balloon-395598_960_720

ПРОЦЕНТ НА ПОРАСТ НА ЦЕНИТЕ НА МАЛО ЗА ОКТОМВРИ 2023 (МДБ)

Процентот на кумулативниот пораст на цените на мало за зголемување на аконтацијата на данокот на добивка за месец ОКТОМВРИ 2023 година е ПОЗИТИВЕН и изнесува 6,7%, што значи дека даночната основа за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец ОКТОМВРИ 2023 година изнесува една дванаестина од утврдениот данок во даночниот биланс за 2022 (АОП 56 од ДБ за 2022 ПОДЕЛЕНО СО 12) зголемена за 6,7%.

Рокот за плаќање на аконтацијата на данокот на добивка за месец ОКТОМВРИ 2023 година е најдоцна до 15 НОЕМВРИ 2023 година.

Напомена: Во однос на аконтациите за данокот на личен доход на вршителите на самостојна дејност рокот за плаќање за месец ОКТОМВРИ е исто така до 15 НОЕМВРИ 2023 година, но налозите за плаќање се генерираат од УЈП и може да се најдат во системот на е-ПДД во делот аконтативна пресметка – преглед.