ненавремени и нема да се разгледуваат.

Јавниот повик и обрасците за Јавниот повик се достапни на www.vlada.mk/oglasi.

Рокот за поднесување на пријавите е најдоцна до 1 јуни 2021 година. 
Линк од повикот https://vlada.mk/node/25295

guitarist-768532_960_720

Јавен повик за доделување финансиска поддршка на естрадни уметници

Институција која огласува:
Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување:
25.05.2021

Врз основа на Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година и во рамки на шестиот пакет економски мерки за закрепнување на македонската економија и за излез од КОВИД-19 економската криза, а Согласно Програма П – Мерки за справување со КОВИД-19 кризата, потпрограма П1 – Мерки за справување со КОВИД-19 кризата, Влада на Република Северна Македонија – Генерален Секретаријат објавува:

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ЕСТРАДНИ УМЕТНИЦИ

1. Предмет

Предмет на финансиската поддршка на естрадните уметници е еднократна исплата на финансиски средства во нето износ од 30.750 денари по лице.

Јавниот повик за доделување финансиска поддршка на естрадните уметници има цел да обезбеди финансиска поддршка на естрадни уметници кои поради влијанието на Пандемијата во текот на 2020 година биле спречени да обавуваат дејност.

2. Право на учество

Право на учество на јавниот повик имаат сите естрадни уметници кои во текот на 2020 година имале просечен месечен нето приход понизок од 15.000 денари.

На повикот немаат право на учество:

  • Лица кои на 31.12.2020 се корисници на пензија;
  • Лица кои во текот на 2020 година биле во редовен работен однос;
  • Лица корисници на социјална помош од програмите за поддршка на социјално ранливите категории на Министерството за Труд и Социјална Политика.

3. Образец за аплицирање 

Естрадните уметници до Владата на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат доставуваат ПРИЈАВА на образец кој е составен дел на овој јавен повик.

4. Оценување на пристигнатите пријави:

Комисија формирана од Генерален Секретаријат и Министерство за Култура ќе ги разгледува поднесените барања и ќе изготви извештај од евалуација, и пресметка за исплата на усвојување до Владата на Република Северна Македонија. Барањата кои нема да ги содржат потребните податоци согласно овој јавен повик, ќе се сметаат за некомплетни и нема да се разгледуваат.

Владата на Република Северна Македонија во рок од три дена од денот на усвојувањето на конечната листа, на својата веб страница ќе ја објави листата на естрадни уметници кои го оствариле правото на финансиска поддршка согласно овој јавен повик.

5. Начин и рок за аплицирање 

Пријавата се доставува во еден оригинален примерок потпишан од страна на естрадниот уметник, како и изјава со која подносителот на пријавата прифаќа целосна морална, материјална и кривична одговорност за точноста на податоците наведени во пријавата.
Во прилог на пријавата треба да се достави:

  • Годишна Даночна Пријава за 2020 година

Пријавата се доставува во затворен плик преку пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат, бул. „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје или преку предавање во архивата на Владата секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

На предната страна на пликот во горниот лев агол да пишува „НЕ ОТВОРАЈ”, а под тоа „ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ЕСТРАДНИ УМЕТНИЦИ”

Пријавите кои не се доставени во рокот утврден во овој јавен повик, кои не се пополнети на образецот кој е составен дел од овој јавен повик и кои се нецелосно пополнети, односно кои не ги содржат потребните податоци од овој јавен повик, нема да бидат разгледувани.

Рокот за поднесување на пријавите е најдоцна до 25 мај 2021 година, 16:00 часот. 

Пропратни документи:
children-479692_960_720

Jавен повик за доделување на финансиска поддршка за регистрирани игротеки и приватни детски одморалишта

Институција која огласува:
Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување:
25.05.2021

Врз основа на Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година и 6 сет економски КОВИД-19 антикризни мерки во 2021 , а Согласно Програма П – Мерки за справување со КОВИД-19 кризата, потпрограма П1 – Мерки за справување со КОВИД-19 кризата,  Влада на Република Северна Македонија – Генерален Секретаријат објавува:

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА РЕГИСТРИРАНИ ИГРОТЕКИ И ПРИВАТНИ ДЕТСКИ ОДМОРАЛИШТА

Владата на Република Северна Македонија објавува повик за финансиска поддршка за регистрирани игротеки и приватни детски одморалишта во рамки на шестиот пакет економски мерки за закрепнување на македонската економија и за излез од КОВИД-19 економската криза.
Повикот има цел да обезбеди финансиска поддршка за регистрирани игротеки и приватни детски одморалишта кои беа затворени со одлука на Владата за целосна забрана за посетители – гости.

  1. Предмет на поддршка: Финансиска поддршка на игротеките и приватните детски одморалишта кои беа затворени со Одлука на Владата.
  2. Право на учество имаат сите регистрирани игротеки и приватни детски одморалишта кои се регистрирани и приоритетна дејност им е:
    • 93.29 Останати забавни и рекреативни дејности неспомнати на други места
    • 55.20 Одморалишта и останати објекти за пократок престој
  3. Износ на поддршка 
    Основа за пресметка на поддршката се земаат просечните месечни приходи остварени во 2019 година. Висината на поддршката се пресметува како износ од 30% од просечниот месечен приход. За субјектите кои ќе поднесат пријава на овој повик, а кои се регистрирани во текот на 2019 година основ за пресметка се просечните месечни приходи од денот на основање до крај на 2019 година. Дополнително, секој регистриран активен субјект ќе добие финансиска поддршка во износ од 15.200 денари по вработен, според бројот на ефективни работни часови, со пресек на 31.12.2020.
  4. Посебни услови за користење на финансиската помош
    Секој правен субјект кој ќе аплицира и на кој ќе му бидат исплатени средства од овој повик, доколку на 31.12.2021 има намален број на вработени споредено со 31.12.2020 тогаш има обврска да врати 50% од примената финансиска поддршка во Буџетот на Република Северна Македонијa.Секој правен субјект кој ќе аплицира и добие средства од овој повик, доколку на 31.12.2021 го задржал истиот број на вработени како на 31.12.2020 има обврска да врати 20% од вкупниот износ на финансиска поддршка во Буџетот на Република Северна Македонија.Секој правен субјект кој ќе аплицира и ќе му бидат исплатени средства од овој повик, ако на 31.12.2021 има зголемен број на вработени споредено со 31.12.2020 нема обврски за враќање средства во Буџетот на Република Северна Македонијa.
  5. Образец за аплицирање 
    Субјектите до Владата на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат доставуваат ПРИЈАВА на образец кој е составен дел на овој повик.
  6. Оценување на пристигнатите пријави:
    Комисија формирана од Генерален Секретаријат и Министерство за Економија ќе ги разгледува поднесените барања и ќе изготви извештај од евалуација, и пресметка за исплата на усвојување до Владата на Република Северна Македонија. Барањата кои нема да ги содржат потребните податоци согласно овој јавен повик, ќе се сметаат за некомплетни и нема да се разгледуваат.
  7. Начин и рок за аплицирање 
    Пријавата се доставува во еден оригинален примерок заверен и потпишан од страна на одговорното лице на субјектот, како и изјава со која подносителот на пријавата прифаќа целосна морална, материјална и кривична одговорност за точноста на податоците наведени во пријавата.Во прилог на пријавата треба да се достави:

    • Копија  од  тековна  состојба  од  уписот  во регистарот   на   други   правни   лица   за регистрација на правното лице не  постара  од шест месеци;  (може да се аплицира електронски или директно во Централен регистар);
    • Копија  од  завршната  сметка  (биланс  на состојба   и   биланс   на   успех)   за   2020 година и копија од завршна сметка (биланс на состојба и биланс на успех) за 2019 година.
    • Потврда од Управата за јавни приходи за платени јавни давачки за 2020 година согласно закон (може да се преземе електронски или директно во Управата за јавни приходи);
    • Листинг на вработени – преглед на пријави/одјави во задолжително социјално осигурување за деловен субјект (барањето може да се преземе во Агенцијата за вработување или електронски преку порталот на АВРСМ);

Пријавата се доставува во затворен плик преку пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат, бул. „Илинден“ бр. 2, 1000 Скопје, или преку предавање во архивата на Владата секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

На предната страна на пликот во горниот лев агол да пишува „НЕ ОТВОРАЈ”, а под тоа „Финансиска поддршка за регистрирани игротеки”

Барањата кои нема да ги содржат бараните податоци на овој јавен повик или доколку не пристигнат во рамките на рокот за поднесување, ќе се сметаат за некомплетни и/ненавремени и нема да се разгледуваат.

Рокот за поднесување на пријавите е најдоцна до 25 мај 2021 година. 

Пропратни документи:
events-1203275_960_720

Јавен повик за доделување на финансиска поддршка за компании – оператори од индустријата за организација на настани, агенции кои организираат настани и други

Институција која огласува:
Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување:
25.05.2021

Врз основа на Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година и 6 сет економски КОВИД-19 антикризни мерки во 2021 , а Согласно Програма П – Мерки за справување со КОВИД-19 кризата, потпрограма П1 – Мерки за справување со КОВИД-19 кризата,  Влада на Република Северна Македонија – Генерален Секретаријат објавува:

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА КОМПАНИИ – ОПЕРАТОРИ ОД ИНДУСТРИЈАТА ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАСТАНИ, АГЕНЦИИ КОИ ОРГАНИЗИРААТ НАСТАНИ И ДРУГИ

Владата на Република Северна Македонија објавува повик за финансиска поддршка на  оператори од индустријата за организација на настани, агенции кои организираат настани и други како дел од шестиот пакет економски мерки за закрепнување на македонската економија и за излез од КОВИД-19 економската криза.

Повикот има цел да обезбеди финансиска поддршка за оператори од индустријата за организација на настани, агенции кои организираат настани и други кои беа спречени да обавуваат дејност со одлука на Владата.

  1. Предмет на поддршка: Финансиска поддршка на оператори од индустријата за организација на настани, агенции кои организираат настани и други
  2. Право на учество имаат трговски друштва регистрирани со примарна/основна приоритетна шифра на дејност:
    • 59.11: Дејности на производство на филмови, видеофилмови и телевизиска програма
    • 59.20: Снимање на звучни записи и издавање на музички записи
    • 74.20: Фотографски дејности (изработка на фотографии за комерцијални потреби освен изработка на фотографии за патни исправи, училишта, свадби и други настани кои не се од јавен карактер, и не присуствува публика, фотографии за потреби на издаваштво и работење со недвижности, видео снимање на важни случувања од приватен карактер.; Обработка на филмови освен копирање и реставрација или ретуширање на стари фотографии.)
    • 77.39: Изнајмување и давање под закуп (лизинг) на останати машини, опрема и материјални добра, неспомнати на друго место доколку истите претставуваат професионална радио, телевизиска и телекомуникациска опрема или филмска продукциска опрема
    • 82.30: Организација на состаноци и деловни саеми, освен состаноци и други настани од приватен карактер кои не вклучуваат јавност
    • 90.01: Изведувачка уметност
    • 90.02: Помошни дејности во изведувачката уметност
    • 90.04: Дејности на објектите за културни манифестации
  3. Дополнителни критериуми
    Учество во организирање на јавни настани кое треба да се докаже со доставување на копии од три договори за организирање или изнајмување опрема на јавен настан, како и фактури и банкарски изводи за извршениот промет од ангажманот направени во текот на 2019 година, со кои се докажува поврзаност со организацијата на настанот.
  4. Износ на поддршка 
    Основа за пресметка на поддршката се земаат просечните месечни приходи остварени во 2019 година. Висината на поддршката се пресметува како износ од 30% од просечниот месечен приход. За субјектите кои ќе поднесат пријава на овој повик, а кои се регистрирани во текот на 2019 година основ за пресметка се просечните месечни приходи од денот на основање до крај на 2019 година. Дополнително, секој регистриран активен субјект ќе добие финансиска поддршка во износ од 15.200 денари по вработен, според бројот на ефективни работни часови, со пресек на 31.12.2020.
  5. Посебни услови за користење на финансиската помош
    Секој правен субјект кој ќе аплицира и на кој ќе му бидат исплатени средства од овој повик, доколку на 31.12.2021 има намален број на вработени споредено со 31.12.2020 тогаш има обврска да врати 50% од примената финансиска поддршка во Буџетот на Република Северна Македонија.Секој правен субјект кој ќе аплицира и добие средства од овој повик, доколку на 31.12.2021 го задржал истиот број на вработени како на 31.12.2020 има обврска да врати 20% од вкупниот износ на финансиска поддршка во Буџетот на Република Северна Македонија.Секој правен субјект кој ќе аплицира и ќе му бидат исплатени средства од овој повик, ако на 31.12.2021 има зголемен број на вработени споредено со 31.12.2020 нема обврски за враќање средства во Буџетот на Република Северна Македонија.
  6. Образец за аплицирање 
    Субјектите до Владата на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат доставуваат ПРИЈАВА на образец кој е составен дел на овој повик.
  7. Оценување на пристигнатите пријави:
    Комисија формирана од Генерален Секретаријат и Министерство за Економија ќе ги разгледува поднесените барања и ќе изготви извештај од евалуација, и пресметка за исплата на усвојување до Владата на Република Северна Македонија. Барањата кои нема да ги содржат потребните податоци согласно овој јавен повик, ќе се сметаат за некомплетни и нема да се разгледуваат.
  8. Начин и рок за аплицирање 
    Пријавата се доставува во еден оригинален примерок заверен и потпишан од страна на одговорното лице на субјектот, како и изјава со која подносителот на пријавата прифаќа целосна морална, материјална и кривична одговорност за точноста на податоците наведени во пријавата.Во прилог на пријавата треба да се достави:

    • Копија  од  тековна  состојба  од  уписот  во регистарот   на   други   правни   лица   за регистрација на правното лице не  постара  од шест месеци;  (може да се аплицира електронски или директно во Централен регистар);
    • Копија  од  завршната  сметка  (биланс  на состојба   и   биланс   на   успех)   за   2020 година и копија од завршна сметка (биланс на состојба и биланс на успех) за 2019 година.
    • Потврда од Управата за јавни приходи за платени јавни давачки за 2020 година согласно закон (може да се преземе електронски или директно во Управата за јавни приходи);
    • Листинг на вработени – преглед на пријави/одјави во задолжително социјално осигурување за деловен субјект (барањето може да се преземе во Агенцијата за вработување или електронски преку порталот на АВРСМ);
    • Копија од три договори за организирање или изнајмување опрема на јавен настан, како и фактури и банкарски изводи за извршениот промет од ангажманот направени во текот на 2019 година, со кои се докажува поврзаност со организацијата на настанот.

Пријавата се доставува во затворен плик преку пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат, бул. „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје или преку предавање во архивата на Владата секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

На предната страна на пликот во горниот лев агол да пишува „НЕ ОТВОРАЈ”, а под тоа „ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ОПЕРАТОРИ ОД ИНДУСТРИЈАТА ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАСТАНИ, АГЕНЦИИ КОИ ОРГАНИЗИРААТ НАСТАНИ И ДРУГИ”.

Барањата кои нема да ги содржат бараните податоци на овој јавен повик или доколку не пристигнат во рамките на рокот за поднесување, ќе се сметаат за некомплетни и/ненавремени и нема да се разгледуваат.

Рокот за поднесување на пријавите е најдоцна до 25 мај 2021 година. 

Пропратни документи:
Линк од повикот https://vlada.mk/node/25197
restaurant-690569_960_720

Јавен повик за доделување на финансиска поддршка за лиценцирани вршители на угостителска дејност кабаре, ноќен бар, дискоклуб и дискоклуб на отворен простор

Институција која огласува:
Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување:
25.05.2021

Врз основа на Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година и 6 сет економски КОВИД-19 антикризни мерки во 2021 , а Согласно Програма П – Мерки за справување со КОВИД-19 кризата, потпрограма П1 – Мерки за справување со КОВИД-19 кризата,  Влада на Република Северна Македонија – Генерален Секретаријат објавува:

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ЛИЦЕНЦИРАНИ ВРШИТЕЛИ НА УГОСТИТЕЛСКА ДЕЈНОСТ КАБАРЕ, НОЌЕН БАР, ДИСКОКЛУБ И ДИСКОКЛУБ НА ОТВОРЕН ПРОСТОР

Владата на Република Северна Македонија објавува повик за финансиска поддршка за лиценцирани вршители на угостителска дејност кабаре, ноќен бар, дискоклуб и дискоклуб на отворено во рамки на шестиот пакет економски мерки за закрепнување на македонската економија и за излез од КОВИД-19 економската криза.
Повикот има цел да обезбеди финансиска поддршка за лиценцирани вршители на угостителска дејност кабаре, ноќен бар, дискоклуб и дискоклуб на отворен простор кои беа затворени со одлука на Владата за целосна забрана за посетители – гости.

  1. Предмет на поддршка: Финансиска поддршка на Угостители кои беа затворени со Одлука на Владата.
  2. Право на учество имаат сите лиценцирани вршители на угостителска дејност кабаре, ноќен бар, дискоклуб и дискоклуб на отворен простор кои заклучно со 13.03.2020 има важечка Лиценца за работа.
  3. Износ на поддршка
    Основа за пресметка на поддршката се земаат просечните месечни приходи остварени во 2019 година. Висината на поддршката се пресметува како износ од 30% од просечниот месечен приход. За субјектите кои ќе поднесат пријава на овој повик, а кои се регистрирани во текот на 2019 година основ за пресметка се просечните месечни приходи од денот на основање до крај на 2019 година. Дополнително, секој регистриран активен субјект ќе добие финансиска поддршка во износ од 15.200 денари по вработен, според бројот на ефективни работни часови, со пресек на 31.12.2020.
  4. Посебни услови за користење на финансиската помош
    Секој правен субјект кој ќе аплицира и на кој ќе му бидат исплатени средства од овој повик, доколку на 31.12.2021 има намален број на вработени споредено со 31.12.2020 тогаш има обврска да врати 50% од примената финансиска поддршка во Буџетот на Република Северна Македонија.Секој правен субјект кој ќе аплицира и добие средства од овој повик, доколку на 31.12.2021 го задржал истиот број на вработени како на 31.12.2020 има обврска да врати 20% од вкупниот износ на финансиска поддршка во Буџетот на Република Северна Македонија.Секој правен субјект кој ќе аплицира и ќе му бидат исплатени средства од овој повик, ако на 31.12.2021 има зголемен број на вработени споредено со 31.12.2020 нема обврски за враќање средства во Буџетот на Република Северна Македонија.
  5. Образец за аплицирање
    Субјектите до Владата на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат доставуваат ПРИЈАВА на образец кој е составен дел на овој повик.
  6. Оценување на пристигнатите пријави:
    Комисија формирана од Генерален Секретаријат и Министерството за Економија ќе ги разгледува поднесените барања и ќе изготви извештај од евалуација, и пресметка за исплата на усвојување до Владата на Република Северна Македонија. Барањата кои нема да ги содржат потребните податоци согласно овој јавен повик, ќе се сметаат за некомплетни и нема да се разгледуваат.
  7. Начин и рок за аплицирање 
    Пријавата се доставува во еден оригинален примерок заверен и потпишан од страна на одговорното лице на субјектот, како и изјава со која подносителот на пријавата прифаќа целосна морална, материјална и кривична одговорност за точноста на податоците наведени во пријавата.Во прилог на пријавата треба да се достави

    • Копија од Лиценцата за вршење угостителска дејност (Документ издаден од Министерство за економија);
    • Копија  од  тековна  состојба  од  уписот  во регистарот   на   други   правни   лица   за регистрација на правното лице не  постара  од шест месеци;  (може да се аплицира електронски или директно во Централен регистар);
    • Копија  од  завршната  сметка  (биланс  на состојба   и   биланс   на   успех)   за   2020 година и копија од завршна сметка (биланс на состојба и биланс на успех) за 2019 година.
    • Потврда од Управата за јавни приходи за платени јавни давачки за 2020 година согласно закон (може да се преземе електронски или директно во Управата за јавни приходи);
    • Листинг на вработени – преглед на пријави/одјави во задолжително социјално осигурување за деловен субјект (барањето може да се преземе во Агенцијата за вработување или електронски преку порталот на АВРСМ);

Пријавата се доставува во затворен плик преку пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат, бул. „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје или преку предавање во архивата на Владата секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

На предната страна на пликот во горниот лев агол да пишува „НЕ ОТВОРАЈ”, а под тоа „ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ЛИЦЕНЦИРАНИ ВРШИТЕЛИ НА УГОСТИТЕЛСКА ДЕЈНОСТ КАБАРЕ, НОЌЕН БАР, ДИСКОКЛУБ И ДИСКОКЛУБ НА ОТВОРЕН ПРОСТОР.”

Барањата кои нема да ги содржат бараните податоци на овој јавен повик или доколку не пристигнат во рамките на рокот за поднесување, ќе се сметаат за некомплетни и/ненавремени и нема да се разгледуваат.

Рокот за поднесување на пријавите е најдоцна до 25 мај 2021 година.

Пропратни документи:
Линк од повикот https://vlada.mk/node/25200
st-marco-3701755_960_720

Јавен повик за финансиска поддршка на лиценцирани туристички агенции

Институција која огласува:
Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување:
25.05.2021

Врз основа на Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година и 6 сет економски КОВИД-19 антикризни мерки во 2021 , а Согласно Програма П – Мерки за справување со КОВИД-19 кризата, потпрограма П1 – Мерки за справување со КОВИД-19 кризата, Влада на Република Северна Македонија – Генерален Секретаријат објавува:

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ЛИЦЕНЦИРАНИ ТУРИСТИЧКИ АГЕНЦИИ

Владата на Република Северна Македонија објавува повик за финансиска поддршка за лиценцирани туристички агенции во рамки на шестиот пакет економски мерки за закрепнување на македонската економија и за излез од КОВИД-19 економската криза.

Повикот има цел да обезбеди финансиска поддршка за лиценцирани туристички агенции кои поради ситуацијата со пандемијата беа оневозможени да обавуваат дејност.

1.    Предмет на поддршка: финансиска поддршка за лиценцирани туристички агенции.

2.    Право на учество имаат сите лиценцирани туристички агенции во Република Северна Македонија

3.    Износ на поддршка 

Туристичките агенции со А лиценца ќе добијат најмногу до 5.000 евра, а туристичките агенции со Б лиценца ќе добијат најмногу до 2.000 евра.

4.    Начин на пресметка

Износот на средства кој ќе биде доделен е во зависност од остварениот вкупен приход во 2019 година, бројот на вработени и видот на лиценцата а ќе изнесува од 60.000,00 до 300.000,00 денари за правен субјект и тоа:

За туристичка агенција Б Лиценца

  • за вкупни приходи од 0 – 1.000.000,00 денари – грант во износ од 60.000,00 денари;
  • за вкупни приходи од 1.000.001,00 – 2.500.000,00 денари – грант во износ од 90.000,00 денари;
  • за вкупни приходи над 2.500.001,00 денари – грант во износ од 120.000,00 денари.

За туристичка агенција со А Лиценца

  • за вкупни приходи од 0 – 1.000.000,00 денари – грант во износ од 100.000,00 денари;
  • за вкупни приходи од 1.000.001,00 – 2.500.000,00 денари – грант во износ од 200.000,00 денари;
  • за вкупни приходи над 2.500.001,00 денари – грант во износ од 300.000,00 денари.

Туристичките агенции кои се регистрирани во 2020 и 2021 година и поседуваат Лиценца од Министерство за економија издадена до денот на објавување на јавниот повик на кои ќе им биде одобрен минимален износ согласно видот на Лиценцата.

Туристички агенции со лиценца А кои имаат помалку од 4 вработени ќе им се одобри грант во износ до 180.000 денари.

5.    Посебни услови за користење на финансиската помош

Секој правен субјект кој ќе аплицира и на кој ќе му бидат исплатени средства од овој повик, доколку на 31.12.2021 има намален број на вработени споредено со 31.12.2020 тогаш има обврска да врати 50% од примената финансиска поддршка во Буџетот на РСМ.

Секој правен субјект кој ќе аплицира и добие средства од овој повик, доколку на 31.12.2021 го задржал истиот број на вработени како на 31.12.2020 има обврска да врати 20% од вкупниот износ на финансиска поддршка во Буџетот на РСМ.

Секој правен субјект кој ќе аплицира и ќе му бидат исплатени средства од овој повик, ако на 31.12.2021 има зголемен број на вработени споредено со 31.12.2020 нема обврски за враќање средства во Буџетот на РСМ.

6.    Образец за аплицирање 

Субјектите до Владата на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат доставуваат ПРИЈАВА на образец кој е составен дел на овој повик.

7.    Оценување на пристигнатите пријави:

Комисија формирана од Генерален Секретаријат и Министерството за Економија ќе ги разгледува поднесените барања и ќе изготви извештај од евалуација, и пресметка за исплата на усвојување до Владата на Република Северна Македонија. Барањата кои нема да ги содржат потребните податоци согласно овој јавен повик, ќе се сметаат за некомплетни и нема да се разгледуваат.

8.    Начин и рок за аплицирање 

Пријавата се доставува во еден оригинален примерок заверен и потпишан од страна на одговорното лице на субјектот, како и изјава со која подносителот на пријавата прифаќа целосна морална, материјална и кривична одговорност за точноста на податоците наведени во пријавата.

Во прилог на пријавата треба да се достави:

  • Копија од тековна состојба од уписот во регистарот на други правни лица за регистрација на правното лице не постара од шест месеци; (може да се аплицира електронски или директно во Централен регистар);
  • Копија од завршната сметка (биланс на состојба и биланс на успех) за 2020 година и копија од завршна сметка (биланс на состојба и биланс на успех) за 2019 година, освен за туристичките агенции регистрирани во 2019 и 2020 година кои пријавата може да ја поднесат без приложена завршна сметка.
  • Потврда од Управата за јавни приходи за платени јавни давачки за 2020 година согласно закон (може да се преземе електронски или директно во Управата за јавни приходи);
  • Листинг на вработени – преглед на пријави/одјави во задолжително социјално осигурување за деловен субјект (барањето може да се преземе во Агенцијата за вработување или електронски преку порталот на АВРСМ);
  • Лиценца за работа (документ издаден од Министерство за економија).

Пријавата се доставува во затворен плик преку пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат, бул. „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје или преку предавање во архивата на Владата секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

На предната страна на пликот во горниот лев агол да пишува „НЕ ОТВОРАЈ”, а под тоа „ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ТУРИСТИЧКИ АГЕНЦИИ”